Сипаници поминаа, толку лесно со по 5-7 сипаничиња и кај двете. Една тројка излезена, па се подобри малце со јадење. Имавме страшен период, на два пати стана на среде ноќ за са гледа тв, главата и падвеше ама не се предаваше. Значит зомби бевме. За недела дена одиме Мк, малце ќе смениме па валда и подобри ќе сме со мм со нервите Роденден се ближи, Пау Пау ( паупатрол) е фаворит за торта и секој ден пее одеј туу уууу, да дочека не може. Многу станува интересна, ако ја прашаме зошто го сака тоа што го бара,само одговарата - Ми теба, така такам
Како бе едно пакување на месец? Јас лани купив две шишиња од по 200 мл на ла рош еве од второто повеќе од пола имам. Шо знам во најжешкото секако сме внатре, повеќе на пролет трошам и кога сме на одмор. И поручек по ладот кога излегувате ги мачкаш?
Мачкам додека има сонце надвор, било сабајле, било попладне. Имам екстра бели деца, а не се намачкани тоа поцрвенува ко пиперка. Наутро пред школо/градинка, кога ги зимам до дома дека идеме пешки обавезно лиценцето се мачка, дома ако одма идат под туш во лето, мора да се намачкани иначе отидоа пликовите (малото има алергија на сонце) и попладне ако искачаме додека има сонце, мачкам. На плажа мачкам на секој саат. Првата година малото со Мустела 50ка ми јави алергија, а го мачкав и почесто, на 45мин, сирот беше, лани со Сан денс и Каротен не ми појави алергија. Ама рачунај имам 2 деца и дупло поише трошам.
И мојот е многу бел, премногу. Ама не мачкам толку. Тука невечер после 7 излегуваме летно време, до 9 има сонце ама не мачкам тогаш. На плажа да, после секое излегување од вода мачкам. Кај мене многу траат, може дека едно дете е
20 месеци има и некако не ми е верно. Гледаме синоќа волкот и трите прасиња и кажува кое трчало, метело, работело.. моето мало човече збори. Сакам јадам, не сакам. Се разбираме. Да ми кажеше некој дека вака одеднаш ке пораснат немаше да верувам, пред два месеци пиење кафе раат ми беше мисловна именка додека е буден. Сеа реди коцки, игра, чука, лупа, поправа. Веќе е дечко. Има голуби мм му донесе, секое сабајле запомнил јадеме и одма "мама гоупка ам ам ода" Голупката требала да јаде и вода да пие. Одиме по улица, кола, пат, дете, мама, дожд, вода се именува. Знам колку на моменти е напорно, колку се инаетчиња и сакаат да е по нивно ама дефинитивно периодов е полесен од било кој. Се надевам само дека не е затишје пред бура
Исто сакав да пишам, ама ај викам да не си барам неволја, обично кога ќе го пофалам за нешто ми се мава од глава. Не верував кога читав на темава дека наеднаш ќе започнат со зборување, испаѓа дека он слушал внимателно цело ова време и сега му се дешава експлозија од зборови, секој ден има по 5 нови зборчиња, само дава наредби како навиен. Мама не тука, мама сокче, мама седи. Многу ми е интересен, и дефинитивно е многу полесно кога веќе има двострана комуникација, може да каже доколку го боли нешто, доколку му се јаде/пие. Милина
Ооо блазе си ги. Моето следен месец прави две години. Ама пиењето кафе без 10 пати да ме подигне од кревет не бива. За мене е уште мисловна именка тоа рает пиење кафе Ама за друго е полесно, се резбираме. Почна да кажува и што сака да јаде. Црвец мал, тој знаел што му се јаде. И едно бешто ко да почна да семенува, ама ми е страв да кажам. Како да се подобрива спиењето. Сега мах до два пати се буди што за мене е премија. Дај боже и уште подобро да стане
Знам дека ке е кратко, само да си подоморам ако може месец два Не дека не рика, намалено е рикањето пошо знае да каже што сака
@Carolin. @Lavender13 леле, колку сакав да прочитам вакви мислења! На колку месеци прозборија? Мојата има 13 и досега само мама, папа, баба, тата, а нив ги кажува веќе од 8 месеци.
Последниов месец премногу нови зборови има. Иначе од околу 16-17месеци почна да ги кажува само првите две букви од зборот, сега ги кажува цели. Врзува по 3-4 зборчиња. Ама додека се пушти со зборење беше страшно, тантруми, плачење на најјако кога сака нешто а не знае да каже.
Нема да плаче. Само треба да глумиш мајмун или да направиш некоја глупост да се смее. И веднаш заборава што сакал. ( Да сум на овој памет со првото дете, никогаш не би му повишила тон). Ама па ако имам трето
Кај мојот ни мајмун глумење не пали. Не заборава за жива глава. Мислиш заборавил а после оп ете ти го пак за истото плачки. Не сите деца се исти
Кое средство/детергент ви се покажал добар за чистење флеки на алишта? Конкретно за чоколаден сладолед ме интересира. Не излезе на 40 степени, доста се познава.