Зс ноќно спиење не, ама за дремка во викенди да. Мора надвор во количка да го извадам за да заспие. Вечерта спие мирно, ама како навиен се буди секое сабајле во периодот од 5:50 докај 6:30, спремен за да оди во дневна да си игра. Кога и да легне, станува рано. Има регресија на втората година, викаат трае од 2 до 6 недели, со душа чекам да помине.
Зар имаат некоја фаза со удирање? На секое мое „НЕ“ (ако сака да пикне прсти во штекер, пика раце во ВЦ школка, ја врти машината за садови копчето... и милион други глупости), зема се удира сам. Си мава шамар и ме гледа се додека му викам не. Фаза некоја им е? Или до моево е нешто?
Не знам возраст на твоето ама на 16месеци моево знае така да си мава по глава со рачиња кога ќе го "искараме"
Се одвикнав од вакви работи, ко новороденче се осеќам дека имам навечер. 100 пати станува, мрда, неможе да презаспие.
Моето ќе направи 15 месеци за некој ден. Се удира понекогаш и силно. По глава, по образ и не гледа директно во очи додека се удира... на моменти е смешен, но ме засекира да не му остане навика
Мислам дека е фаза јас во тие ситуации ги фаќам рачињата и викам мирно мами не се маваме гали бебе да се смири. Фрустрации не зборат не знааат да се изразат
Тантруми.. се смеам хахахах Моево ако не му е нешто по ќејф седнува на газ навалува глава и плаче. Му велам дојди да се гушнеме и ке дојде, попкачува и поминува. Ама некогаааш вади рогови ѓаволски тепа, гриза, плаче не можам да го додржам и си порикува на земја. Сеа за сеа се држиме добро, понатака ке видиме. За килажа периодов мислам дека е и ослабнат. Алишта има некои 9-12 што му се таман, во глобала носи 12-18 пошо во тие 18-24 плива, како вреќа му се. Ама не е застанат, нон стоп некаде оди, се пентари. Скали сам качува и симиња тоа моментално е најинтересно. Нека е жив и здрав само, си јаде некои денови повеќе и од мене. Брат ми во прво одделение имаше едно метро и 14кг. Во 7мо го носеа по доктори оти наеднаш се извиши и коските го болеа. Сеа маж 2 метра со 120кила. Исто и мм на слики од мал само едни уши на него, ко неухранет е, ама свекрва ми кажува јадел се ама не застанувал. Вика ја не памтам да е болен да бил нешто сериозно освен сипаници, а слабо слабо никакво Пак ке речам живи и здрави нека се само
Еј се смени преку ноќ детево. Од мирно и послушно, почна да плаче за се и сешто. Пред 2 дена поминував на лулашки и гајле немавме, сега плаче вришти ако не застанеме. Денес дури и се развикав и баш ми падна криво ама многу почна глупости да прави. Уште ми треба време да се адаптирам дека влегува во terrible two изгледа. Одиме надвор камења во уста пика. Никогаш тоа не правела. Дома и давам четка со боици и текна водата да ја пие со боите. Многу сака внимание, гледам да сум со неа, да и зборам, читаме, играме ама неможам цел ден и ја сум човек. Ете си се пожалив
Мојата беше на 3г 12кг, на 4г 15. Сега мома 21качила на 5г. А малечкото ми е едвај 10кг сега ќе прави 2г. Најситна е, палешка е. Исто како кај @Bella_Stella сите ја мислат година и пол може и година и се чудат како зборува, слуша наредби, а уствари за годините си е таман во однесување. Не можам да кажам дека јаде количински многу ама си каснува се, за разлика од дада која едно лепче јаде 1 саат, може да живее на 1 банана дневно и ти вика изедоооооов целааа бананааааа видии колку сум силна шо да ти кажам. Е за разлика од тебе јас сум 171, па малце не бива да е она малечка ама валда како дада ќе пркне наеднаш.
Мене маж ми почнува да ме нервира на оваа тема. Вчера бевме излезени со другари, нивното девојче е три месеци помало од син ми. Она е прилично повисока и покрупна, уште од помала си беше таква. Имаа еден период кога беа изедначени, а сега изгледаат како она да е поголема. Кога се вративме дома маж ми почна, леле виде ли Х колкави раци има, дупло поголеми од неговите, леле вака, леле така. Викам добро шо ти е на тебе, зошто бараш проблем кај што го нема? Гледам дека си многу засекиран викам, кажи ми што те мачи. И си почна, многу бил ситен, не личел на две години. Викам добро и? Да не не сме правеле сѐ како што треба. Е тука ми ги спои жичките. Е браво викам, ако ние не правиме сѐ како што треба, не знам кој. Сите оброци домашно готвени, внимавано на баланс, на нутритивност, на сѐ. Витамини се даваат, се работи со него на фина, на груба моторика, на социјален развој, на когнитивен развој, колку можам, колку имам време, стварно сум мајка што се труди да обрне внимание на детето. Ама не грешка сум го сфатила, да не случајно сме пропуштиле нешто. Ама што е тоа викам, ајде ако сакаш ќе одиме на лекар и нека го прегледаат и нека ни кажат дали нешто сме згрешиле и негде сме потфрлиле. Ми направи mom guilt без врска, сега и мене само таму да ми е паметот.
истото ќе си се пожалев не сака да се предоблекува, се бркаме по дома, се фрла траска од земја. Некое решение или да се надевам фаза дека е?
