Навика и е млекото, мада имам јас исто од другарки децата што им пијат многу млеко. Види пробај не давај толку многу млеко шо знам ќе плачи, ќе плачи па валда за некој ден нема да бара шо знам јас така би направила.
Како и за секоја друга навика, најчесто финта за одвикнување нема. Ќе издржиш неколку дена вриштење, ќе види дека нема млеко и тоа е тоа. Знам дека не е тоа советот што сакаш да слушнеш, ама секоја друга алтернатива ти менува само навика. Пример да дадеш сок или чај, само ќе се научи на нешто друго и пак ќе пие 2 шишиња, ништо не си постигнала.
Да се надоврзам на овој муабет .. Додека не сфатив дека давам некалорична храна за вечера стануваше на секој 3-4 саати за млеко . Мислам дека многу има улога тоа Сега јаде убави калорични оброци и пие млеко кравјо само за заспивање ( од навика , ама не сум се уште спремна за одвикнување од тоа )
Не знам дали смее консултирај педијатар, пример да го правиш поретко млекото додека се навикне. Наместо 6 мерици ад, во 180мл вода, да ставаш, 4 пример, па 3. Да биде повеќе на вода, па да намалуваш и количина. Само како идеја ова. Немам давано, не знам дали може.
Нее, никако сок. На золва ми така синчето 4 год има по цел ден пие сок и таа така да го одвикне од млеко сок се научи. Едно време по скоро литар сок пиеше.
Скроз истиот проблем е како млеко. Затоа или вода или ништо. Јас ништо не сум давала на двете деца ноќе уште од 4-5 месеца.
Баш така. Јас сум дете што е пораснато на млеко и сок и до ден денес не пијам многу вода. И ради тоа јас на моето само вода му давам. Сок нема пробано. Го одбив од доење пред не полн месец, ама млеко не давам. Пред спиење си бара вода. И заспива. Ноќе знае да побара исто вода, ама не е секоја вечер. Така да мојата препорака е ако се менува навика на млеко пиење, да се менува со вода пиење.
Ве читам за цуцлите. Кај деца што одат во градинка, во јасли, не е толку едноставно да се тргне цуцлата. Ете го денес прв пат си дојде дома со цуцла од некое друго дете. Не го одвикнувам јас, не се брзам. Му праќам цуцла во ранчето, колку често му ја даваат не знам, ама претпоставувам денес ја има земено од некое дете, познавајќи го. Не може дс го одвикнам така едноставно кога таму 90% од децата се со цуцли. Дома дур е цуца само пред дремка, вака преку ден многу ретко. Знае да ја побара ако ја види, затоа не држам цуцли на негов видик. Знае кај му стојат и имам приметено дека кога веќе не знае што со себе и му е досадно, почнува да бара. Со дистракција заборава. Ноќе заспива со цуцла, ама не е цела ноќ со неа во уста. Ако му падне знае да прокенка ама си ја наоѓа сам, му свети. Ако не ја најде му ја давам и не се расонува воопшто. Планирам да не користи повеќе од 2 ипол години, така да има уште некое време фора. Според мене бенефитот споредено со недостатоците од користење цуцла, е поголем. Чим го одвикнав од цицање, ќе биде и цуцлата, нема кај да бега.
Зголеми калории во оброци, а постепено намалувај млеко ако правиш 240 210 па за 3 4 денови 180 и така надоле. Моево ако се накрка денски ноќе не бара млеко. Ако јаде помалце дента станува 1 до 2 пати за млеко. Дали кога пие пред спиење заспива со млекото? Ако да, воведи нова тактика на успивање постепено. 15 месеци е
@Spidy бевме на преглед за забите, тоа белото додека стигнавме на ред за преглед се повлече скроз. Едвај го виде докторката, не дава за жива глава да му чепка некој по уста. Па почна да плаче и така го виде на брзина. Ми кажа дека местото е воспалено и потечено, она се сомнева дека тројката се спрема да излезе па поради тоа. Ми кажа и дека може да се направи инфекција, да обратиме внимание сега периодов доколку потече дополнително и се жали на болка. За тоа белото не ми спомна точно што е, ми кажа само доколку се појави пак и не исчезне само за една недела, да се јавиме повторно на преглед.
Чим исчезнува, не е забот дефинитивно. Сепак најверојатнк било само перла и не би требало да се појави пак. Ама на забар да почнеш да го носиш повремено, и дома да го навикнуваш да отвара уста, да покажува. Ќе дојде ден кога ќе треба да оди на забар, полесно ќе соработува ако веќе е запознаен со процесот, отколку тогаш со некаков проблем или болка да треба првпат да му се работи.
Pie mleko pa zaspiva sam vo krevetce so cucla, ne se uspiva dodeka go pie... I obrocite preku den se okej... probav da mu namaluvam primer na 180 no vo toj slucaj pak se budi okolu 4h sabajle za mleko... a ako ispie 230ml okolu polnok togas spie do 8h sabajle ne sum pametna veke...
Како бело. Не се размачкува убаво? Да пробам лусион наместо крема, гледам и тоа имаат. Сакам да го мачкам многу е бел. За него и ова сонце што почнува е јако
Јас имам корисено и ла роше и каротен. И двата се убави. Ама се мислев на некоја поефтина варијанта пред лето. За топлото топлото кога ќе почни пак такво нешто да му земам поквалитетно.
На 2ипол пие толку млеко само навечер. Со месеци се трудам да го одвикнам не бива, вришти и не спие додека не се напие млеко. И со намалување пробав почесто бара така и пак ја испива истата количина. Млекар е од бебе и ете уште трае. Се тешам што сега пие овесно и му го мешам со вода, ама пак е многу за невечер а не знам како да намалам, се е пробано