Здраво мајки, како ги облеката за спиење деновиве. Никако покрена се турка, имам и вреќа потенка ама многу се поти во неа. Вечерва по боди и ќебе е. 23 степени ни е дома, цело попладне не пече и топло е
Во детска деновиве е 23-25 степена по цела ноќ, веќе спие само по боди и шпикозни. Ако сакаш во вреќа, и ако имаш потенка пролетна, тогаш само боди одоздола. Со првото дете така правев овој период.
Мене па тоа не ми е нормално, преку неделата еден ред, а викендот друг. Не ни знам како може да е изводливо дете што преку неделата станува во 7-8, викендот магично да станува во 9-10. Да не знае случајно дека е викенд. Моето дете, а и сите впрочем или 99% стануваат секогаш во исто/приближно време. То ест си ги спијат саатите предвидени за возраста, како и да свртиш. Освен ете кога се во регресија тогаш малку се пореметува редот. Секакви примери има. Знам мајки што ги чуваат будни до 22-23ч за сабајле да си поспијат и они. За мене тоа не е опција и никогаш нема да биде. Се знае дете кога треба да легне и кога треба да стане. Пред да се роди бев огромна спанка, ама се менуваат навиките.
Да имам потенка ама ја поти. Синоќа ја оставив надолу со пижами нагоре боди, ама ќебето цела ноќ ќе мрдаше додека не го тргне едвај на половината ја покривав цела ноќ. Ја легнав со пижами, мрдаше не можеше да заспие и ја соблеков горната. Не ми е разбирливо така бидејќи мене ми е ладно, ако 23. И ќебенцето е детско тенко, ама џабе
Официјално ни е почната фазата на плашење. Он одамна вика ‘пашам’, некогаш од звучна играчка, некогаш и го имам приметено и намерно кажува за да го дигнам во раце. И во сон неколку вечери имаше кажано ‘мама пашам’ и се бута во мене цел, ама синоќа беше врвот. Спиеше само ако сум до него и ако е гушнат. Ако пробам да ја тргнам раката и да се свртам одма почнуваше да кенка, ‘мама пашам’. Ептен жал ме фати, викам којзнае што му е во главчето. Сабајле од климата, вика ‘буче пашам’. А до вчера никаков проблем немавме со климата, напротив одеше и ја чепкаше. До кога трае оваа фаза и како е правилно да се постапува? Јас му кажувам дека не е страшно, дека мама не се плаши и дека и он не треба да се плаши, да не се секира мама е тука итн.
Они се склет. Јас сум повеќе облечена и по покриена од него секогаш. И кај нас е 22-3 степени. Го легнав со исцели шпикозни и ќебенце преку половината, се утепа тегнејќи ги ногавиците и морав да го пресоблечам во пижами и боси ножиња. Цела вечер не смееше да го допре ќебе на нога зошто одма дигаше галама. Ни мое, ни негово, ни на татко му. Не знам ни јас како да го покривам, страв ми е од настинка зошто стално се открива. А за вреќа не е, премногу е склет дете.
Мој совет е сега за лето, никако кратење на дремката, долг е денот, во најжешкото таква нервоза ќе ви направи тоа да не знаете кај да фатите. Башка во лето се уморуваат, и потребно е и добро е да спијат на пладне. Јас големиот што е голем па го терам во лето да спие на пладне, здраво е, мозокот одмара така.
слатки маки, секое дете си е различно, моето после 3тата година ги имаше најјаките тантруми, до кај 3 и пол беше страшно, потоа намалија и на 4 год имав дете што ги пишува сите букви од азбуката, сите бројки @Bella_Stella мојов со тоа Пашам веќе 3 недели ме пукна, најмногу и вистински се плаши ко ќе го забрка брат му и му прај некој звук, леле ова панично почнува да бега и вика Пашам бато, почнува да плачи ако не го "спасиш". На големиот му е смешно и уште поќе му прај така За спиење на мене се двајцата, станати во 7ч, 8 најмногу и во викенд. Ама вчера како сум се за*бала, дневна дремка 3 и пол сати, ама се разработив и убо ми беше, сношти ми се плачеше, до 12 неможевме да го заспиеме после цела ноќ стануваше, а што мирно спие периодов. Поќе нема шанса таа грешка да направам Сабајлево одвај станаа, големиот во 11 заспа.
