Педијатар за омега ми спомена до 3 години секако. Е сега дали и после тоа ќе продолжам, ќе видиме. Децата на колешка, 8 и 11 години, цела зима оваа беа поприлично болежливи, што во пракса не се, исто имаа препорака за омега и други витамини, за накревање на имунитет.
Ја уште бебитол давам само ми кажува матичната продолжете со омега и тоа правам а може и е веќе премала доза по колку омега има во дозата молерс Едит: си проверив сама 300мг во молерсот а бебитол 100. Епаа..
За омегата, не ја давав ни на првото дете јас, за Д3 дека изгубив навика се нервирам, ќе си речам ај да почнам пак, имам дома, ама заборавам, сепак сакам да му давам Д3 бар. Па се надевам ќе си стекнам рутина. Температура сношти во 20ч крена дадов парацетамол, сабајле пак во 5ч дадов блокмакс, бевме на доктор нема ништо, мрсули течат ли течат
Денес имавме прв јавен тантрум. Ич не ми се свиѓа како изреагирав, не успеав да останам воопшто смирена. Ама цела недела ми ги тенчи живците, ме тестира максимално, плус во ПМС. Го седнав во количка и го врзав додека он беше зафатен со егзорцизам. Така изгледаше и звучеше. А градот преполн, гужви, јас туркам количка ама истовремено вријам од нервоза и кривица и солзите ми беа веќе на врв, ми требаше секунда да застанам на сред улица и да почнам да плачам. Дојде маж, му го предадов и само заминав сама малце да оладам. Како ли допрва ќе се справувам со ова???
Мене лично не ми станува полесно. Кога почнува така да прави го земам в раце, тој ко змија пробува да се ослободи, ама џабе му е. Се дере на цел глас,градот го крева. Ама јас туш ладна си одам и в кола. Тој си се дери дур не се умори. Јас молчам. Кога ќе се смири држам предавање со надеж дека ќе помогне некогаш. За сега нема вродено плод. Дома страшни ни стануваат тантрумите. Денес фрлаше столица пластична дека не му го оставив сладоледот на маса во секундата кога тој посака. Па се фрлаше по земја и удираше главата од земја. Вчера стаклена чаша фрли арно не се скрши, и се беше вода по подот. Го игнорирам зошто така најбрзо престанува. Ако реагирам станува полошо. За се се лути и плаче и прави драми. Само не знам до кога и јас ќе можам да издржам и да се правам дека не го регистрирам.
Одамна не давам Бејбитол. Молерс истрошив три шишиња, сега овој од Допел Херц. Отприлика негде кога наполни годинка мислам дека го префелив на Молерс. И онака не ми беа ич практични Бејбитол, а и ете послаби се.
Јавно сме немале нешто многу макар што игнорирам, а во себе вријам и ми доаѓа да ја сплескам тука на земја. Дома периодов колку сакаш. Кај нас пали "договор" и пофалба. Пример Х сакааааа Бибиии. Јас - може да видиш ако направиш тоа и тоа. Пример ги собериме играчките, седнеш мирно на фотелјата. Не дека секогаш успева ама се трудам. И на крај браво Х, ја послуша мама. Браво Х, така треба. И што ќе ми текне зависи од ситуација.
Ми истече времето за дополнување, меѓу сите договори terrible two, на голема врата влезени. Плачки еден тон. Менување памперс е рамно на борба со гладијатори. Абер нема од кажување ама уште малку да затопли и ќе се пробаме за одвикнување. Лигавење за се и сешто. Јас колку што имам сили игнорирам, знам и да подвикнам, колку и да е тоа погрешно. Маж без трпение за такви циркузи и со прашање каде згрешивме со детево што вака се однесува.
Кажи му на маж ти дека е нормално се тоа, само трепение, имам пишено кај првото не беше толку лоша 2ката ама 3ката ме полуди за пелени менување кај нас е ужас од 8 месеци навака, уште малку 21 месец ќе е. Многу ретко застанува мирно, телефон му давав за да стој и тоа не функционира некогаш Уште е со тт мрсули задебелени, не јади денес еве...
Ние пред некој ден имавме јавен тантрум исто така , со легнување на земја со трескање вриштење , само го земав у раце он се витка ко кифла вришти , луѓето не гледаат и баш ми беше гајле . До пред да имам деца и јас така ги гледав сега сфаќам како им било . На крај се смири со тоа што влеговме во продавница и купивме сок . Дома го игнорирам кога ќе почне и сам си прекинува бидејќи не го фермам . Или ќе му земам од играчките и си почнувам да играм и во истата секунда се смирува и доаѓа да играме , таков начин најдов јас .
