Нос чешма, очите му солзат ко да плаче. Да му дадам летизен вечер можам? Пика и раце во уста ама не толку често, се мислам алергија му е. Вака весел е, си јаде. Прозирни мрсули течат нон стоп
Се надевам дека не е. Му дадов прееска, пред да си легне. Го избањав, залепив лепенка на пижами па му се пушти носот да спиеме ноќва. Се надевам дека барем празников здрав ке биде.
Заби и настинка, некоја комбинација. Исто беше и кај нас пред недела дена, плус лиги како новороденче. Дур беше бебе не користевме лигавчиња, сега надокнади, блузите утоп мокри. Носот уште тече, плус е затнат. Он во тој период вадеше тројки, а секогаш кога вади заби се разболува. Имаше и сува кашлица што после се развлажни малку. Ама не го ни носев на доктор зошто вака си е супер свеж, јаде, спие, не се однесува како болен.
Ете погоре ги ставила @Ceneva тие сњ. Кај нас помагаат, лепам на пижамата и може да диши со носот. Ке да е настинка, еве го спие од 10, што не се случува освен ако е болен или настинува.
11 месеци сме...забо не се сега ги извади 2те за 4ки е рано...ама беба веќе недела дена одбива манџи мз што е.. друуго јаде и сам сака му давам ама манџата нема како сам ме турка сл рацете, се лути, плачи, сака сам чи нз фаза ли е неклја ама ств нервнп ме фаќа...на парчиња сме од скоро сам старт и добрп си ручка џвака се ама проб ми е ручекот...кај вас дали имаше некоја слична фаза
Ако сака сам да јади, прави ги манџите погусти и остави го сам да јаде. Прави му макарони со сос, со месо, ориз со месо или риба, ме мора баш манџа ако не сака. Мојава сака кога е погуста ама пример ќе го лови само грашакот, компир нема шанса да земе.
Како да го научам да распознава што се јаде што не? Јаде сам си зима со прстиња ама сега почна и ако најде ѓубренце доле да го носи кон уста... Зборам ама не знам дали сфаќа
Со многу зборење. Ние најчесто ако падне јадење доле велиме "какано е, фрли го во канта" и по некое време свати. Сега и сам да му падне било што од раче на земја дали дома дали надвор вели "кака" го зима и го фрла во канта. Па имаше период кога го чистеше паркот пошо сите ѓубриња како ги береше и ги фрлаше во канта
Никако. Сам ќе се научи со тек на време. Ќе си збориш ти дека ова е кака и не се руча и ќе чекаш да му светне. Син ми ставаше се во уста докај година ипол, после почна да намалува и сега скоро ништо не става. Ако види ѓубренце го научивме да го дигне и го носи и фрла во канта. Сам си отвара, доживљај му е.
Веќе ти одговориле. Ќе си зборуваш ти ама треба сам да сфати. Ќе си каснува и ѓубренце, ама ќе види дека нема вкус и ќе престане