Овие се преубај, меки, од Германија се ама од пред 6 год, нз дали го има моделот, малку се валкани ама надвор сме други не сака да носи, секаде со овие. Спојлер: Слика После 1 месец в градинка, ноќеска крена тт во 5ч, црвен само во образите, не му дадов ништо му падна тт сама, нз што е сега, долните 3ки се на ред можи од нив. Иначе си спие мирно, не станува ич ноќе. Зборува се, цели реченици, мало чоече е, па се кара се расправа
Има има сваќе се има. Флексранер малку ги модернизирале, ама постојат. Нека минува со лесно. Јас мојата две + недели дома ја чувам, откако ни приреди мал хорор пред Велигден и за Велигден пак со напад на инхалација на итна по пиџам, температури и свашта веќе. Нема шо да ти кажувам. Реков 3 недели дома малку да одмори од вируси оти недела немавме сврзано здрава. Се што имаше, се фати.
со помин, ако почувај малку, нека одмори организмот, после со нови сили.. Јас па овај пат среќна, цел месец в градинка ехееј
Да ве прашам вака омега давате редовно или правите пауза? За д3 се мислам да го дотрошам шишенцето и да прекинам да му давам онаму до кај сеп-октомври. Како давате вие?
Јас ништо не давам, ни Д3 заборавав и скроз изгубив навика, од пред нова година, зедов омега од молерс ене ја цела стој
И јас ништо не давам, едвај кога ќе ми текне некогаш д3.. тотално заборавам, не ни знам дали нешто друго треба освен д3, некои педијатри викаат ништо некои да се дава
На првото само Д3 му давав до 3 год, редовно, на ова заборавав и воопшто не давам веќе 4 месеци. Значи до 1 год и 4 месеци давав Д3.
Јас не сум сигурна дали вит д и до годината давав . Најмајка. За други витамини, не ми ни доаѓа на ум да суплементирам. Нудам овошје и зеленчук, месо и тоа е тоа. Само месото морав да почнам да го кријам, оти мадам освен колбаси не сака друго ништо месото.
јади машала се зетко меша се со мерак си јади пу пу.. Не крена поќе тт, свеж е, еве цел ден сме надвор кај мајка ми во двор скара праевме супер е, ако не крева можи од заби да беше
Јас мислев само јас сум немајка И јас давав д3 до година после ништо . Од суплементи ништо не давам веќе , овошје многу јаде дури не знам ни по колку да давам Јагоди особено мислам цело канче може да изеде
Омега му давам секој ден - му давам молерс Д3 прекинав пред една недела кога започна сонцето, ќе продолжам од септ/окт
Не давав ама од н. Година почнав да им давам на Fishoil пошо големава ми е слаба со јадење, а малово се радува кога јаде и си продолжив и неа да и давам
Земав флексранер баш, баш ради тоа што ми изгледаа помеки и дека дишат за топло време. Арно ама принцес не сака да ги носи, немаат лепенки и облекувањето е борба со крокодил, и ај ќе се избориме, ама и надвор ќе и текне и сака да ги соблече, се нервира. Бројчето е добро, така да претпоставувам не и се удобни. Денес баш скролав има нови колекции берфут од К&K (ама ваљда ги немате таму) или едни шпански Zapy и некои од тие ќе земам. Она откако прооде е со такви и топ ни се погодени некако мака нема. Е сеа кожни се овие и не знам што ќе се прави за баш кога ќе е топло Крокс ќе видам дали има тука ако се добри и такви ни требаат исто за на тераса. Како пишам си викам можда претерувам со овертинк за патики али ајде А за витамини, давам омега, д3, плус ц заедно со суплемент за железо Има слабо железо и не знам што веќе не пробав околу храната и готвењето и нудењето, еден период беше подобро ама моментално сме во фаза дека ќе ме испоштува и ќе проба, џвака, џвака и плука. И пак и пак. И кренав раце почнав со суплементи иако бев страшно против и дооолго долго време се трудев поинаку. Ми спие детево откако го подобривме железото, може е коинциденција, ама си викам можда толку време сите попуштивме психички ради мојот инат да не давам суплементи.
Не сме за оваа категорија ама редовно давам Молерс и Д3. Дури и преку лето се случува да давам, ептен кога сме на одмор, инаку за Д3, ни е цело време на сонце, ни пак толку многу време минува. Поголем дел од денот е во градинка, додека се прибериме и стигнеме да излеземе веќе 17:00 или подоцна дошло. Со 7 дена на плажа, кај што пак не сме во жешкото, туку рано наутро и подоцна попладне мислам дека не е доволно д3. Последна препорака од ортопед ми е дека е добро да прима и до 14 години ради понатамошно спречување на остеопороза. Дека има денови кај што заборавам да дадам има, тоа секако.
Омега давав Молерс, ама сега сменив со Допел Херц, тоа давам моментално зошто сакав да го пробам. Најверојатно пак ќе се вратам на Молерс зошто е поисплатлив. Д3 давам на Пливит, 4 капки, плус 200иу има во омегата. Не планирам да прекинам летото со Д3, може само да намалам на 2 капки. Цел ден е во градинка, после градинка ќе излегуваме дури поручек на слабо сонце. Би прекинала само кога ќе одиме на одмор и викенди. Не станува збор за најмајки и немајки туку за реалната потреба што ја имаат и од Д3 и од Омега3, ама секој си одлучува за свое дете. Не се рачунам за најмајка, ама давам редовно од прв ден до денес.
Ок Бела, шала е аман. Дека може не сум доволно одговорна. Јас и лично имам недостаток на вит Д и пак заборавам. Како што рече секој за неговото си одговара. Моето беше болно он ноември до сега. Бев на педијатар сто пати, ни еднаш не ми рече педијатар да давам суплемент. Прашав. Вит Д еве и моја препорака е, давајте редовно и повеќе од потребно е. Особено ако децата не ви се по надвор. Мојата е нон стоп надвор, и во градинка кога е, и кога е болна, освен температура, и кога е со нас.
Сакав и јас да сменам со Допел Херц, не си задоволна? Да знам дали да менувам или сепак да останам на Молерс
И да се по надвор Џолин, не е доволно сонцето зимно време ни за нас, камоли за деца во развој. Не давам ни јас други суплементи освен Д3, Омега3 и Ц витамин што сега летото ќе го прекинам зошто ќе има повеќе избор на овошје и зеленчук. За Д3 конкретно мене не ми е опција да не давам и ќе давам уште долго. Научно е докажано дека Д3 му помага на организмот во борбата против вируси и го зајакнува имунитетот. Особено за децата во развој и те како е потребен. Можеби докторот што не ти кажал да даваш мисли дека веќе даваш и нема потреба да нагласува.
Па нема од што да не сум задоволна, ок си е сирупот и син ми повеќе сака да го пие. Мисли дека е сокА од портокал зошто е портокалов. Прилично поскап доаѓа, ако го сменам ќе биде ради тоа зошто составот е тука некаде. Молерс се дава по 2.5 мл, а Допел Херц по 7.5 мл и испаѓа паковањето да е само за месец дена, додека Молерс е за три месеци и повеќе.