Мојов вчера не сакаше да заспие за жива глава до 15ч и после не можев да го разбудам до 17. Вечерта едвај заспа во 23, пукнав! Последен пат ваква грешка ако неќе да спие не го ни легнувам во 15 веќе.
Не, по пижами спие. Со боси нозе. Не сака вреќа. 20-21 е висока тт за спиење, и не е здраво, ама ти си знаеш.
Не би одела до тој екстрем дека не е здраво. Ние спиеме на 20, дете спие само по пижама, со еден слој и босо и не сум приметила да се поти или да има нелагодности во спиење. И има разлика на 18 во куќа без изолација и со, не е исто.
Па не кажувам јас, кажуваат тие што се разбираат. Воздухот за спиење треба да е проладен, чист, излуфтиран и дури и свеж. Инаку мојата куќа нема изолација. Во лето спиеме со целосно отворени прозори и врати низ цела куќа, освен влезна, сите врати и прозори се отворени.за здрав и квалитетен сон, без прекини, важно е сето тоа.
Имам пробано и да гасам. Нозете ледени му стануваат. А не дава да го покријам. Ниту вреќа дава да му ставам. А 17-18 не покриен ладно е. Бар јас не можам открена на 17-18 за зимно време
Па никаде не пишува дека не е здраво, пишува дека најпријатна температура е меѓу 17-20. Еве јас на 20-21 иам 40% deep sleep секоја вечер, спијам топ. Воздухот секогаш е пролуфтиран, впрочем прозорот во спална ни е отворен по цел ден. 20 степени во куќата во Мк се чувствува како 15 во станот тука, скроз неспоредливо е.
И мајка ми се во куќа. Кај нив кога одиме во мк, не пуштам греење преку ноќ, и во зима. Ама овде кај нас е ладно. Преку ден врата веќе нон стоп е отворена, од причина што од надвор иде топло, инаку ладно е, не се седи Е за лето милина, ретко уклучувам модул за ладење на системот за греење што ни е. Има разлика од куќа до куќа.
Кај нас во лето навечер е ладно, без тренерче не се излегува после 21ч надвор. Ама дома е жешко во лето. Во куќа сме ама овие дена е баш ладно за спиење, немам термометар, ние со јорган зимски уште сме, малото е со јорган од дормео од нашиот малку потанок. Не се отскриват. Еве и денес денски надвор на пр цел ден ладен ветар дува, не беше за без палто. Дома со клима сме за топлење, студи бре а не сум зиморлива
Син ми не плаче, ама во денот не знам колку пати кажува дека се плаши од нешто. Друга фаза нова и на најјако ни е фрлање на се живо. Втор ден по ред фрла стаклена чаша, денес и прстето си го исекол, со татко му беа сами. И наместо да плаче се смеел зошто течело крв. Лудо дете.
Ааа бељи поголеми кога прават никогаш не плачат. А малку да се удрат како светот да се срушил врз нив. Тоа е така растат. Нека ги чува бог од полошо, а ние колку можеме толку.
Моето спие од 9 месеци на голем кревет 200х100, секако целото оградено со многу мал отвор за влегување. Сега е 20месеци.
Таква беше/ е ќерка ми големата. Она точно на време ако запиеше кун 1-1:30 саат време и беше ок, повеќе да поспиеше или покасно легнеше тоа беше хорор. Риташе со нозете, ништо не и се погодуваше и на вечер тешко заспиваше. После 2г и 3-4 месеци скроз и прекинав дремка оти наместо да се рестартира она беше неподнослива. Не и менува кај спие ама ако се промаши саатот готово. Малата исто мора да заспие точно на време ама неаме мака кога ќе се разбуди нити за заспивање. Ако излеземе кога она треба да спие и мислиме дека ќе спие во колочка или кола, пиши пропало, кај неа пак е битно да е легната на кревет.
Исто како големата. И на клупа во парк ќе преспие АКО успееме да ја успиеме. Викаш и сега поголемка е таква? Да прекинам со нервози околу спиењето ми останува.
