Ние немавме проблем. Јас ризикував да бидам искрена. Ама секој не ризикува, и не мора нели нормално. Тоа си е одлука кој секој сам треба да си ја донесе.
Ја има ли некој користено спф кремата на гамарде? Или ваш предлог за крема со спф. Вчера не знам како успеавме со бебо да зацрвениме, дали 5 мин бевме изложени на сонце. И јас и тој црвени во лице сме.
Ја користев првата година кога беше бебе. Ништо посебно, ако се земе во предвид цената. Има убав состав да, ама има и други креми со убав состав, а далеку попристојни цени. Има 3 месеци рок, а за мало дете тешко дека ќе ја потрошиш, после само ќе ја фрлиш, бар кај нас беше така, а и јас користев од неа за на лице и пак не успеав да ја потрошам за три месеци. Мене структурата не ми се свиѓа, течна е, лесно се размачкува, ама некако чудно чувство имаш на кожата откако ќе ја намачкаш.
Ја користев првото лето, кога беше бебе син ми. Таа година премногу време поминувавме надвор, често не фаќаше и 12-13 надвор, на најјакото сонце, ниту еднаш не се зацрвене. Супер е кремата, за бебе до 1 година би ми била прв избор. За над една година, препорака од мене за биодерма. Лани ја користевме, исто одлична. Убаво се размачкува, убава структура, добро штити и доста долго ни траеше. https://www.annifarm.com.mk/product/bioderma-photoderm-pediatrics-spray-spf50-200ml-за-деца/
Сега сонцето највеќе лаже и највеќе сега треба да се мачкаат. Не ја имам користено ама погоре кажав дека ние фамилијарнп користоме Ла роше, предходно Авен ама многу потежок е и остава траги на облека, а Ла роше е топ.
Мајки што да очекувам од дитепер ревакцина? Какви реакции и после колку време се обично? Или како претходните исто? Боцкаат во раче или ноџе? Дали да ја пуштам во градинка одма после тоа? Имаме патување следна недела, а оваа планирав да ја боцнам, па почна да ме копка сега да не грешам нешто.
После една година сите вакцини ги ставаат во раче. Кај син ми од првите три дози немаше ништо, ама од ревакцината му се направи прилично големо црвенило и оток. Педијатар кажа да ставам само ациди борици, ама јас дадов и летизен на два пати. Третиот-четвртиот ден нагло се повлече се. Ако патувате наредна недела, јас би боцнала денес, за ако има било каква реакција, да има време да се смири се, па да одите раат. Барем два-три дена не би го машала со деца.
Ве читам за креми со фактор. И на лице ставате од истата крема или купувате посебна за лице? Јас лично користам различна на лице и тело, а за деца никаде немам сретнато крема за лице па до сега од истата мачкав и не знам дали е правилно
Истата. Искрено годинава не знам како ќе биде, прескапи се факториве. Каква е таа цена 1650ден за 200мл, ко да се 165ден. Страшно. Моиве ко што се бели, месечно ми оди по едно пакување, има да банкротирам.
Јас на Алверде имам од лани тие се поефтини а многу бело остава ич не се размачкува. Сега и ставам на лице од неа таа како што е бела на фаца уште со неа ко ќе ја намачкам ко некој дух е.
Јас земав рол он на sun dance 50 ка фактор за деца што е, од дм . По препорака и многу лесно и убаво се размачкува. Не се прави како креч една членка што ми кажа за нивните креми. Ете рол-онот има друга структура. А е доста поволен,околу 350 денари е 100 мл. Мачкам од истиот и тело и лице. Нема да се купи посебно за лице. Барем јас немам сретнато
Кај нас немаше никаква реакција освен што и беше потечена раката неколку дена. На другата рака и ставија друга вакцина, значи прими 2 на 18 месеци. Јас ја повлеков од градинка 2 недели пред и после тоа уште недела дена за да бидам сигурна дека ќе е здрава, но имаше кој да ја причува па затоа. Ни остана уште мрп да ја ставиме, ќе може ли некој да сподели искуства за оваа вакцина и кога ја ставивте тие што не ја ставивте на време?
@LadyInPainting Моето уште ја нема примено МРП причина, болен нон стоп, оди в градинка и цело време си е болен. 20 месеци е. Нема примено и последна доза која беше заб, таа пнеумокок мислам, па Ди те пер исто треба последна доза, ништо нема од тоа примено, нз кога ќе ги прима. За многу години празникот, Христос Воскресе, Вистина Воскресе! Турбо сме немам време да пишам Конечно пробија 3ките, едната пред 5-6 дена, другата ја гледав вчера како пробиена личеше, смирен е и ноќиве, еве неколку дена спие цела ноќ сега се на ред долните затишје пред бура иначе периодов е многу пораснат, многу интересен, со брат му многу си игра, без него не заспива, го бара за спиење, па легнуваат двајцата на спална и малово место не го држи легни стани и во игра преминува, се смеат, се борат па ајде ги делиме, па плачки, лудница е, лудница зборува се, врзува зборчиња по 4 по 5, раскажува дешавки од градинка, прејак е, Децата пачат мајките пијат меко, пачат сам си смислува игри, оди в кујна зема гезве, лајци па нешто бисквитче па си меша си прај манџи, такви работи, исто сака да пишува (чкрта) на лист, зема боички и "црта" па го прашувам што нацрта и вели Фом (слон) а од др страна е многу инајџија, многу плачи за преслекување, пелена да мениш зајдува никако не сака на крај на сила е преслекувањето, па нерви, не само пелените, ни блузе, ни пантолони, треба ептен со игра да го фатиш, со зборување па да биди мирно, а на сабајле немам толку време и обично е другата варијанта, дур ги спремам 2та па и јас ко ќе сум прва смена ми иди да избегам далеку некаде Ете се расприкажав, сама сум, денес 2ра смена сум, па да се фатам за работа, да средам неред поќе за во мајчински ми е постов ама таму немам читано неколку дена не сум во тек.
Ги боцнав и двајцата после годината, бидејќи беа болни ги одложија малку. Никаква реакција немаа. Едниот ја прими на година и пол заедно со превенар. Второто на година и 8 месеци. Ни температура ни црвенило. Од Дитепер кај малиот се појави црвенило и оток, ама тој е со светол тен. И двајцата одеа во градинка утредента. Сите околу мене кои ја примија вакцината не добија реакција.
Никако да оздравиме за мрп, сега ќе земам денови со мајот и ако е арен ќе го боцнам. Кашла буфта, мислиш од петици го вади шлајмот.