Денес мојот свет полни 2 години. Цели 2 години, а како вчера да се молев за него, како вчера да го родив… Животот е дефинитивно многу поубав сега, сѐ има повеќе смисла во овие две години. Уживам да гледам како расте и го осознава светот. Смешко мој мал. Повелете на торта тетки.
Мислам дека зависи од детето, моево имаше обид за два вакви настани и беа неуспешни, многу му беше стимулативно, плачеше од сам старт и видно беше потресен. Исто се деси на два први родендени каде што имаше многу народ и гласна музика. А одиме и во кафани и кафичи, во кафуч е пораснат, ама не со гласна музика. И он многу сака музика, ептен, ги имаме сите музички инструменти и тоа му е омилена активност, и се гледа уште сеа дека има ритам и сенс за инстумени, ама ако појачаме силно звучник почнува да плаче и се плаши сеуште. За доседување мирен да не зборам, на претстава мислам дека нема шанса да издржи оти е ептен љубопитен како и повеќето деца и нема да седи во место туку ќе трчам како бесна по него. А иам деца од другарки што немаат гајле, така да би рекла да го следиш. За преспивање ноќ, моето откако излегоа сите заби што треба да ги има до оваа возраст е супер со преспивање, ама со заспивање уште иаме голема мака. Ете денес пак не сакаше да дремне рано, а буден од 8, кај моите заспал така ненадејно попладне и до 12 не сакаше да спие…дремката на пладне кога ја има кога не, кога ја нема ќе заспие, ама ако дремне макар и пола саат, знам дека ќе има борби… Ако иам уште едно вакво дете со вакво спиење, ќе скренам. За користење раце, моето сеуште користи две, најизменично, за некои активности користи само десна, за некои само лева, тоа сум го приметила. Ама јас и брат ми ги користиме и двете, можеме да пишуваме и со двете и сликаме со двете, ама јас преферирам десна, брат ми лева. Никогаш не не форсирале нашите која да ја користиме. Јас пример ако се заморам да сликам со десна, ќе сменам рака. И мене не ми значи која ќе ја користи. @Bella_Stella Да ви биде жив и здрав дечкото и уште многу, многу години да ви ги обојува светот. Како вчера да беше кога пишувавме на темата за трудници и да броевме денови тој Април, како летна времето дури ме плаши.
Девојчето на мама е година ипол погодува зборови разбира за нејзината возраст учи брзо. Ама не оди освен за рака имаше неколку дена се качуваше по кревети сега не пошо и кажав на крајот да не се качува бидејќи ќе се утепа и сега не се качува само се симнува сама. Инаку почна со лазење на 1 и еден месец и сеуште лази и сои потпрена на маса или покрај маса иде во движење. Јас се мислам дека се има страв
Мајки, син ми 21м, сака да си пие млекце пред спиење сеуште. Користевме адаптирано на Бејбилав, но како што гледам ќе го нема некое време кај нас. Ве молам предложете некоја замена, соодветно на неговата возраст. Кога беше помал имаме пробано Аптамил и Новалак, но не му одговараа.
Има неколку пара патики, ама сакам да му земам нови оти веќе сите како да му стануваат мали, за пролет/лето, какви препорачувате? Јас најк рунер гледав некои ми фатија око, од кои сте задоволни?
https://www.sportvision.mk/mk/obuvki/8673032-nike-flex-runner-3 https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=05&Grupa=01&PodGrupa=503&MarketingStatus=003
Nike star runner 3 Nike revolution 6 Nike downshifter 12 - еден пар имаше Nike flex runner - син ми ги обожаваше ама се скинаа по два месеци и 1 перење. Горенаведениве се перени по 10+ пати без мака. И tanjun ако налеташ случајно. Детево израсна во најк и нема подобри. Најк да ми плати провизија!!!