Има во аптека еден спреј портокалов, не можам да се сетам на името. А имам и octanisept дома. Ама мислам дека спрејот е поефикасен. И види ако е рана пребрзо со газа и фластер. Да не го вади во градинка да не се инфицира.
На Виоплекс да не мислиш? Не можам да го преврзам, го вади. Ставам ханзапласт, дома дур е ако го извади одма ставам нов, а во градинка не знам како ќе биде. Се надевам ќе го примеќаат и ќе му ставаат ако го вади.
Да, на тој. Се надевам за врз ќе му помине. Зависи какви се тетките во градинка. Мојот ја изгоре цела рака, од горната страна, се залепи на каминот. Од прстите до зглобот. Го чувавме дома две недели да му помине убаво, да го мачкам со крем и да правиме преврски. Кога му помина го пратив во градинка и на замолив негователката да го мачкаат со крем од невен, еднаш два пати додека е таму. Значи немаше ни рани веќе заздрави целосно. Само да му биде мрсна кожата. Добив одговор дека не можеле. Можеле само на дупе да ги мачкаат. па им реков не носи пелени веќе, наместо на дупе мачкајте го на рачето. Не можеле, ќе виделе другите родители и тие ќе донеселе креми за мачкање. Па зарем 30 деца ќе се изгорат во исто време или ќе се повредат Моето искуство е тоа, разочарувачки. Можеби кај вас се малку повеќе емпатични.
Ќерка ми е стабилна а уште не се пушта да оди има 20 месеци. Година и 8месеци. Срцево ми плаче. За зборови ги кажува чисто. Брзо учи ама со одењето несака да се пушти и крај. Божем избегавам лекари да не и правам стрес плаче од нив ама изгледа нема друго чаре....
Оди дури и за еден прст се држи за мене и оди. Да ја пуштам сама одма се симнува за лазење. Плаче не сака сама стои и плаче и на крај ќе се спушти за лазење. Два пати лежевме во козле и сега лекар кога ќе види плаче од нив ама ќе морам... Грешка моја 1год и 7мм
Дали има паднато при пуштање чекор сама? Многу деца се сецнуваат и долго време не сакаат да се пуштат од страв. Може е такво нешто. Ама секако преглед кај ортопед направете
Леле ужас, срам да им е! Еве го не давал ханзапласт, еден само му смениле ама дојде дома без него, му го најдов во ракавот. Подобра е денес раната, ќе прскам виоплекс и ќе оставам отворено дур е дома.
Однеси ја на ортопед да си направи проценка и немој да се нервираш. Некои дечиња прво се фокусираат на социјалниот развој повеќе. И да има некој проблем докторот ќе ви даде насоки. Колку и да плаче за нејзино добро мора да ја однесеш. Верувам дека нема некој посериозен проблем.
Сама се качува на кревет се симнува стои повеке од 10секунди сама. Се мислам дека е преплашена да дојде сега од први и ќе ја однесам на лекар проверка една да ми е мирно
Обидете се со сопругот да си ја подавате, или лажи ја од креветот до тебе да дојде сама. Може и е страв. Секако однеси ја на лекар. Мојата и беше страв и игравме така може два месеци. Еден ден дојде од градинка и почна сама да оди и не престана. Цел ден правеше Балтазар
Добив на подарок цуцла од 6-18 месеци , Ние сме 17 месеци , дали да ја почнувам или да ја дадам за подарок
Јас еднаш пробав цуцла за над 18+, преголема беше за моето дете. Останавме да користиме од 12-18 и не планирам да сменам се дур не ја одвикнам скроз.