За било каква флека прво со сјај за чинии истри ја флекста, па можеш да прснеш спреј против флеки, Фрош според мене не е добар.
Кај син ми молерс регулира запек. Прибиотик линекс, има и капки и прашок. Сладолед, ако е на бело односно светла боја, со ништо.
Не постои флека што не ми извадило. Малку ја наводенувам флеката па прскам од ова да постои малку, па четкам со четка врз флеката и ставам во машината да се пере на температура што сум планирала. Важно е да потенцирам дека НЕ обелува обоена облека, така што можеш да прснеш на било што. По однос на прашањето за пробиотик, за жал нема универзално. Мораш да пробуваш и понатаму, ко што и впрочем си почнала и виде дека ваја и биогаја не се за вас. Мојот пиеше ваја и немаше проблем никаков, а твоето има запек. Нема правило.
Пробиотик Линекс користев последно, откако наполни 2 пред еден месец, веќе не давам. Пред линексот скоро цело време користев Ваја. За флеки Арис де Грас, вади апсолутно сѐ освен портокал и мандарина. Некни од глава до пети се измачка од чоколадо, а беше цел во бело. Само прскам Арис, малку да одстои и пуштам да се пере. Е на веќе испрана флека не делува.
Може прашањево не е за тука така да извинете. Знае ли некој како се зема боледување за грижа за дете до 3 години (претпоставувам од педијатар)? И дали е 70% или 100% платено?
Какво боледување? Обично прво една недела дава матичен, па ве праќа на специјалист. Плаќањето е 70% преку фонд.
До 1 недела е 70%, 2 недели 80% и од комисија е 100%, ама добиваш плата, многу намалена нормално, па те исплаќа од фондот. Платата од работа ја добиваш како тие денови 100% да ти се одбиени, а од фонд не ти враќаат се туку 20 или 30% нели зависи колку си била на боледување. Точно така, и тоа на сува флека ставам, трлам и оставам за перење, не перам, во машина кога ќе и дојде редот нели почнав да ставам било какво средство за флеки (Фрош, Вениш, Рендан сапун од ДМ, Пинк, било што, истурам течност/сапун/прашок кај прашокот) и перам. Само ова ми помага. И Магично средство Џокичеве женке ама тоа ми е прескапо искрено.
Пиши на инстаграм Magicno sredstvo и ќе ти излезе, Џокич се презива жената и пишано е како Магично срество Џокичеве женке.
Мајки што сте доеле подолго, како да го тргнам подојот после градинка? Веќе има 21 месец, до сега планирав да ја одбијам ама сакав постепено, а како бара после градинка тоа е нешто страшно зборам дека мама е тука да се гушкаме и мазиме не мора цице, ама не и не. Грицки, ручеци, омилени работи нудам ама она само млеко сака. Заглавив на одвикнување од овој подој, тек треба и од ноќното. Чаре ќе е само наеднаш одбивање?
Не наеднаш, издржи уште малку. Тоа е начин да се фалат, да бидат поблиску до мајките. Може ќе трае месец дена додека се навикне. На идење од градинка купи сок или чоколадно млеко или сладолед. Ќе биде сита. Дома не седнувај веднаш на кревет кога ќе дојдете. Биди во движење. Мислам дека така нема да бара.
Светлоста наша наполни денес 2 годинки Она е тука за да го гушка тата и да му се радува секогаш, да ја смири и утеши дада кога и е потребна, да и покаже трпение,љубов и нежност,а е толку малечка ама полна со разбирање , да и растури играчки и да ја налути, па одма да се сети дека ако ја гушне лутината брзо ќе и мине она е тука мама да е најсреќна и најгорда што се имаат една со друга. Тата е тука да трча по неа, дада е тука да ја чува и брани, да баци ако се удрила и натепа паркетот оти се сопнала,мама е тука 24/7 без 2 мин на раат ВЦ ама ако, јагне мило е, палешка е Животот е за нас тројца уште поубав од кога си со нас Клара
Ко ќе почни да бара ти одма нешто почни некоја игра, нешто да ја заинтересира, залажувај ја одма, кај мене успеваше така, се навикна брзо. Среќен роденден на Клара, дс е жива и здрава
Среќен роденден убава Клара Стварно е мезимче невидено, премедено дете, каква беше слатка во саботата, ко да не одеше по земја, се топиш кгоа ја гледаш.