Млеко конкретно ич. Една чаша јогурт, парче сирење, кисело млеко, било што млечно еднаш на ден, сосема доволно е. Ако одбива други млечни производи, тогаш еднаш на ден млеко. И тоа би било пак една чаша, а не пола литро.
Јас сум цицала до 7м и толку, до ден денешен млеко само со плазма или со кафе, друго јок. Машала 85 кила сум, баш машала, непорасната ич. Не сфаќам па ич зошто го мешате со вода, едно млеко што е. Моево како е почнато со градинка мрсули не се сопрени, исто и да кашла. Едина пауза кога беше дома 3 недели после пневмонија и кога одиме на одмор. Толку.
Preporaka za sise so slamka no da ne treba mnogu napor kako na teins sisinata. On od obicna slamka pie bez problem, no od twins stvarno e tesko, probav i jas.
Што правите за затнат нос навечер освен лепенки? Чистам пред спиење и тоа трае кратко, после до сабајле е борба со неспиење. Ставам и некогаш септаназал кога е неиздржливо. Што правите, ги будите за да ги исчистите или така ги оставате? Кромид помага?
Кромид. Ме буди да чистиш, ќе се расплаче уште толку ќе се затне. Капки и кромид. Тоа е тоа. Дете качи темп и не симнува. Откако и дадов ибупрофен се расположи, престана да ја боли, ама 38.5 стои. Веќе саат ипол не симнува. Добро симна 0.7 ори 39.2 беше. И така, понеделнички. Шо да и правам среде ноќ значи. Ја заспав едвај сега и накај 4 да ставам парацетамол. Јас не сум спиена не знам колку време. А и ноќеска нема. Само да оздрави аман веќе. Од ноември навака нон стоп е болно.
Диво оригано спреј може да прскаш. Јас кога ќе заплаче прскам па пак кога ќе заплаче и така тераме.По неколку прскања се смирува.
Јас чистам нос. Ич не го ни вадам од креветче, тука го прскам и аспирирам и обично одма презаспива кога може да дише. Сум го носела и во вц да му го исперам носот, без да пуштам светло. Ако е само затнат без мрсули, нема што да се прави. Пуштав навлажнувач, ама додека не помине, генерално потешко спие.
Sekoj si znae za svoeto dete, fala bogu dovolno sum educirana i citana pa znam dali ima ili nema benefit. Jas taka odluciv za svoeto dete. Aj da ne jadese nemase da dadam ama stotuku izede za dorucek 2 parcinja leb so jajca a satot e 8:30.
Како бе? Абе изгоре од температура ноќеска, ни влажна крпа не дава на чело да ставам. Не смеам да ја пипнам. Не можам ни шируп да и дадам без да разбуди цела зграда. Такво едно плачливо дете имам од бебе. Еј жими ко гледам бебиња надвор, што само си седат во кенгур или количка, си гледаат и си ќутат, желба имам едно такво мирно да родам. Ова што јас го имам е ураган. Ураган! Уште од стомак само се буни нешто и клоца и еве и сега. Секунда не се застанува.
Уште поголема причина зошто не му треба млеко ноќе, или кравјо млеко воопшто. Во желудникот се лачат ензими кои разградуваат млеко кога се раѓаме кои релативно брзо се губат. Не дека скроз исчезнуваат, но се намалуваат значително. Тоа е причината зошто повеќето возрасни одат во вц после пиење млеко. Не се обработува како што треба. Не дека нема возрасни што пијат млеко, маж ми пие речиси секој ден, ама 99% од луѓето немаат способност правилно да сварат кравјо млеко. Затоа и за бебиња е подобро да внесуваат преработени млечни производи отколку млеко. И дополнително на тоа, желудникот треба да има период да одмара, а не цел ден и цела ноќ да вари храна. Да не спомнам за забите што нон стоп се со храна, значи темпирана бомба е кога ќе се расипат. Ако си решила да даваш млеко ноќе, давај си, ниедна од нас нема да дојде дома да те застане. Ама ти го кажуваме ова зошто на денешно време еве овие информации се достапни, ги споделуваме за да сите мајки можат да направат подобар избор за своето дете.
Па ваљда дека им прават така на децата од кога се родени, па навикнати се. Првото ми беше бајче, со речиси ништо сум немала проблем. Второво баш така е, ураган. Ама пак исто сум пристапила, вакви работи за здравје не оставам простор за компромис. Како знам и умеам ќе го исчистам. Сега веќе си седи. Не сака да го аспирирам, ама трпи. Му ги држам рацете да не ми мафта, и кенка, ама 5 сек се, издржува.
