Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    Млеко мојата си сака и ок си е. Нека си пие.
    Се уште е на формула и сега од 2 ќе ја префрлам на козјо пред спиење и од сабајле. На пример синоќа не си го испи млекото, дали три голтки пивна, ама веројатно била најадена. Од сабајле си ги испи 100 мл. Толку пие.
    Некогаш си бара кога ќе види друго дете дека пие и и ставам малку во чаша. Тоа всушност сакам да ја одлучам да пие од шише, нека си пие од чаша ако сака.
    Е сега јас би сакала, ако веќе пие, да пие само навечер, а од сабајле да доручкува а не млеко. Е ама ај де. Треба да почнам.
    Вака сабајле јас пијам кафе и она млеко и како ритуал и е станато, сите од сабајле да пиеме нешто.

    За шеќери и благо, сокови, смоки јас не давам се уште. Маж ми кога сме на роденден или слично знае да и даде да проба, ама на дневна основа не добива ништо такво. Едни кекси ги јаде, за бебиња се од 8 месеци без шеќер. Е само нив.
    Полна кутија овошје ќе слапа кога сме надвор. Секогаш носам. Мафини, банана леб без шеќер, може и така некогаш соленка, ѓеврече ќе дадам.
    Во градинка јадат убави оброци, нема каши чоколадо и сл.
    Јадат путер, хумус, овес, зеленчук, еднаш во неделата имаат мармалад и штрудла, и тоа е тоа. За ручек исто им е готвено. Овошје им даваат.
    Дома се готви секој ден исто. Кај нас нема мармалад, крем и сл. Кога ме мрзи за вечера јаде леб и путер со јогурт или целосно гриз со млеко и банана. Има и еден спектинфлекс без шеќер од цело зрно и тоа и давам.
    И сега ко ќе прочитам, наци мама сум. Ама ми е гајле. Додека не бара не давам.
    Сладолед ја понудив кога ја болеше грло и ларингит ко фати и тоа не сакаше. Проба два пати и не ни бара. Омилен десерт и е банана јогурт. Јогурт со банана :D.
     
    На Carolin., kozuf, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.814
    Допаѓања:
    18.627
    Пол:
    Женски
    Добар родител секогаш ке има некои мисли "зошто вака, зошто така?"

    Ти го следиш детето, ако напредува добро во висина и килажа, тогаш океј.
    Ако е со помала родилна тежина, ако сте ситни со маж ти или имате некој поситен во фамилија, нема зошто да се грижите.

    Сепак, ако те јаде црвот, проверете зошто е поситен.
    Можеби откако лекар ке ви потврди дека е се океј и не грешите никаде (иако знаеш дека даваш се) нема да обрнувате внимание на тоа.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.467
    Допаѓања:
    21.010
    Пол:
    Женски
    Не е роден премногу мал, ама не беше и многу крупен со оглед на тоа дека се роди во 40+ недела. 3100гр и 51цм, просечно бебе. Ама од секогаш качува така килажа, поспоро да речам. На пола годинка ја дуплираше родилната килажа, ама на годинката не ја триплицираше. Матичната негова никогаш нема искоментирано дека е ситен. Дур беше само на доење јас сама ја прашував да не треба дохрана, она сметаше дека се дур не стагнира или паѓа во килажа, нема потреба. Моментално има околу 10 ипол кила, а цм не знам точно зошто не дава да го измериш, ама го собира во број 80-86. Ситен некој немаме во фамилија. Од моја страна не сме некои високи, ама не сме и ситни. А од страната на маж ми сите се просечни, накај високи. Ќе видам можеби ќе се консултирам со ендокринолог чисто за мирна душа. Ако знае некој дали има детски ендокринолози ве молам споделете. Ако не ќе го однесам кај мојот.
     
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    25.578
    Пол:
    Женски
    Нас ни падна на памет уште пред повеќе од пола години да не има недостиг на хормон расѕ и баш пишував тука како се испитува тоа. Докторов наш во ноември пошо тогаш последно бевме на преглед рече дека чим качува на кг и во висина колку толку во ред е ама пак чекам сега контрола тек јули да видиме што ќе каже. Мене ми е тоа што стварно од двете фамилиии сме нормално- до високи. А иначе за храна, мојата голема не јади ништо, крвта и е предобра, нити се разболува нити ништо во 5г има качено 3-4 пати тт на еден ден, ти кажувам дека пркна наеднаш ама мислам заради вадење на крајници качи и извисочи толку за година дена. Нема поубаво од хранење здраво и скроз го поддржувам начинот на кој твоето се храни ама дека е пресудно за нешто не е, така да ништо не правиш апсолутно погрешно нити некоја што не го храни детето така прави погрешно.
     
