Да гледаш да го носиш негде кај што нема камчиња. Не знам колку ќе сфати одење дома дека е казна, дали уште имаат свесност за причина и последица.
Од периоди тешки за мене некако помина мислам најтешкото и таа бебе фаза ми беше блјак, се е полесно од тоа! Тешко ми е да се решам за второ кога ќе ми текне на првата година, плачење и врзана за неа 24/7. Преголема жртва за која ми треба добра психичка спрема за втор пат. Сега комуникацирме, се разбираме, многу полесно се функционира. Знам што сака, знае да каже, знам кога и се спие, јаде, игра итн. Кога доаѓа таа фаза на неразбраност и барање по нивно? Сега гледа лулашки, и кажувам после ќе одиме или на враќање и не прави проблем да застанам. Ќе смени за ова? Сега за сега ми е многу разбрано дете, да не ја урочам, не знам до кога ќе биде таква Инаку.. кога лежевме во болница се измоча и искака во нокшир од прва. Дојдовме дома и купив нокшир, почна да си игра со него и да го шета низ куќа. Ќе се измоча и искака ама надвор од него. Повеќе и е игра. Кога нема нокшир вика: мама ја кака, се наведува и кака во пелена. Што да правам? Да земам адаптер за на шолја? Дали ви личи спремна за да се учиме?
Колку месеци е? Јас мислам дури следна пролет да го одвикнувам на 2 год и 7-8 месеци таму... Летово ќе прави 2 ама 2 ми се премали, првото на 2 и пол точно му тргнав скроз пелени, почна да кака од 2 и 2 3 месеци во нокшир, потоа 2 год и 5 месеци почнавме без пелени дење, за 1 месец тргнавме и ноќе, ама тешко одеше, скоро секој ден се мочаше низ куќа, некогаш и 2 3 пати, надвор излегував со 2 пара гаќи и пантолони ако се измоча, нон стоп го прашував, ми се чини дека дури го напнав детето, затоа сега нема шанса испод 2 и пол да пробам, ќе чекам сам да појави некој интерес.. (на братучеда детето на 3 год и 4 месеци се одвикна одма, без ни една грешка, на одмор бевме заедно и прв ден таму извадивме пелени, со моето се 4 месеци разлика само) тогаш видов што ти значи спремно дете.. Странство ги чекаат и до 4 год. Кај нас многу се брза. Сепак кој како ќе си одлучи, од искуство што видов 2 деца, едно неспремно, едно спремно јас овај пат ќе си чекам и 3 год ако треба, здравје само. За другото, идеална разлика меѓу деца 4 год
Сега 2 години. Гледа од братучедки и деца на друштво и брзо сфати што треба да прави. Ми беше муабетот да не пропуштам,а да е спремна. Не знам како изгледа спремно дете, прво ми е. Планирав летово да пробаме ама гледам покажува интерес чим кажува. Не знам, затоа барам искуства и насоки.
И јас би го оставила тоа за следна година. Здравје да има две полни па дури тогаш. Летово се мислев да пробам пошо он кој кака одамна вели "мама кака" или "диме кака" јас секогаш го понудувам сакаш на шоља, сакаш нокшир секогаш одговорор е не. Ама па летово ке пробам два три дена ако свати арно ако не ке чекаме наредна година.
Да, очигледно му доаѓа многу храна и затоа слабо вечера. Во градинка има доручек ручек и две ужини. Кога доаѓа дома дур да се прибереме не фаќа негде 16:30 за ручек и гладен е си јаде ептен убаво. Ако измеѓу не давам ужина вечера поубаво, ако јаде нешто околу 17:30-18:00, тоаш слабо вечера. Вечерата му е околу 19:30. Сега заврши со ручек во 17:00, ќе пробам да не му дадам ништо и да видам како ќе биде на вечерата.
Буквално, имам дома таква. Никогаш не беше "класично" бебе/дете кое моежеше да го излажиш или да му направиш филм. Има страшна меморија и ептен ги поврзува работите, за разлика од малово кое полесно може да се смири и да се излаже. Дури ако и кажеш нема денес бан бан така докторот кажа, ќе рече денес бан бан не, дотор кажа не и завршен е разговорот. Искрена да бидам, ние многу мака видовме и уште гледаме од големата заради тој нејзин карактер, а еве ја 5 и пол ќе прави.
Прво изми ја флеката со сјај за чинии и потоа стави ги во машина ама одма да ја пуштиш. Иначе јас користам Вениш за флеки, а Мк кога сум едно Бланко мислам се викаше.
Мене страв ме фаќа на моменти, колку не попушта и не заборава. Од неговиот карактер и така што е жив и се, јас ја доизгубив желбата за второ. Немам енергија и едвај го издржувам неговото темпо. Физички нема да издржам уште едно да имам покрај него, за психички не навлегувам во муабет . Ама нека ми е жив здрав и таков каков е. Зошто просто го обожавам , иако ич не ме слуша и тера по негово. Едностсвно си е таков, сака да види, да проучи не размислувајќи дали е тоа опасно или не е. Сака да се качува, тој бил Спајдермен Господ нека ми го чува, оти јас едвај го допазувам.