Не мислам дека е со лошо кажано туку дека ние така го дочекуваме "на нож" коментарот затоа што сами сме несигурни дали се е ок. Свесна си дека се е готвено, пратено раст и развој, фази се по ред истерано. Едноставно, такво е. Иначе и мм си ги има коментарите ама го враќам у реалност дека е мајмунка и јбг така се развива. Ако имаш мам гилт, тоа значи дека си добар родител
Нема врска ни јадење ни ништо, само гените. Моите двајцата од 5 месеци со 10кг беа, само на ексклузивно доење второво беше до 5 месеци, првото до 4 и пол. На татко му се, тој бил таков ист, така растел, после ослабел. Сега малово има 21 месец уште малку со 16.500кг е. Големиот на 6 год и 5 месеци има 27.5кг прав манекен е, а како бебе буце беше. Малово ако е буце се прави, активен е, на скали се качува со држење за ограда сам, на лизгалка мала дома сам се качува и се спушта, на маси, на столици секаде се пентари. А првото со иста килажа се ова покасно, таков карактер, де плашеше, мн претпазлив е, уште е. А големиот не е јадач, никогаш не беше, малово е, поќе пробува и поќе јади од него, побрзо ќе му дадам на двајцата попара на пр и малово одма ќе ја излапа, големиот заоѓа, заборава да џвака и на крај јас ќе го доранам, ако е голем Значи јас сум била 9200г на 1 година до прво до 7 полни години 21кг. Посакував второво да е поситно бебе, да одморам половина, даимам бебе во права смисла овие пораснати од 5 месеци 2та
Истата ситуација е и кај нас. Цело време се тие коментарите зашо е најситен од сите, завчера истото ми го рече, какви родители сме биле ние за никаде, не сме праеле се шо треба за детево и затоа е 10ипол кила. Се утепав од плачење коа ми го рече тоа, се испокаравме пред малиот пошо неќеше да вечера и почна он да коментира. Знам дека тоа го кажува од загриженост ама почна ептен на психа да го мава и да се расправаме.
И мене мм ми правеше вака за големото. Го споредуваше со детенце 1м разлика. Е добро вика што даваат на детето они да јаде што даваме ние на нашето, нашето јаде манџички, чорбички, домашно, зготвено се, како ти што си кажала исто и јас, а другиве мачкаа дневно по 2 леба кришки маргарин, мајонез, крем, мармалад, оној кремот за трилече на леб им го мачкаа на децата, детето е угоено, не е пораснато, на висина е исто ко нашето ама трупче е дебелко од нездрава храна. Епа да даваме и ние, да му се прошири желудничето, е арно ќе даваме, ама што после кога ќе сака а нема да му дадеш? Епа ќе мислиме тогаш. Е не е така, се мисли од почеток на се. Лесно е да го набутам со леб и крем, со млеко и бисквити, да му дадам да јаде саламчиња и паштети од мало, тоа нема да ми донесе ништо добро.
Бела детето си е супер, не се замрај со физички изглед. Гледам од мени дека јаде се, си напредува и ментално и физички. Какви грижи на совест, какви бакрачи аман. Ова само ние овде да ви кажам толку се замараме, и за исхрана и за се. Мајкиве околку мене ќе дадат ѓеврече и ок си е. Јас полека се опуштам да ви кажам. Кај мене е друго, многу често ја мислат за поголема отколку што е, оти татко и е скоро 2 метра. И ми здосади да објаснувам и кажувам дека нема ни 2 години. И тоа не е баш пријатно да се слушне, а моето е три види исто се големи. Е арно де. Еве мојата со кошарка ќе се занимава, ај сега остајте ме на раат .
Со првото многу се "замарав" за јадење, посебно дека не јадеше ништо, само готви и фрлај, нерви искинав за цел живот, цели 4 години се нервирав, после си реков доста е, па тој леб мн ретко јади, само на школо што носи мачкано од дома, иначе леб никогаш од мало не јади. Затоа со второво релакс, ама си е јадач, си јади домашно готвено, исто претежно без леб си јади, е сега можи манџа со леб, попара за да си јади сам. Тестени не сака ич. Благо си каснува скоро секој ден, сок не, воопшто. Млеко по 50 мл му давам кон 10ч на сабајле, тогаш ми бара сам, меко меко од фрижидер ладно го пие, го научија в градинка и ко навика му е. Ако не побара не го нудам јас. Ама ако не јади не ме нервира ич, ко ќе му се јади ќе си побара сам
Исто, мислам дека нашите се и сега блиску со родендените. Буквално промена преку ноќ, исто од мирно и послушно стана багабонт И тантрумите на најјако, секој ден по минимум три. Се обидувам, но многу ми е тешко да останам смирена. Сериозно многу, ова е неиздржливо.
Да знам дека нема лоша намера и дека се грижи и он, ама нигде не стигаме со такви коментари. Кај нас уште не е дојдено до расправија, ама често се потенцира тоа дека е поситен, а нема потреба. Имам очи и јас и гледам дека е поситен од врсниците и дека не личи на две години, ама што можам да сменам. Епа тоа де. И јас истото му го реков. Да го товам и јас со глупа храна ќе се здебели ваљда повеќе, ама тоа ли е решението. Зборев и со братучетка ми што е нутриционист, ајде викам да не грешам негде со храната. Вика ти ако не спремаш нутритивно богати оброци за него, не знам кој спрема. Изгледа ние мајките секогаш ќе најдеме нешто што ќе не секира, така сме скроени очигледно. Мене како мое дете он ми е најубав таков каков што е, нормално. Нека ми е само жив и здрав, со убава енергија и карактер, па колку сака нека е висок. Уште да престанеше татко му на секое да го потенцира тоа дека е поситен и да не ми ги размрдуваше бубачките во глава.