1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Луѓе каква драма ми направи на сред ручек, нече мама. И ми бара цртани. Нема цртани додека не ручаш. Супа руча. Добро ајде супа варев, за на крај гравот да го изеде предходно што не го сакаше. Останав на пола јадена. Нервата ми ја крена само така. Па да фатиш да го здробиш работава :rofl:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.951
    Допаѓања:
    106.151
    Пол:
    Женски
    Не можеш ништо да направиш, не се потресувај. Може да е само тахикардична да знаеш. Давај вода повеќе.
     
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Сега станувам свесна по една недела дека детето не ми цица повеќе. Не осетив многу да ми фали, зошто ми е залепен повеќе од никогаш. Дали се должи на тоа што му фали цицањето како блискост со мене, па ми е како фластер. Со гради немам ич мака, ама кога стиснувам излегуваат капки млеко. Знам дека е индивидуално. И кај секоја различно опаѓа пролактинот во организмот. Ама кога ви сопре скроз течењето млеко?
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    24.085
    Пол:
    Женски
    Скроз никогаш :D ако се стегнев силно и после 4 год имаше млеко, исто и кај другарки што доеја. Ама апла ако стегниш иначе не.

    Демек оздрави моево, ама уште кашла и ќе си кашла изгледа, од утре пак в градинка. Ајмо Јово на ново :^)
    Иначе е многу лош, многу бељи прави, многу се лути, тантруми неколку денот :wasntme: лудило
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Вака не ми тече. Баш не видов мака. А и тој спонтано се одби. Во цела недела што не цица само на 5 тиот ден побара и му реков нема млеко и не направи драми.
    А за тантруми веќе отрпнав. Секој ден плаче и се фрла за нешто. И само ќе му речам ако појако удри се и плачи до утре. Нема тоа што си наумил и крај.
    Ибаку денот денес...
    Тротинетот ајде да го возиш, тој со имбусот оди во рака, ќе го растура. Што ти е тоа давиде, бимбус мама :rofl:
    Морав бимбусот :lol: да го успијам на тротинет за да и тој оди да спие (facepalm)
    Од сабајле повеќе од пола саат си играше со зрна кафе, новата играчка тато што му ја даде. Давиде што ти е тата. Другар :$:inlove:
    Опасни се како знаат да се пикаат под кожа.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    4.970
    Денес случајно приметив дека претпоставувам тројката му е излезена, ама е скроз горе над двојката. Ептен е горе високо, мора да се крене усната за да се види. Ок е ова, ќе се намести со време?? Ме збуна малце.
    Мислам @Annath дека беше стоматолог?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.735
    Допаѓања:
    202.512
    Пол:
    Женски
    Четворките излезени се?
    Ретко е кај млечни заби да излезат толку високо, ама не е страшно. Ако е само врвот, може и да се намести, но не е лошо да посетите стоматолог да ви даде насоки за понатаму.
     
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    4.970
    Излезени се 4ки или 5ки, не можам баш да проценам. Поголем дел е излезен, не е само врвот.
    Имам закажно посета ама е средина на мај, дотогаш ептен ќе ме копка.
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.908
    Допаѓања:
    25.264
    Пол:
    Женски
    После 6-7 месеци ми сопре. Немав проблем никогаш, да ги осеќам тешки или нешто али ако се стиснев имаше капки. Остамав бремена со второто и запре, дали нешо тогаш хормонски се поремени, па тоа беше крајно не знам ама ете толкав период помина.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Скоро 8 месеци без доење, уште ги осеќам полни но не ме болат..
     
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Јас не ги осеќам полни, имав стрес голем скоро и млекото многу ми намали. Тоа придонесе и така спонтано да се одбие без плачки, јас мислам. Баш ми се меки, ама кога стиснувам гледам дека има млеко,малку ама го има :lol:
    Како и да е битно немам маќи да морам да се измолзувам за да си олеснам.
    На сите им посакувам ваков начин на одбивање. Уште спиењето ноќе да ни се среди ќе се преродам (fingers)
    Фала ви на споделеното искуство