    На Giiirl23, Bella_Stella, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    12.390
    Пол:
    Женски
    Мојава има 6 години и 2 месеци и е едвај 20 кг. Шпагета е. А облека 122-128 носи, висока е, со тоа што ако немаат обавезно ставаме ластици на струк затоа што се и паѓа. Ама детето си е здраво, право, не застанува. Дома по двор е активна цело време, плус балет, плус пешачиме секој ден.
    Нејадач е од бебе, пишував тука колку нерви изгубив. Кога ве читам тука колку јадат, мојата на 6 години не јаде толку. Не пребира, јаде се, ама на гурање е се. Ден денес ја потсетувам да џвака, буквално може цел ден да држи залак во уста.
    На три месеци дуплираше родилна, ама не триплираше на година.

    Битно е да си ја следи кривата на раст детето, да нема поголем период на стагнација. Ако е детето весело, здраво нема некоја причина за загриженост
    Ако сепак мислите дека многу заостанува, зборнете со ендокринолог, испитајте хормон за раст.
     
    На Bella_Stella, Spidy, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    8.264
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella јас што гледам слики детето ти е таман. Да е дебелко, ќе биде зошто е дебелко. Секогаш наоѓаме нешто да се грижиме. Подобро здраво, а слабо.
    И моето не е многу подебело од твоето и мене ми е супер. Јас сум бил како гладните од африка како мала, така да не можам да очекувам поинаку :lol:, а маж ми бил буца и он има комплекс и не сака полнички деца и се ми вика сега си е супер, како бебе бил дебел (facepalm):rofl:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.814
    Допаѓања:
    18.627
    Пол:
    Женски
    За да си мирна, можеш да го однесеш.

    Ако не се лажам, кај нас е пракса да земаат крв од пета во болница за проверка на тироида.

    Во врска со храната, си ептен во право. Гојазни деца понатака имаат куп проблеми. И да не се гојазни, ако храната додека растат е нездрава, на 30 веќе се индивидуи со многу многу здравствени проблеми.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    267
    А колку месеци е? Мојот има 17м и исто 10 ипол кила. И облека уште носи 86ка.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.467
    Допаѓања:
    21.010
    Пол:
    Женски
    Не изгледа слабо он, ама изгледа ситно. Маж ми нека си ги среди бубачките, јас сум ок. Да не јаде да се секирам, ама ете го на ручек изеде полна чинија боранија со месо, срка како да нема утре.
    Јас ќе продолжам и понатаму да си внимавам на храната, од многу причини е важно тоа. Ќе размислам баш за преглед, може да направам една консултација, ништо не ме кошта.
    2 години е, пред нецел месец наполни.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.877
    Допаѓања:
    45.104
    Пол:
    Женски
    Гледам за вит Д е зборено предходно, и јас често заборавам да дадам ама се согласувам дека е многу битен.
    Од се што поминавме со мм по болници со неговата дијагноза, многу од докторите потврдија дека вит Д поточно негов недостаток е еден ид најлестите фактори за брзо развивање на такви невролошки болести.
    И јас често се натерувам да пијам и гледам да не заборавам, ама иако не кажуваат докторите многу е битно да се дава.

    Кажете ми бекутан оној витаминскиот помага за апетит?
    Испи пиковит цело шише и ни а од апетит, има денови кога живее на воздух, се почести се.
    А мм го мерел и има качено 3кг, а од што не знам.
    Се осеќам многу лошо дека детево не јаде скоро ништо. Ништо.
    А пргав е, да не можеш глава да дигнеш.

    Денес колку сум се смеела на телефон, ми се јави и јас го прашувам што прави, он вика си играм со татко ми, од скоро почна да вели татко ми, мајка ми, вели а ти шо правеш. И јас му кажаувам на работа, и он на тоа “ и јас ќе работам кога ќе пораснам” викам ако мама а оти, и он “да печалам парички”:D:D:D колку се смеев луѓе, уште се смеам кога се сетам.
    На моменти малце и се заплашувам со ова зборењево, стварно збори перфектно, одговара со целосни реченици и буквално како со возрасен да разговараш. Секој со кој комуницирал, а не знае колкав е, ми вели има ли 4…
    Дали може стварно ова да биде за загрижување? Ми оди ум на аутизам или не знам.
    Оти стварно не сум чула ниедно друго дете на негова возраст да збори вака.

    Инаку уште цица и си мислам ако земам апчиња за прекинување на млекото и ако види дека нема млеко ќе прекине да бара, ако е можно тоа, оти веќе се е пробано и ништо не успева, што мислите?
     
