Ова тротинет со седиште и се трасформира. Имаме такво, моето сега почнува да го вози седејки, а без седиште го бута од напред а не како тротинет. Не е по риквизитиве, него да го пуштиш само да трча и качува.
И ние имаме од scoot веќе 5г втора генерација на него се возат и најстабилни се, вредат за парите. Сеа кога идаме Мк као да има малава и тука нешо да се вози, земал мм од локо кроко ист као на ист принцип, секој момент мислам ќе се искрши детево.
@Ceneva toa sakav da prasham oti se solenki ako nejke da go opuli vo kupot ke go stavime denes vreskala pak vo gradinka na viber da sme ja zemale e znaci nemozam
Може нема сега одмс да го сака ама за некој месец ехее оти тротинет се прави и тој пак ептен се искористува
Е тоа е супер. Кај нас сме светлосни години назад на оваа тема. И да дадам крема во градинката сигурно ќе ми речат како на една членка шо имаше пишано, дека се должни само на газе да ги мачкаат. Знам по братучетка ми во Австралија дека нон стоп ја мачкаат малата во градинка.
Не можат тука да не ги мачкаат пошо се од 9 до 4 надвор, летно време се шлапаат во базенчиња. Мора да ги мачкаат
Можеби дека се повеќе дечиња кај нас, а две негователки само. Не ни ги изнесуваат надвор. Јас дадов крем за на рачето да го мачкаат дека се изгори, мои рекоа дека не може. Дали три пати во годината ги изнесуваат надвор. Кога се на одмор од нашата градинка, ги носиме во друга еден месец. Таму ги изнесуваат надвор, играат во песок, ама не ги пресоблекуваат, си идат дома со гаќи полни песок. И во јули месец, не знаат кое ранче на кое дете е, и кога ги земам се многу жедни. Седат до 4 и ги преместуваат во друга просторија и не им даваат вода, бидејќи не ни знам зошто, претставувам за де не мочкаат. Лани кога отидов да ги земам срце ми се скина. Малиот имаше две години го седнале во креветче затворен, тој плаче, а големиот пред него стои го чува.
И тука се надвор. Во градинката на син ми не се по цел ден, ама внук ми кај што оди се како што викаш, полнат базени и надвор се скоро цел ден и пак не ги мачкаат.
Џабе ќе пријавиш, ехее, какви поголеми "злодела" биле пријавени и џабе. Има мајка што се бори со едно такво, детето со атипичен развој и го затвориле во просторија и излегле надвор, чистачката ги чувала, еве детето во школо оди уште нема разврска. Не знам колку ја следите мајката, детенцето се вика Лео, се преселија во Швајцарија и таму се сега зошто овде со нашиот систем ништо не можат да направат. Жената е упорна и не се откажува, тужи цело време.
Леле што збориш бе?? Сериозно има вакви случаи? Мислев дека скоро се сум слушнала од македонски градинки, ама ова е дно?? Како може бе вака, како?
Да, мислам беше од Кичево мајката, не ми текнува како беше профилот, мака невидена помина јадна жена.
Добро што е со детево , на момент помислувам дека ме мрази и прави за инает работи . Ниту сакам да игра со играчки ниту нешто го занима само глупости и само тоа што не треба , само приплакува за нешто се треска . Стварно се запрашува веќе да не е до мене проблемот . Со бабите е супер пример , а влезе дома настанува хаосот
Да да, детето Лео е прематурче, каснеше со развој, ама премногу работеше со него, после случката в градинка заминаа Швајцарија.
Се ближи роденденот, а јас немам ни време да се опулам, куќата ќе ми одима нозе уште малку. Синко само плаче, само нешто не му е погодено, залепен е за мене. Не можам да мрднам. А станам, а почнува да вреска, да се фрла и треска од земја или почнува да фрла се што му е на дофат. Веќе не можам да издржам од што и вечерите не се хаос. Не знам како се уште стојам на нозе. Главоболки ужасни почнувам да имам од што ми фали сон. За грб болење да не зборам. Само во раце ми е. Ко бебе не го држев волку. Дојдов да се пожалам од што ќе пукнам. Ми се вреска на цел глас. Бар малку да излези. И ајде за крај со убаво да го завршам постот. Синко денес прво шишање, малку плачки имаше ама успеавме. Му се даде форма, сега нека расте да му се вратат локните, зошто ги ишишавме ( само за нив ми е жал ) Инаку како го ишишавме како да порасна, прав дечко
Две прашања имам Паузирам со пробиотик дека мака мачевме со запек. Колку-толку се регулира работава, па би сакала пак да почнам дека гледам таа е препораката сега заради што ќе има стомачни вируси. Сум користела Биогаја и Ваја. Кој ми го предлагате да не предизвикува запек? И со што успешно сте извадиле чоколаден сладолед? На 60 степени не ми излезе. Барав Фрош против дамки, но не најдов па зедов од ДМ едно во прашкаста форма ама не заврши работа. Да купам сепак Фрош, би ја извадило?