Страв ми е да кажам, ама ќе кажам, се смири дете многу последниов месец, друго дете имам. Со муабет се разбираме дури, со Мами ај да се договориме да напраиме ова! и одма иде, ни а ни б.
За колкаво дете станува збор извини? Моево е 20 месеци и прави се со двете раце. Искрено не би го ни форсирала со едната или со другата зошто во моментот најбитно ми е да научи правилно да го прави тоа што го прави, на пример јадење со прибор и сл. Не можеш да знаеш што им е во мозокот и во моториката и мислам дека баш е подобро ако сами сфатат со која рака можат подобро, а не ние да форсираме..
И ние имаме некој мирен период. Откако му излезе едната 5ка се смири ептен, си има моменти ама со муабет се разбираме. Затишје пред бура јас си мислам дека е, уште 3 петки има за вадење
Не стигнав да ве прочитам ама да се убацам со прашање, особено за тие што имате и поголеми дечиња. Од која возраст од прилика е соодветно да се носат на поточиња и слични настани? Другарка ќе го носела на нецели 2 години, мене ми е тотален нонсенс на прв поглед, ама па ме копка сеа дека мојава е пресреќна меѓу деца и музика, може и не е така бесмислено и ќе се радува?
Зависи од детето. На моиве и на двете 2 саати ќе им здосади. Да е театар големава седи ама песнички не.. малово исто има неполни две ама не можам да ја замислам да гледа. Ќе поигра можеби малу и ќе трне по скали да се качува, а мене ќе ми зоврие главата. Ич да не те копкат, има време.
Моево го носам некаде од 2 ипол години на претстави, мјузикли, кино, дино шоуа, ама искрено мене ми е поинтересно од него Лани бевме на една претстава, цела ја помина седнат на земја, свртен со грб накај бината, играјќи си пожарникар со ногарката од столчето Како и да е, го сметам за квалитетно време поминато заедно, па затоа одиме, а реално и сега на 4 години не гледам кај него некој посебен интерес, можеби дури накај 5-6 би покажал.
Зависи од детето. Моето е скоро 3, па ни на крај памет не би го носела... Нема шанса да доседи. За нова година имаше претстава и незнам што ме натера да се излажам, како влеговме по 5 мин излеговме. Таков си е место не го фаќа.
Се зависи од детето. Моето сите животни ги знае и кажува кое како вика. И мислев носењето во зоолошка само додатно ќе го воодушеви. Ама беше тотален промашај, беше рамнодушен и на крај се наплаши од коза
Според мене не мислам дека местото им е на толку мали деца во театар и кино, супер што заедно поминувате време ама никој не сака да му смета детето додека платило карта за да гледа со неговото поголемо дете кое е заинтересирано стварно за представата. Вашето можеби било мирно али сум била во ситуација кај што дете буквално го реметеше мирот и уживањето на другите. Пак ќе кажам, има време за се. Еве мојава е 5г и оди на театар и кино, послено бевме договорени со уште две нејзини другарки и наместо ред, тоа беше ужас. Почнаа да се смеат да зборат и како свесна за тоа дека не можи такво однесување си отидовме дома на сред филм.
Тоа е до детето. Моето отсекогаш седело мирно или си играло мирно, ако не го интересирало баш да гледа, никогаш не реметело ничиј мир и секогаш имало и помали деца од него на се што сме оделе до сега и немам приметено некои екстремно немирни деца што сметале на другите.
Зависи од детето. Ќерката на 2ипол првпат ја однесов на претстава, на 3 год на фестивал. На двете бевме во друштво со други деца на иста возраст, неколку месеца разлика меѓу ќерка ми и нив, и ќерка ми следеше, тие што беа со нас дали 30% од времето воопшто гледаа што се случува. И сум била на претстава каде 7 годишно дете правеше неред цело време, организиран роденден со 20тина деца од еден клас, само тоа едно беше проблематично. До детето е, не до возраста. И мислам дека родителот треба да биде реален кога првпат го носи на која возраст и да е дека ако не го интересира подобро е да го напушти настанот отколку да смета на сите останати.
Моето на Поточиња на нецели година ипол го однесов и беше воодушевен. И аплауз им даваше и браво викаше и се радуваше и играше. Тогаш дека прв пат го носев на таков настан, за секој случај купив карта најблиску до врата, ако не сака да седи да можам да излезам одма без да вознемирувам други. Ама дете уживаше. Последни ја напуштивме салата. Не можам да ти опишам која радост беше кога ја слушна химната на Поточиња. Цела недела потоа на сите кажуваше каде бил. На Златно славејче на штотоку наполнети две годинки беше и тоа на двата датуми. Исто супер си поминавме. Во Cineplexx на театарските претстави што беа пред Нова година, на сите беше, ги изгледа од почеток до крај без да мрдне од столче. Недела кога сме во Скопје го носам на претставите во Public room, обожава да оди. Претставите ги бирам да се 3+ и да траат околу 30-40 мин и ги следи без проблем. Сега викендов пак ќе идеме на Поточиња и сабота и недела и знае дека ќе одиме и секој ден прашува дали е сабота за да одиме на Поточиња. 2 години и 5 месеци има инаку. Нема врска возраста, до детето е. Мојот и по кафани и кафичи си седи, на родендени 20 мислам бил до сега, никаков проблем немало, ултра примерен е.
Majki bebe sabajlevo koga stana imase kako krv vo ligata epten malku i na krevetceto kako tocka krv vaka go vidov ne gledam od negde da tece , dali moze da se griznal vo spienje ili od zabce nesto
Со првото дете секаде одевме, кафани, кафичи, в кола седеше по 6 сати в седиште, на претстави, театри не бидејќи тоа му беше фобија, никако не сакаше ни песни ни ништо, ама мирен секаде седеше, в количка си седеше, затоа второво ми наплати и за него ни количка, ни кола, ни кафана, ни кафич, никаде не ни се оди со него, нз ни за одмор што ќе правиме, мм вели не ми се оди надвор од државава знам што ќе биди, ќе се премориме, ќе се искараме и се ќе биди само одмор не, лани на 1 година одвај 4 дена издржавме Охрид, нз како ќе го додржам в кола, не седи в седиште, станува, и до Охрид дали ќе издржи саат и пол возење а големиот па сака, се радува тој и нз стварно што ќе биди. @OneMiss можи се има чукнато, удрено.
Најдобро процени си сама. Јас го носев на 12 месеци во Филхармонија и супер си помина Сака музика, а на претстави уште нема одено, мислам дека нема толку да му е привлечно.
На 2.5 години го носев на проценка и тогаш ми го кажаа тоа, јас и сега не го предупредувам а знае да јади и со лева и со десна. Но ми кажаа дека почесто ако работи со десна да ја форсираме таа рака или обратно.