Моето па си ја гриза раката кога е нервозен...И му кажувам не ама џабе. Ако не е по негово се фрла на земја и рика. Дома не седи, мора у двор да трча да качува скали, да фрла песок. На вратата се беси и чека некој да му отвори... Најново ме фаќа за прст и ме влече кај сака да оди.
Хахаха мене ми е интересни, такви палави. Само на момент ме заплашува зошто знае и силно да се удри, да не му остане навика… или да не почне други да удира.. А со тоа ако не е по неговото одма легнува на земја, со главата меѓу рачиња и плаче
@1209 остави дете да збори колку сака. Имам видео од мојава на 2 години и неколку месеци како раскажува за судар на паркинг, па како дошол пајак, па како се карале чичковците... како возрасен збори. Па еве ја здрава, права, уста не затвора и ден денес и се ја интересира да знае од планети до диносауруси. Така да нека си збори дете колку сака.
Не си прај филмови, каков аутизам. Треба да го снимаш за спомен, ретки се тие деца. Од некни гледам едно на социјални мрежи, Ведран мислам се вика. 2 ипол мислам има, ама збори како 5 ипол, ептен чудно ама многу слатко.
И моево така или ако има нешто в раце него ќе го загризи а ако си му поблиску можи и тебе да те касни и се треси се стега @1209 првото беше такво, се зборуваше правилно, второво зборува ама не како него, јас на 4 год ваква бев, мислев има нешто АДХД, аутизам, преку ноќ ми смена детето, стана многу хиперактивно, почна сите букви да ги пишува, да се потпишува, броеше на мак и на англиски до 100, бројките пред тоа ги пишеше, ама многу бев загрижена, на доктор бев, со воспитувачката зборував дали нешто чудно е со детево.... Ама ние си го знаевме од гледање тв мирно на пример почна да биди седењето однопаку, да се бапка цело време во креветот, мене ми беше тоа ново и чудно бидејки беше многу мирен пред тоа не правеше такви работи, па изгледа некој скок му беше во развој, му давав бедоксин 2 недели па се испадна ок. А најмногу ми беше страв дека сите домашни го заприметивме неговото однесување, не бев само јас.
Каков црн аутизам жено, не барај беља кај што ја нема. Баткото нека е жив и здрав и да продолжи да си збори. Има едни капсули демек помагале за јадење така ни кажа на од мм братучед жена, е сеа колку е вистина не знам. Она му ги давала на детето за имунитет ама ептен апетит му отвориле. Овие се:
И мајка ми како фармацеут вели дека ги земаат родители и се задоволни. Само многу јак мирис имаат. Моето не сакаше како помал. Сега немам пробано. @1209 даваат на бројче земи две три да видиш дали ќе ги пие.
Зошто? Јас првата година малото го сончав со Мустела 50ка, лани со Сан денс и Бејби лав, првата година ми изгоре и ми појави алергија на сонце, лани не.
Зависи детето, секое е различно, првото дури на 4 год научи тротинет да вози, купен беше ко имаше 2+ год...
Зависи од детето, ама на таа возраст јас ти препорачувам баланс точаче. Ако има афинитет за некакво превозно средство, тоа е најлесно за совладување на таа возраст.
Да, син ми вози тротинет, во Април наполни 2. Има и баланс бајк, ама малку му е голем, за него ќе почекаме да порасне.
Јас земав ролон за деца. Детето го мачкам веќе некое време. Ете го исунчан е , ниту стана црвен ниту ништо. Мене ми е супер.
Моето има тротинет, трицикл, кола на акомулатор, трактор на педала, едно друго на тркала. Ништо не сака да вози, само ги бута Се зависи до детето. Некој ми спомна баланс точак да му купи за роденден. Отсечно реков не, од што нема интерес, а цел возен парк има дома и немам каде да ги ставам
Моево нема 2г ама тешко дека на 2 ќе вози тротинет не ми текнало ни да му го покажам, кола на акумулатор имаме, мн ја сакаше есента, сега немаме пробано, баланс единствено немаме, не купив за првото, сега би купила некој на старо поќе од 1000 ден не ми се дават синко голем без баланс точак беше па одма научи да вози точак без помошни. Моментално со трициклот го возиме, ама нејќи долго да се вози во ништо.
Доколку е исунчан, или ролонот не е супер или не ставаш доволно. Самото тоа што има “боја” значи дека спф-от не си ја завршил работата.