Мајки, упатете ме ако има различна тема за прашање од ваков пост. Како се носите со анксиозност дека на детето ќе му се случи нешто страшно? Зборувам за релативно здраво дете од 16 месеци, до сега два пати имала посериозен вирус со температура и траел по 5-6 дена, другото се било во ред: ортопедски прегледи, крвна слика, психомоторолошки развој.. Последниов вирус, пред две недели и направи потечена лимфна жлезда на вратот, позади увото. Се консултирав со педијатар, можело да постои долго време додека е мала, и не е загрижувачки, нормален одговор на имунитетот е. Ама овие две недели за мене се пекол. Буквално. Спирала у паметов што иде до најкрајни ситуации, сама дијагностицирам луди прогнози, гуглам, читам ствари. Свесна станувам дека јас сум за на психијатар. Само ја следам за некакви симптоми, еве денес почнав да умислувам дека има подочњаци. Па гледам стари слики само да се уверам дека од секогаш и се поизразени вените под око, не е ова ново од денес. Па вржувам теории дека тоа што од секогаш слабо качува килажа и е нејадач е уствари некој проблем што не сум го приметила до сега. Просто кажано полудев. Размислувам за систематскиот преглед за деца во Систина. Еве ја и се приспа порано од нормалното, и јас во тоа гледам симптом. Маж ми сака да ме утеши иако вели дека смета дека ништо не се дешава со детево, дека е нормална, дека е весела и све е супер. Ама ако мислам дека систематскиов ќе ме смири мене, да го закажам. А јас пак не сакам да и правам стресови зошто мајка и не е добра у паметот. Плус ми се собраа болести на стариве дома, па мислам дека проектирам и од тоа. Плус за претходниот вирус сите ме убедуваа дека не и е ништо, и растеле заби ама мене интуицијата ми велеше дека е нешто друго па ја однесов на преглед и стварно испадна нешто друго. И сега пак викам демек мене интуицијава пак ми збори, ама па од друга страна мислам дека се филмам и заради тоа искуство сеа секоја мисла ја препишувам на некоја интуиција. Се извинувам на долгиот пост, секој совет е добредојден, а и слободно насочете ме ако постов е за друга тема, Барав ама не најдов.
Систематски можеш да направиш ако веќе толку ти е на мисла ама како што кажа и сама, најдобро е со психолог, не со психијатар да разговараш. Нити тебе ти се јаде секој ден исто, нити си секој ден исто расположена нити исто одморена, така и децата. Еве моево е следен месец 2г, 9,800кг е, скроз здраво дете. Имаат подочњаци и двете оти се бледи мада големата имаше крајници големи ( над 2 и пол г кога беше) ги извадивме и крена на кг и и се повчекоја малце подочњаците, пак ќе кажам бела е и се и се познава. Чим имаш весело дете, не гледам причина да си создаваш стрес. И ќе се разболи и ќе се удри се е тоа дел од детството. За да го сватиш тоа и да го свариш поврзо, почни со разговор.
И јас дојдов за ова да прашам. Пред спиење чистиме нос, а ако во тек на ноќта се разбуди пак прскам спреј и аспирирам, до сега одма презаспива. Знам дека е малце стресно дете во полусон да го ‘малтретираш’ ама никако поразлично не може. Исто и насецкан кромид над глава обавезно. Сабајлево приметив дека е затнат до степен да не може да ги доизвлечам мрсулите. Извдив нешто, ама не сѐ. Прскам марисимо и диво оригано. Препорачајте нешто што прскате пред аспирирање и ви се покажало како поефективно.
Ви благодарам на сите одговори мајки. Ајде баш ќе пробам со кромид ноќва и дивп оригано, не сме пробале донсега тоа. На сред ноќ кога чистам нос она плаче бидејќи е во полусон ама кога е затната ништо не излегува... Само сме се измалтретирале и двете и толку. Лежам до неа и само ја слушам како тешко дише, се префрла од нос на уста па цуцлата смета па плачки и така во круг. Знам дека не е страшно ама кога е ноќ за ноќ ептен уморува, а со градинка очекувам дека ќе трае во следни години ваквата шема.
Во најочајни денови, особено кога е акутно болна со температура прскам и септаназал, ама тоа се прска кратко, максимум 5 дена по 3 пати на ден, и ако не се одзатне во тој период после пак остануваме на обично спрејче што не помага баш. Септаназал е сличен состав со оперил ако не се лажам, нека ме поправи некој. Гледам максимално да не го користам, само во најтешките денови и тоа само ноќе.