За дома е полесно, можам да го оставам на земја, да му помине најлошото па потоа и некако се разговара со него. Ама вака јавно не можам да го оставам, ќе ја удри главата ќе ја расцепи. А ако го земам во раце тогаш почнува најлошото, се витка цел ж, ме мава, ме штипе, ужас ужас.
Дали некоја има успешно одвикнато дете од година и пол од цуцла? Ако можи совети да ми дадете. Не знам дали наеднаш да прекинам да не му давам цуцла или прво денски да го одвикнам па потоа навечер. Ама морам да го одвикнам стана премногу зависен од цуцлата.
Немам искуство моите не држеа цуцла, ама исто е ко одбивање од цицање, ќе плачи 3 дена, издржи само 3 дена, ќе заборави. Наеднаш одвикнување, така не, даваш не даваш само ќе го буниш, дирекно фрлај.
Денес во парк на лизгалките се заигра ептен со врсници, сите еден по друг родени во март/април. Он најситен од сите, како глувче. Не е носен многу по лизгалки зошто искрено ми е страв уште, ама денес се опуштив и што да видам, како на лизгалка да се родил. Се качува по скали, се спушта без проблем сам, професионалец. На една од мајките детенцето и беше потромавко, оди па ќе застане, па чека не се мрда, се на молење. Мајката му вика ‘абе ајде мама види го детенцето (за син ми) колку е помало од тебе, а не се плаши’. Јас не искоментирав ништо, ама друга мајка што се знаеме и вика ‘абе не е помал, како нашите е’. На оваа првата и стана незгодно, почна фаци да прави. Викам ‘не се секирај, поситен е затоа мислиш дека е помал’. Искрено не ми дојде убаво, знам дека жената немаше лоша намера, ама и покрај тоа не се осетив убаво. Он нека е жив и здрав со сѐ друго супер си напредува, ама таа килажа ќе ме пукне.
Истиот проблем го имаме и ние, ако можам да го наречам проблем. Мм скоро секој ден го носи во парк на лизгалки после градинка, плус викенди одсабајле пред спиење и на секое враќање дома го има истиот муабет дека е многу поситен од неговите врсници и од деца помали од него. Почна тоа многу да му влијае на психа и се расправаме, пошо јас цело време му викам такво си е детето а он ми вика дека јас не го носам и гледам секој ден низ деца и затоа не го сфаќам озбилно.. Иначе исто луѓе од страна многу пати го насловуваат како 'види го мама бебето', а е 2 год и 4 месеци.. За воља на вистината, го имаме носено и на ендокринолог и ни рекоа дека едноставно е поситно детето и сеуште ја следи неговата крива на раст, ама да одиме еднаш годишно за да го следат како расте. Немам совет само сакав да ти пишам дека i feel you и сме на иста мака...
Не на година ипол ама на 2 го одвикнав со постепено сечење на цуцлата. Ја пресеков малку првиот пат и после секој ден се повеќе. Едно време само ја држеше во уста пошо не можеше да ја цуца, ама му беше комфорт и го оставав. За една недела се одвикна без плачки и проблеми.
Еве мое искуство на темава. Ќерката сега на 6 години уште ја собираат маици за 3 години. Во висина си е малку потпросечна, ама во килажа на минимум цел живот. И од кога е родена се бориме со јадењето, цицаше по 3-5мин, сега една мачкана кришка леб може цел саат да ја јаде. Сега имам син, година и 2 месеца. Машала си е од кога е роден, не престанал да јаде, плус и рано прооден, секогаш го мислат за поголем. Внука имам што е точно една година постара, еден до друг да ги видиш ќе речеш он е постар. Сум ги видела двата краја, и ако е за мислење и нервирање, секогаш ќе имаш причина. Што е до мене, исто ги доев, ист распоред им држев, исто им воведов храна и исто им спремам. Тој што сака да јаде, ќе си јаде. Дали било сув леб или благо, ништо не му значи, битно да има да се џвака. А оваа што не јаде, киндер јајце отвара за играчката и чоколадото го остава. Така да тргни си мисли од тоа, само да е здраво детето и соодветно да напредува, тоа што е помал од врсниците не значи ништо. И ние возрасните не сме сите 170см и 80кг, некој мора да е и поголем и помал.
Моето е мало, 14 месеци скоро и вади заб моментално. Исто стана синоќа, и кога го дигнав спиеше и врескаше и се фрлаше назад. Исто прави ако не му дадам нешто. Тантрум. Препишувам на заби а се има и претходно случено. Среќа зс брзо се смирува.