Срц, ќерево е 3 и пол години и е околу 12кг. Не ја ни мерам веќе додуша, здрава е. Тоа ми е доволно За висина нема ни метро уште, 95-6цм е. Педијатар ме погледна мене и мм , јас сум метро и жилет со 48кг макс, мм е висок ( мене се ми е високо де, може и не е толку висок ) со 60тина кг. и ни кажа да не го тупиме Другарките од група и се за машала во споредба со нејзе Така шо... Да се живи и здрави
Zdravo majki Nie sme 13 meseci Cucli vekje mesec dena ne koristime No palce da Sovet nekoj kako da go odviknam?
Мене ме носеле моите на лекар како мала и се жалеле дека не јадам. А на мајка ми ребра и се броеле, татко ми била ист како тошо малерот само посветла коса И докторот им рекол: Имате вие големо огледало дома? Епа да се погледнете прво вие, какво сакате да ви биде детето? Може истиот доктор и ти си го начекала
Исто е и кај нас, потполно. Секогаш е маж ми тој што го потенцира “проблемот” и ми става и мене бубачки во глава непотребно. Јас си викам подобро да е ситно и жилаво отколку да се нервирам што е подебелко и тромаво, ама ваљда така и се тешам. Најважно е што е здрав, другото знам дека е споредно, ама ете мајка ко мајка не може да не се секираш очигледно. Така е, во право си, секое си е приказна за себе. Мене таа ми е утехата, дека јаде сѐ. Да беше дете што не јаде и вака ситен сигурно ќе ми беше многу потешко. Не можам да си објснам само каде му оди храната. Од секогаш се трудам оброците да се нутритивни и стварно си јаде за машала и пак е ситен. Околу нас имаме негови врсници што забушаваат со храна, јадат само леб и павлака пример, ни месо ни ништо, не јадат во градинка итн и пак се покрупни и затоа не наоѓам нзс. Веројатно е генетика не знам.
Точно, само нека се живи и здрави, се друго е споредно. Ние со маж ми не сме ситни, ама сме биле како деца. Разликата е што не сме јаделе и двајцата, маж ми особено. Свекрва ми секогаш за син ми вика кога го гледам како си јаде како голем човек срцето ми е полно зошто по татко му трчав со лажицата за бар две залчиња да касне. Ова има денови кога буквално повеќе од мене изедува и пак е соленка.
Ама и повеќе трча од тебе нели? Нишо не се лепи за нив зашо немаме научено кај се гаси моторчето во газот
Девојки малата ми е 19 месеци се ја шетам, ама ако не е по нејзино се издига од земја се влече на сред улица, ја оставам демек чао си одам ништо ја лажам со некои работи никако. До кога вака? Само што почнавме
Последна ваква глупост ми има напраено пред да наполни 3 години. Цела втора година од нејзиниот живот беше како гореопишаното, само шо јас ја кревав у раце и ја носев дома. Јадев тепачки до дома пошо беше ко демон да вадиш од нејзе.
Ќерката цицаше палец до 3 години. Само за спиење, ама цела ноќ вади стави во уста. Ако не ги афектира забите, не е страшно, ама брзо се искривуваат ако нон стоп е палецот (или цуцлата) во уста. Јас мачкав гел за одвикнување, горчлив лак, немаше ефект. На крај ја намачкав со кромид и престана
Иста мака, па и плав, го шишавме со машинка, а ќе речеш 9м бебе а он, исто. Ми е гајле. Камо да е здрав, да не се разболува, да поминува се како до сега на нога, ич не ми треба да е џинче. Минатата недела ме строеа во градинка ижгризнал дете 4м помало од него, ама џинче, глава повисок, покрупен, ама тромав, едвај да покрене. Така да не му ја мисли, иста сум била, со 16кг сум тргнала во школо прво одделение, со 19 сум завршила 4то. Сега затоа не можам да симнам ништо.
Ќерка е околу 13кг, 92цм, воопшто не изгледа дебело, таман за возраста, жива е, не застанува што се вика. Тромава не е ич ама трапава, е мислам на прав пат ќе се искрши. Додуша и сами сме криви. Маж кога е до неа во врат и диши, да не паднела, да не направела вака, така. Јас тек пред два месеци почнав сама по лизгалки и во игротека по реквизити да ја оставам и испадна дека детево пази и знае и да се качува и да внимава и се.
Спречувај палче чуцање кога веќе сте успеале цуцла да тргнете. Поголема штета на забите може да настанат со цуцање палче. Тоа брачеда стоматолог ми кажа. Дека повеќе се искривувале заби од цуцање палче него од цуцла.
До 2 години немаше проблем, не беше интензивно цицањето, само ноќе. Тогаш се селевме и изгледа имаше некаков ефект тоа, па за неколку месеца почнав да приметувам разлика во загризот (не беше презначително, ама стоматолог сум, па ми паѓа во очи), и пред 2ипол години почнав со опомени, и го вадев прстот ноќе откако ќе заспие, и со мачкање лак. Пред третиот роденден престана скроз со кромидот. Да имало проблем, би почнала и многу порано. Синот ми е 14 месеца, он е со цуцла од бебе. Веќе почнав да му ги тргам дење, зошто ако ја има пред очи обавезно ја става во уста. Со него се надевам сосема да му ја тргам до 2 години најкасно, ама цуцла е полесно, ќе ја фрлам, ќе стиснам заби со плачки неколку дена и тоа е. Само сеуште мислам дека нема потреба од тоа, па ќе пробаме со постепено намалување.
Има некој проблем на 2г. со тешко заспивање? Порано за 10мин. кома, сега и се спие ама по пола саат неможе да заспие. И периодов некако е прехиперактивна.