Ова не е за занемарување. Ќе збориш со стоматолог, ама вака не треба да биде. 99% од прашањата што ги имаат мајките се џабе паничење, ама ова не е таква ситуација. Не дека е којзнае што страшно да никне забот криво, да не ти создавам стравови, ама речиси сите искривувања на забите најлесно де решаваат што порано се почне.
Фала ти. Што е процедурата? Што доколку не се среди? Се ми оди умот дека тука ќе ме искулираат, као нормално е. Имав рутински преглед закажано за средина на мај, сабајлево се јавив да презакажам за побрзо заради ова, па 10 мин се објаснував со сестрата зошто сакам побрз термин, на крај мислам и се здосади да се кара со мене па ми даде термин за петок. Иначе ме убедуваше дека е ок. Леле сеа уште толку се уплашив, он во принцип ич нејќе да му чепкаш низ уста, не знам ни петок прегледот како ќе помине, едвај и мене ме остава да видам.
По телефон и јас би ти рекла дека се е во ред. 99 од 100 пати кога некоја мајка ме прашала за нешто за млечни заби, така е нормално ама нејзе и изгледало чудно. Немаме доволно образование на темава и најверојатно очекуваат дека не знаеш и паничиш. Пак ќе речам, не е за паника, ама не е за оставање. Се средува со ортодонтски третман се ако на време се реагира. Мислењево го сведувам на една слика и можеби грешам, ама за мене најголема опасност гледам за коренот на 2ката. Кога никнуваат заби еден врз друг, се разјадува коренот. Како кога паѓа млечен заб зошто никнува траен под него. Дека се млечни не е тоа толку страшно, секако треба да се сменат, ама неправилен редослед во менувањето на забите може да доведе до други посериозни аномалии кај трајните заби. И тоа се средува со протеза, ама ако има начин да се спречи на помала возраст е подобро. Во најмала рака треба да биде следен од ортодонт, дури и да не може или нема потреба да се интервенира сега.
@Lavender13 Има тука стоматолози и стручни што поубаво ќе ти објаснат, јас вака лаички од искуство. Брат ми имаше вакви 3ки и млечни и трајни и доста рано доби фиксни протези и се среди се. Тоа до 20 години дека не се чепка вилица не знам на што алудирале зошто јас имам спротивно искуство. На 13, 14 години ми имаат вадено здрави заби, неколку зошто имам крупни заби а мала вилица и немаше друг начин за да се средат забите (потврдено од повеќе специјалисти, дека било вистинска одлука). И 8ци имам 2 извадено на 17 години. Цело основно носев мобилна протеза. Мислам дека рана превенција посебно на ваков очигледен случај е клучна.
Тука во принцип од што имам слушано многу е тешко да се добие протеза, најголем дел од балканциве што ги знам чии деца носеа фиксни доаѓаа на Балкан за третманот пошо тука не им одобруваа, не знам поради која причина. Затоа ме плаши малце дека ќе се опуштени. @Spidy ти благодарам на објаснувањето, гледам терминот е со специјалист одонтолог, појма неам што е тоа. Ама е србинка, може нема да ме одјебе одма.
Тоа е специјалист по болести на заби. Ќе те препрати кај ортодонт, специјалист за протези, ако смета дека има потреба. Јас би рекла да инсистираш на тоа, или барем панорама ако можат да му направат на детето со која барем по мејл можеш да се консултираш со ортофонт во Мк.
Дали кога ќе го доприш гребе така ко цврсто да е ко забче да чепкаш , ако е така исто и ќерка ми имаше баш на исто место само од другата страна , во Мк не и го чепкаа рекоа као само ќе се повлекло со тек на време. Тука во Германија кога и ги поправаа другите заби ( беше и под анестезија заради нив) и го отстраниа и тоа , немаше никаков пр ни мака после тоа , ко нешто залепено на непцето да и тргнале само точка црвена два три дена имаше , не разбрав точно како го именуваа , но е безопасно како мало делче беше од коренот или коската на забот ( незнам точно како да се изразам и јас ) и беше само надворешно. Во Мк докторката несакаше да а чепка ( не се ни замараше додуша таа ) па малце ќе а болело во моментот , оти со некој инструмент ли незн што требало да го повлече , и остави само да и се среде , ама ние тука одма го решиме и тоа кога и ги поправаа забите.
Баш го чепнав и не е толку испакнато ниту па гребе, сега па повеќе ми оди на тоа дека е некое меко ткиво? Не можам да видам добро, за жива глава не дозволува да му чепкаш низ уста.
Ќе го однесеш сега и ќе видат што е. Ќе си бидеш на чисто и ќе гледаш опции што понатаму. Инаку таму имаат техники како ќе го видат. Дома нас повеќе ни се лигават.
Не е страшно немој да се секираш , штом не е тврдо може и само да се повлече побрзо , или можеби да е и некоја реакција од самиот заб ако е расипан да има процес внатрешно . Мислам и ти си во странство ,многу подруго пристапуваат со забите кај децата не оставаат ни точка , и на терминот ќе го средат добро и да не дозволува тој , тие ќе успеат на некој начин , ама нема да го остават така .
Ај побарај Epstein pearls дали на нешто такво ти личи. Тоа многу често го има кај бебиња, и скроз е безопасно.
Ќе се обидам изутрина да проверам пак. Ама по тоа што читам за ова што ми испрати, би требало од секогаш да го има, т.е да е роден со тоа? Дефинитивно немаше како бебе, ќе го забележев порано.
Кај моето се појави на 5 месечна возраст, на истото место, бело ама помало од вашето. Излезе Epstein pearl дека е и помина само од себе.
Користам да. Син ми ќе полни 2 години во петок и планирам да го дотрошам шишенцето што го имам и повеќе да не давам. Откако е роден до денес давам редовно.
Супер поминавме мама. Се вративме вчера вечерта, уште средуваме импресии. Патувањево не охрабри да се шетаме почесто на подалечни дестинации. Мали уживаше максимално. Среќа температурата одма се симна и двете вечери и утредента си беше екстра спремен за шетање. Ептен јако пешачење удривме, секој ден во просек по 23-4 илјади чекори. Он уживаше, дел одеше, дел во количка, дремка надвор на воздух, излезени од утро до мрак. Времето ептен ни се погоди, права пролет 20+ степени. Е сега се вративме назад во зима, ама тоа е што е. Нас секако ќе ни е забавно деновиве, се спремаме за роденден во петок.
Дефинитивно е некое меко ткиво, не гребе уопште. Ама не е ни испакнато, не знам како да опишам. Да не го гледаш дека е тука, да се водиш само по допир, не се чувствува дека е тука, како да не постои.