Скоро сите деца на таа возраст се исти, особено машките зошто уште од мали имаат малку повисоко ниво на тестостерон од девојчињата и тоа им се одразува во импулсивноста и физичката активност. И син ми е 200 на саат, дури мислам дека тоа има големо влијание на килажата негова. Седнува само ако треба да јаде иначе цееел ден е во покрет. За инат да не правиме муабет, рогови огромни. Ама и таков им е периодот, тестираат граници, учат како нештата функционираат итн. Не викам дека не игра улога и карактер, ама и периодот и возраста се многу важни. Мене па тоа што е таков енергичен не ми е turn off за уште едно дете. Повеќе имам други бубачки во главата, дека имам љубов само за него, дека ќе го запоставам ако родам уште едно бла бла, што знам дека е грешка, ама може барам изговори не знам. Баш напротив мислам дека со второ е далеку полесно, ако не се голема разлика ќе се заигруваат и нема да биде толку напорно. Син ми барем најчесто негодува кога му е досадно и не знае што со себе. Единствено тоа може да ме натера пак да родам, желбата да си бидат другари. Знам што значи да имаш сестра и не можам да замислам да ја немам до мене.
Исто викам, ова толку ме истошти што не знам како би било со уште едно плус. Или би паднала скроз или поведрата опција, сами ќе си играат и ќе се занимаваат и јас раат Е ама ризик јак, мила душа... не е спремна мајкава на тоа.
Баш тоа, мило ми е да слушнам дека на некој му значи брат/сестра. Јас немам и искрено многу сум осамена. А и сопругот е единец. И тој се чувствува исто како мене. Кога ги гледам двајцате како спијат заедно, или како се подржуваат еден со друг
Еве јас тазе мајка на две,не брзајте почекајте барем да направат 3 години да почнат разбираат повеќе,да бидат посамостални,дома е хаос и е многу тешко едно со тантрауми на најако и плус љубомора,друго малечко шо бара цицка по цел ден,има грчеви и плаче пола ден. Вчера нервен слом што не доживеав,сама со двете малиот има грчеви плаче и таман го намирив заспа,малата одма кај него спие бебе и викам оди играј си не оди кај бебе спие,не се тргна од кај него додека не го разбуди и нормално бебе стана и со плачки од 15 до 21 беше.
Моите се точно 3 години разлика. Многу беше разбран големиот, чекаше да заспие бебе па тогаш игравме. Ми помагаше да го бањам. Па му даваше јадење. Сега играат заедно. Се што прави брат му, повторува. Дури и пелена тргнавме на две години. Во исто време какаат двајцата.
Не велам дека не се сите такви, ама карактерот му се познава. Тврдоглаво и своеглаво човече Ако и подобро што е таков. Инаку тестостерон и машките и девојчињата имаат нула дур се мали. Тестостеронот почнува да расте кога доаѓаат на возраст од 10 години. Испитувани му се хормоните на син ми ради тестисите и кога видов нема тестостерон кренав паника и на крај докторката ми објсни дека и не треба да има до кај 10 години. Така да тестостеронот не игра улога во тоа А брат/сестра тема длабока. Не дека не мислам на тоа. Ама ете не се чувствувам спремно да станам мајка по втор пат. Нека направи три па ќе видиме. Велат тогаш се потсмируваат, па да бидам надежна
Ако ти кажам на колку доктори го имаме однесено ради паника шо е таков ситен и сите викаат такво си е детето, ама не е сеедно кога гледаш негови врсници доста повисоки и со плус 3,4 кила. Ама твојот си викш барем јаде, мојов дома се молиме да јаде. Сега почнавме додуша да не го молиме веќе. Ако јаде јаде, ако не тргам чинија ќе јаде покасно. Они ќе си пораснат нас косата ќе ни обеле од грижи ама тоа е.
Затоа кажав барем 3 години да се разлика моите се точно 2,и таа е мала сака внимание да си играме,воопшто не е послушна,некогаш го бацува некогаш го тепа кога сака внимание,а јас не можам да и го дадам бидејќи малиот плаче од грчеви или цица.Многу е малечка и разбира и не разбира.
Мајки кажете совет како да спие детуле барем до 7ч ? Умираме со мм секој викенд од 6 фиксно будни. Пробав да легне покасно не помага. Буквално еднаш во 22ч заспа стана во 6 Заспива во 7 7.30 со 1 или 0 будења и станува во 6. Презадоволна сум дека спие доволно конечно ноќе ама пробав барем ете 8 9 да заспие да спие до 7 - џабе. Упорно како навиен во 6 станува седи и ме вика да станеме да играме
Грешка си. Постои нешто што се вика ран пубертет или early puberty и бебињата од 0-6 месеци имаат повисок тестостерон што и се пренел со раѓањето. После шестиот месец тој тестостерон паѓа, ама не оди на нула сигурно. Си го имаат и тодлерите ама на многу ниско ниво, и да игра улога. Негде од 9 години почнува вистинскиот пубертет и тогаш почнува пак да расте. Не зборам на памет, поготово не за хормони. Колку имам читано, можам книга да напишам.