Епа најверојатно е цистичка мала таква перла. Мојата ги имаше како бебе, па ги снема. Не ги боли, не ги чеша. Ќе видите на преглед, они имаат начин да ги натераат да отворат уста. Како растат петки? Нешто покажува на образите, па кај ушите ќе се фати. Раце пак во уста надзат пика. Може веќе ќе почнат? Во јули 2 ќе прави. Мислев рано е, тек одморивме од тројките малку.
После 3 дена гладовање, одбивање дури и најомилените нејзини оброци конечно тројка почна да гребе. Во понашање иста беше, само ете одбивање на храна. Стана сабајле и од нигде никаде почна да вика Пиитааа такаам, па доручек беше пица битно детево наполна конечно меше
Има шанси да е некоја циста, мене и на слика ми изгледаше така, ама матно беше па мислев дека не сум видела добро. На моето му се појави баш кај 3ката и доста месеци си стоеше и на крај си се повлече само од себе, а забот си никна нормално. На забар рекоа дека не е ништо и нема простор за грижа. Ако најдам, ќе ти пратам слика да видиш баш какво беше кај моето.
Тргнати се и тие. Првото дете сите 5ки ги извади до 2 и пол. Единствено 5ките една по една ги ваѓаше, другите сите во пар. Ама порано сите ги ваѓаше, 3ки на година и 4 месеци од прилика, ова уште со 3киве се мачи еве 20 месеци ќе прави, значи уште немат пробиено горните, а двете се скроз готови, долните не се уште, тие мислам покасно ќе излезат. Денес пак в градинка после 11 дена, пак плачеше уште кашала ама сиг ќе си кашла сега еден период.
Моето месец дена може и повеќе бута се живо во уста и прстите назад кај долните 5 ки. А нема ниту набабрено, ниту најава од нив. Ама претпоставивам дека го чешаат непцата. Само уште 4 ритен 5 не ни се излезени, а бута раце како новороденче.
Не знам како растат, уште они му фалат на син ми. Ама не е невозжожно сега да ѝ никнат, не е воопшто рано. Знам многу деца што пред да наполнат две години ги имаа сите 20 заби.
ние ги имавме. И да ви кажам дека после тоа децата се поинакви, не се толку иритабилни и поубаво спијат, преспиваат цела ноќ. И помалку се разболуваат.
Марио ги имаше сите заби пред роденденот, за вториот мислам, мака со заби не видовме многу многу, ама додека искачаа без Осанит не се оставив.
Кај ќерка не се сите 5ки излезени, а ги вади со мака. Веќе пишав на еден пост од @Bella_Stella дека ќе славиме кога ќе излезат сите. Друго за кај поголемите сме ама секако тука пишав кога се одредува дали се левучари? Ќерка до пред 3 дена, пишуваше повеќе чкрта де,од што пишува со десна рака. Сега овие денови пишува со лева. Немаме левак во блиска фамилија и не дека нешто ми е проблем или ми пречи, чисто како информација само прашувам.
Па од мали се приметува. Сега не на година може ама мало сепак. Не само по пишувањето, се приметува дека подоминантно им е тоа раче, пример кога му подаваш играчки со која ја зема, кога грцка ужинка која рака ја користи ... Не и спомнувај ништо ти, само прати ја повеќе и ќе приметиш мислам.
Мислам дека беше до 3 год подеднакво користење на 2те раце, после 3 год ќе се знае дали ќе биди десничар или левичар. Еве и моево исто ги користи и лева и десна, некогаш поќе лева друг пат десна, првото дете исто така беше па сега е десничар.
Со спиење немаме мака, само што го одбив на третиот ден почна да преспива цела ноќ. Ама за разболување богами сме редовни. Дај Боже да се смени кога ќе ги извади, ама не се ни на повидок, мислам дека ќе си почекаме. Ооо ни осанит, ни сите можни гелови не го спасуваат. Пре пре премачно вади заби. Обавезно се разболува на секој еден изваден заб до сега. Да ти се смачи. И јас се замислив еден период. Почна да јаде повеќе со лево раче, ама после почна и десното паралелно да го користи. Сега го немам заприметено, баш ќе го набљудувам. Баба ми била левучар, почината е пред да се родам. А друг во поблиска фамилија немаме.
@Bella_Stella се изнавртив слики од градинка кај што бојат или работат нешто, на сите слики бои/работи со десна рака. Е овие 3 дена е "комплетно лева". Преѓе и со лева држеше лажичка за јадење. Боеше со лева. Ама како сака нека биде, ништо значајно тоа.
Ууу дај боже да биде до забите. Ние немаме мака при нивно излегување. Ама спиењето ноќе ни е со премногу будење. Најмалку 3 пати се буди. Бара да го шетам во последниот месец дена. Мислев дека со прекин на доењето ќе се регулира малку од малку, ама нешто интуитивно ми велеше дека нема да се среди, и не се средива, а еве цеќе 10 дена како не цица. Ниту спомнува. А тој пак си се буди како порано. Јас повеќе немам сила, преморена сум луѓе од што немам сврзно 3 саати сон, па не паметам од кога. И јас како бела и мис с ќе славам во кафана кога ќе преспива ноќ. Тие за излезени заби, а јас за преспиена ноќ
Кај нас во фамилија имаме тројца леваци, ќерка ми кога беше помала се почна со лева да прави со десната скоро ништо не работеше, па после некое време почна и со десна,па наизменично и сега скоро се со десна прави, веќе не ја ни гледам со која работи ама мислам дека мојата нема да е левичарка.
И јас го шетав пред две години, не сакаше да спие, во раце ми спиеше. Исто бевме, шетање во раце, болни со температура и двајцата. Некогаш не знаев на кој во колку часот сум дала сируп. Во март лани со двете деца во болница. Се ми изгледаше претешко и дека нема крај. Сега е полесно, здрави се, спијат по цела ноќ, дење преспиваат за викенд и јас со нив. Добив енергија, се поправив малку и почнав да личам на човек, а не на зомби. Уште малку имате да издржите од тој лош период, тантруми, цимолења, неспиење, болести. После тоа ќе биде се полесно. Ќе почнат и повеќе да зборуваат, ќе тргнете пелени и потоа ќе посакате да имате повторно бебе кое само ќе бара да биде блиску до вас, а не мал дрдорко.
Извини вака, може ќе звучам како не мајка ама овој период од неговото растење нема да ми фали, само поради честите будења,тантруми. Многу е интересен и многу учи и изненадува со некој постапки на позитивно, тоа сигурно ќе ми фали . Ама бељите и глупостите неее