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    5.722
    Ај да не фатам да те тепам :D
     
    На Mandela, Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Јас сум зборела така исто. Перфектно чисто со долги реченици како возрасна. Немам аутизам :D
     
    На Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.877
    Допаѓања:
    45.104
    Пол:
    Женски
    А кога сме кај јадењето јас како најлоша мајка се осеќам, оти моето дете не јаде ни манџи, ни готвено, ни месо, ни јајца.
    Јаде леб и маргарин, купечки ќебап, макарони со бел сос, тортиља со јајце строго печено, ориз и спанаќ, овошје и зеленчук, помфрит. Му давам и благо, ама иако му нудиме вело време здрава готвена храна, ставена на маса и јас и мм јадеме од неа, он не сака да јаде, ќе проба и ќе плукне, ако има месо на чинија ќе плаче додека не го тргнам.
    Оставан и гладен, каран, не каран, оставан сам да си стави, џабе, се е пробано и џабе. Има сејф јадења и само тоа јаде.
    И јас имам огромна грижа на совест дека не се храни здраво и дека ќе му направам проблеми со здравјето, ама не знам веќе што да пробам и да правам
     
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    6.568
    Пол:
    Женски
    Дека ја хранам најздраво, тоа сигурно не. Кај нас пример и во градинка не е јавно менито објавено така да не знам точно што јаде таму, а не сакам секој ден да барам извештај за тоа.

    Си дозволувам и 2-3 пати во месец да седнеме во пекара и да вечераме таму макар ѓеврек и јогурт нека е тоа, додека ќерка играла 1+ часа во парк, наместо јас да поминам 1 час за готвење додека таа гледа Тв. Ова најчесто кога маж втора смена и сме сами по цело попладне и вечер.
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    8.264
    Пол:
    Женски
    И јас ќе фатам да те тепам. Дај не зборувај глупости. Каков аутизам. Аутистични деца се тотална спротивност од твоето. Гледам видеа на инста, прекрасно здраво дете :inlove:
    Не си ставај глупи бубачки во глава и биди горда мама :l:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.994
    Пол:
    Женски
    Леле кај ти текна на аутизам бе. Остај си го детето нека си збори раат, уживај си :D

    Еве го мојов така зборува, цели реченици, раскажува , објаснува, зборчињата правилно ги изговара, баш како возрасен. Како што е висок, кога ќе ме прашаат, да викам 4 има :)

    Последно на лекар кога бевме, со докторот се "искара". Му вика: а сирупче зошто не ми напиша, дај ми сирупче, побрзо да помине :)
     
    На 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.877
    Допаѓања:
    45.104
    Пол:
    Женски
    И јас не сакам да мислам глупости, ама кога ќе ми речат абе ова не е нормално колку збори, леле ова дете чудо, и ти одма не е нормално си го поврзуваш со нешто страшно.
    А мене ми е баш интересен и нормален, освен што не јаде:D
     
  18. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Машки
    Бела те читам со коментарите за килажата и како јас да се читам, ама буквално..има една група висина и тежина на нашите бебиња/ деца..кога и да ја отворев јас плачев од мака дека мојот на 2 години беше едвај 10 кг. и како бебе беше секогаш на долна граница..ама ете се помирив веќе. Сега е 2.5 год ама искрено не ни знам колку килограме е..најважно ми е дека јаде, расте и се развива нормално за негова возраст
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    25.578
    Пол:
    Женски
    Само не го карај или форсирај, бетер може да стане. Јас како мајка на нејадач и се јадач, а исто одгледувани деца скро те разбирам. За апчињата, јас колку што знам може да ти се врти и да ти биде лошо некој ден. Јас осеќам дека снемувам млеко пошо кога ќе стиснам едвај излегува, не ни ја слушам дека голта, но изгледа навика и сака да си ме фати само. А и не можи да изеде парче пица, па сладолед, па бадеми и да ми рече сред кафич цице и да ме влечи заради што е гладна нее навика и е и само чекам да и текне оти е доста. На бекутан кесичките ги имам користено и ок и беа, сеа не знам дали овие витамини што ги пие ( има б внатре) се баш за апетит ама повеќе јаде и е малу подсмирена :rofl: имаме и апетито користено, ништо тоа не помогна
     
    Последна измена: 6 мај 2025 во 23:51
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    1.786
    Пол:
    Женски
    Во врска со зборувањето мислам е супер, внука ми на 2 год велеше ама чисто оториноларингологија и паралелопипед. Ја имав снимано бидејќи ја чував тогаш а луѓето не ми веруваа. Пробај со хммм б комплекс сируп баш ќе ти сликам синко пие таков па добар е засега се поправи со апетитот.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.