Она како што кажав нема дремка од 2г и нешто али еве уште нема проблем кај ќе заспие на вечер, не мора да е дома, промената на местп не и влијае али ако пример кога и се спие и се прекине од Х причини и поминува брзо сонот и после како да наполнила батерии и дивее до касно, ако приметам дека се гаси пополека само гасам светло онака како да не примети дека уствари и е време да си легне и ја оставам да заспие било дневна или детска, битно да не ја сецнам. И кога знаеме оти ќе згаснат за брзо, маж ми не влегува во дневна пошо он е најголемата причина за нивното дивеење
Моето дете ако го сецнеш на успивање крај е. 2г наполни, од спиење абер нема. Сите можни совети на светов ги пробав, детето нема потреба да спие повеќе од 11-12 саата и тоа е многу најчесто. Покрај тоа што не спие не сака ниту да јаде. Енергија има како да спие 20 саата и да живее на 3 главни обилни оброци и 3 ужини. Не знам сериозно како детево расте и живее. Топ здрав, 3 пати болен до сега, кс добра(може и подобра, ама за негово хранење е топ) Развивање исто топ, како, од што, не прашувајте ме, не знам. Месо не јаде, јајца само во една форма, манџи не јаде, готвени јадења само две, риба не јаде. Живее на леб, паста, јогурт, маргарин, млеко, овошје, зеленчук и купечки ќебапи. Толку. За зборење да не кажувам, збори буквално како возрасен човек. Работи за кои не знам ниту од кој и како ги научил. Прееска во сон кажуваше денови од неделата на англиски. Тапани и топли му се омилена играчка, сигурна сум дека накај 3та година веќе ќе почнам да го учам да свири на нешто. Му ги препознаваат сите талентот уште сега и не сакаме да замижиме на него. И тоа е моето дете кое наполни 2 и со кое се селиме во другата тема. Се читаме таму другари и другарки.
Бројче големата на 2 години прекина сo дневна дремка исто 11-12 часа и беа доволни да спие и цел ден имаше енергија. Легнува во 7 ипол стануваше сабајлето во 6 ипол - 7. Малово исто легнува во 7 ипол станува во 6 ама си има дремка од 2-3 часа. Јас имам друга мака дали да ја одбијам малава од цицање има 15 месеци затоа што ништо не јаде цел ден да цица сака. За викенд или преку недела со татко и кога ќе стане, цел доручек си го јаде ама кога ќе ме види мене нема шанса да отвори уста туку плачење е за да цица. Не сум паметна некако што да правам….
Леле се "паши" од усисивач, машината за еспресо, машината за нес, сеа ново и од климата и машината за перење а порано од машината за перење не можевме да го тргнеме, мм му рекол бараш спас и сеа а нешто се исплаши трча на кај мене "мамии спас" дал да се смеам или плачам. И се плаши од луѓе што не ги знае или ако некој ни се приближи надвор он рика и бега. Ке помине ова така? У спална ни е 19степени преку ден, навечер сигурно паѓа на 16-17. Може месец има како не топлиме во спална. Спие по пижами и памучна прекривка. Јас спијам со јорган и ќебе ама он и татко му можат голи да спијат без проблем.
Чим толку влијае на јадењето цврста храна јас би ја одбила, ама одлуката е твоја, мораш да си бар делумно спремна. Кога имаше 15 месеци син ми бев на службен пат 5 дена и тогаш лавовски се борев да не ми прекине млекото и се молев кога ќе се вратам да сака пак да цица. Од оваа перспектива сега кога требаше да го одбијам на неполни 2г си викав камо да го одбиев тогаш, ама среќа што не сум зошто тогаш не сум била спремна. Плус он немаше проблем со јадењето. Сега мислев ќе биде многу тешко, ама помина релативно ок.
Што можам да му ставам на исекотина за побрзо да помине? Му фали кожичка. Вчера само измив со хидроген и ставив ханзапласт. Едвај го трпи, се преврзав и јас, вика ‘мама боје?’ да викам и мама ја боли. Ама кога ќе му стане досадно го вади, сабајле пред градинка два пати нов лепев, им пратив во ранче којзнае како ќе биде таму.