И кај нас се нека поседи, 2-3 дена дома, да се залечи. Едно лечење што бидува од 2 дена, тоа невидено. Имам инаку пишувано дека ги враќаат кај нас и со растечен нос и кашлање, да не се повторувам. За брис со бактерија, сигурно не би ја примиле ако го покажам тоа, уште и ќе ми речат до следен негативен да седи дома. Еднаш со направила само брис, испадна позитивен за бактерија. Бидејќи настанаа и други компликации, пиеше атб, после тоа се врати во градинка.
Утре можам да не ја носам, задутре нема со кој, мора да оди. А еден ден што ќе промени, ништо. Стварно комплекс ми се створи сеа со носов, а цела зима ја примаат таква, значи од кога тргна таа е со таков нос.
Откако прекина да цица никакво млеко. Што ќе му е? Па јакото млеко да се разреди. Алпско штом прави запек значи има мака од млекото, тоа најмногу личи на млеко па по тоа можеш да видиш реално. Не му треба млеко на толкаво дете, јаде се, што ќе му е.
Па сака да пие, и јогурт сака а реално од млеко порасна и уште ќе растет. 17 месеци до две години планирам да пие а потоа ако не сака не мора. Ако сака уште ќе и давам.
Исто би ти рекла сега да намалиш, првото воопшто не пие млеко, од ко го одбив од 14 месеци, еве 6 год.. Нема потреба, нека си јади др млечни производи. Нз колку треба, ама поќе од 200мл не би дала... Малово од ко го одбив еве има 3 недели не му понудив млеко, в градинка му даваат и почнал да пие ама ми рекоја малку пиел и само 100мл му турале и толку не пиел, дека ги гледа другите деца па и тој пиел, е сега јас дома не нудам, ама се случува да побара последнава недела, му турам по 50мл ко ќе побара ладно од фрижидер, значи тоа еднаш на 2 3 дена е, не сакам ич да пие дури ни толку. Еве исто сме, ќе оди утре в градинка, мрсули течат неѓат запрено, де густи, де течни, секакви менуват.
Како мислиш од млеко порасна? Син ми цицаше до скоро 2 години, откако го одбив не понудив млеко, не ни гледам зошто. Според мене млекото може само да направи проблем, а бенефитите од него прашање е дали ги има. Децата си сакаат тоа на што ние ќе ги научиме. Ете го внук ми скоро три години има, до 2 и нешто пиеше адаптирано млеко, па го префрлија на кравјо. До ден денес е проблематичен со јадење, кога станува бара млеко и после нејќе да доручкува со саати. Се полни волуменски желудникот со нешто што нема никаква нутритивна вредност. Ако мислиш дека нашите деца што ни еден ден не пиеле кравјо млеко не растат, грешка си.
Еве го и син ми како одвртена чешма е. Мрсули, лиги, на сите страни. Поткашлува суво од што му се слева секрет од носе во грло. Плус има зачестена столица, не е дијареа ама кака почесто од вообичаено и му се вцрвенува газето, а одма го менувам. Му расте последната тројка и од тоа е маката. За момент помислив да го чувам утре дома, ама што ќе смени еден ден, а повеќе не можам. Жал ми беше дека поткашлува дур спие па јас го презаспивам и демек како ќе е дремката во градинка. Ама ете го денес ни сама не успеав да го презаспијам, спиеше еден саат и се разбуди од што е затнат. Иначе цел ден е весел, си игра, така да најверојатно ќе си оди во градинка утре.
Кашла 2 недели, минатата недела цела одеше в градинка, еве и викенд не прекашла, мрсули не запреа, јади, пие, спие, бевме и на доктор ок е вика. 3ките уште не се пробиени, шо ќе беше ова, скроз се готови никако да пробијат. Пауза направивме од октомври до март, само што почна в градинка на 14 месеци многу се поболи, па в болница лежевме и заради пнеумонијата решивме пауза, се намачивме за чување дома, па сега како почна поќе е болен од здрав, затоа сега нема паузи, само кога е со тт е дома, 1 недела макс поќе не, оти секоја пауза ако е поголема му заспива имунитетот и после како наново да почнува му е и поќе се разболуваат. Еве внук 6 год е, 4 месеци пауза имаше само што почна по 3 дена болен со тт. Иначе му кажав в градинка, бевме на доктор нема ништо, само си има мрсули и кашла од нив ништо не рекоа, сите се исти.
Тука да сликам какви одат во градинка, никој нема да ме верува. На оставање буквално, едно девојче од поголемата група дојде раскашлано ама убаво, така со шлајм. Мрсули течат зелени, неизбришани. Хорор. И оди право кај воспитувачката да се гушне за здраво. Се додека нема температура уживај, не може зборот на воспитувачката да е поголем од тој на докторот.
Ако ти кажам дека од почеток на јануари се почнати кај моево, а еве го средина на Април е. Сега скоро пробија 3, останата е уште една горе, се гледа ама уште нема почнато да боцка. После ќе има ваљда мала пауза, па ќе тргнат и петките. Јас не се заебавам кога викам дека ќе славам во кафана кога ќе ги извади сите заби. Кога ќе ми каже некоја другарка дека не знае колку заби и има детето и дека не го ни осеќа кога ги вади, љубоморна сум жими се.
И јас ќе славам далеку си ми за да одиме в кафана да славиме Ко ќе ги извадат забите ќе почниме со пелени одвикнување, после друго
Не знам колку треба да пие , ама пие за заспивање 180 мл ( разредено со вода ) ете така е научен да заспива , не сум се решила се уште да ја тргнам таа навика ама планирам . Во градинка не им даваат млеко , а дома освен за заспивање не ни давам преку ден .
Најјако е што немаме појма дали имаат бактерија некаква или не нели? Хахах брис на нос човече... то за една крвна слика одобрение од доктори мори ако нема висока тт, не па брис. Еве ја 2 недели кашла со шлајм и има мрсулчиња, извади и сипаници. За шлајм ми рече ништо не и е ќе и помине, чим нема застој во дишење. Чекам да и помине уше де ама хаха тоа е. @misli_si еве без млеко сум порасната, машала жена то старинското млекото здраво и манџите, а внатре со запршки, преварено све не не.
Не беше зборот за кравјо, туку колку млеко треба дневно, без разлика дали е тоа сирење урда мајчино млеко, адаптирано... како и да е ќе прашам утре педијатарот. Фала ви на сите за одговорите