Има деца што не им смета менување на редот и се прилагодуваат лесно, битни им се саатите да се наспијат само, а има деца што ако им пореметиш малку е хорор. Од тука доаѓа таа промена за викенд и преку недела. Таква е керка ми, може да ја темпирам само според саатите и времето што ќе го спие попладне или не спие за вечер да заспие на време.
Синко спие ноќе на боди и пижамчиња. Покривам со тенко ќебенце ама се открива. Повеќе е откриен него покриен. И затоа греењето работи цела ноќ на 21-22 степени. Цело време е така,и во најладното тој повеќе откриен него покриен. Боси нозе без чорапи обавезно инаку ќе ја крени куќата во вис. @Bella_Stella За плашење се плаши од коза од кога ја виде во зоолошка тоа му е муабетот, и таа вечер едвај го заспав тоа вриштење и пикање во мене беше. И цела ноќ стануваше плаши коза. Се плаши и плачи од свеќи запалени на торта, од ненадејни звуци ( тоа ми е нормално и очекувано ) Периоди се тоа, ќе помине. Ќе си збораме да не се плашат и тоа е.
Ќерка ми е хорор. Пола саат повеќе на дневна дремка да спие, ноќе се мачиме за успивање. Наутро пола час да ја оставам повеќе, за дневна дремка е борба. Вчера одиме на кафе кај соседи со дете на 3 годишна возраст околу 17:00 часот. Сосетката вика Х спие уште не е станат. Викам јас мојава да ја оставам во 17:00 да спие, ќе не фати после 3 наутро за спиење следно.
Греење немаме пуштено може 1м, на ладно се спие поубаво, нека е и откриен макар. Зимава дури не стаивме ни јорган, со ќебиња се покривавме. За пашење мојот се исплашил во петокот од пашакот што излезе на крај грашокот, паши и гашок споил во пашак. Снаодливо дете.
Тоа викам. Секое дете е различно и треба тоа да се следи. На почеток многу се оптоварував со ред, после кога си го запознав детето малце се опуштив. Ама има деца што ептен им е битно да се држиш до редот.
Куќата ни е ладна баш, таква место положба има. Ако не уклучам 17 степени ќе падне. За лето милина, ама зима проблем.
За спиење таман е 17 степени. Ни во зима јас не греам, отварам од дневна соба врата и тоа е тоа, колку дојде толку.
Не е убаво да спие во просторија што се грее. Знам дека куќите се ладни, моите се во куќа. Ама на зима кога одиме кај нив собата кај што спиеме се грее само преку ден, а вечерта го гасиме парното неколку саати пред спиење.
Во вреќа спие? Моето не само пижами, а се е откриен не сака во вреќа. Ладно е за само по пижами. Ќе настине гол така
Ова е само одржување 20-21 во глобала. Не правиме да биде пекол. Ама да го изгасам и само по пижами да го оставам не можам. Ладно е за да не си покриен. А он нон стоп е откриен. Се открива, многу немирно спие. Само се врти превртува. А вреќа не прифаќа. Кога гасам имам пробано, нозете камен ладни му стануваат.
За истово дојдов да пишам. Се сеќавам некоја од мајките пиша пред еден месец за истава фаза, па ме интересира до коа трае како зајак е, од се се плаши. Не можам да си направам нес, страв му е од машината за матење. Ама страв луѓе, се тресе цел. И општо гледам од повеќе работи има страв, од тропање, недај боже да тропне некој од комшииве, веднаш започнува со плачки. Иначе и кај нас е 20 степени спалната, во глобала спие само по пижами и во вреќа. За на лето пошто е потопло некогаш го оставам само на пелена и со вреќа од муслин. За станувањето немам коментар, секој ден сме станати до 6 и пол макс. Ќе спиеме во другиот живот. Мада не би го менувала ова, имаме ред и знам колку е тешко кога ќе се измести. Вака си го фаќаме денот рано и тоа е тоа.
Имам детенце од година и пол, со спиењето имаме мака. Заспива околу 20 и се буди кај 1 сатот, чучнува на газе е сега некогаш така седи некогаш ќе закемка и го земам и продолжува да спие со нас во кревет ама и тоа спиење не е квалитетно, пак се буди турка со ноџињата, некогаш ќе закемка пак или возбудено ќе викни. Дали сте биле во ваква ситуација? Пишете ми некој совет што да правам