@LadyInPainting можеш и експулмо да мачкаш на гради пред да заспие, а после и на нос ако ништо не помага друго.
Прскам и јас во исклучителни ситуации како синоќа. Сто пати се разбуди, на крај го аспирирав носето, прснав септаназал и продолжи мирно да спие до сабајле. Мислев на нешто што би можело да се користи без ограничувања, а помага за да се одзатнат.
Фала мама, еве почастете се торта, јас ја украсував Многу убав роденден прославивме да ви кажам, ептен исполнет и среќен ден беше, сонце, скара, музика, храна, ептен беше ќефен дечкото иако само фамилија бевме, со братучетка му се изнаиграа.
Молам за совет-2 г. точно, пред месец дена фрливме конечно цуцла.И пред цуцлата пиеше две шишиња по 150 мл. навечер.Откако ја фрливме пие по 1 л млеко навечер-нонстоп е утоп, ни ако не дадам зајдува до аканње до се.и особено ама особено по мене плачи несака никаде-чај сок замена не сака......на работ сум
Па вода нека пие, ни моето не сака многу сок, чај па ич. Литар течност на вечер е преногу, посебно млеко.
Јас земав Оперил за деца , од два пати ставање се одзатна целиот , мрсули излегоа мислиш собирани една година .
да какво да земам? незнам стварно второ дете ми е како од Марс падната ништо од ова немав со првото се е различно.
Види некое или со цевче, клинче. Нека пише некоја мама препорака. Ние го имаме ова и сум задоволна баш од него. Од дм го купив. Ама тоа ви е маката, си бара цуцла и затоа толку пие течности само ради цуцлата.
Од Амазон е, Mepal се вика фирмата може има и на други места. Од истата фирма и со клунче и цефче ама моеиве вакви користат.
едно лечи друго растурај , леле не ми се верува дека оставив толку долго цуцето за да стане толку зависна..... ќе се изедам дури се средиме сега оффф ич не ми текна дека заменува, фала мами во право си-ете од страна одма е јасно
И моето е уште со цуцла. Другиот месец прави две. И кај нас има тешко да биде одвикнувањето од неа,баш е зависен станат. Инаку како му ја тргна, на кој начин?
ж прво пробував само дел од денот, па после цел ден ама кога дојдеше ноќ стануваше пекол, не заспиваше без неа и се мислев како ќе ја тргнам, како ќе спиеме....и дојде термин за вакцина и систематски, ја носам кога ја виде док. се фрапира - ајде тргај ја ми вика, запчиња полна, ќе ги искриви и плус колку повеќе чекаш толку потешко.Тргни ја , издржи 3 дена и крај. Така и сторив, едно утро стана, в ѓубре и крај. Кемкаше навечер и се претвори во хаос со млекото. Ама цуце не побара.Сега ова е на ред за решавање
Моето не ја бара кога не ја гледа. Ама кога треба да спие, цуце и крај. Јас мислам ноќта поради неа се буди сеуште кога ќе осети дека не му е во уста. Мене баба ми ме има одвикнато со црна пипер на неа и само сум ја гледала и никако не сум и се доближувала и никогаш повеќе не сум ја побарала. Ама се мислам јас на начинот на кој да му ја тргнам
Исто, се буди навечер и ја бара цуцлата. Многу ми е на мисла како ќе му ја тргнам, сакам летово кога ќе има пауза од градинка да се обидеме. Си го знае сега редот за спиење, облакаме пижами, земаме цуцла и одиме во спална, дури и сам си оди си ја зема. Требаше порано да му ја тргнам, кога не разбираше толку. Сега ќе биде плачки.