Прочитав многу убав текст. И решив да го споделам. Орел еднаш научил жена како да воспитува дете. - Дали си добро човечка мајко? - ја праша орелот. Жената го погледнала под стрес. - Исплашена сум. Моето бебе треба да се роди, а јас имам толку многу сомнежи... Сакам да му го дадам најдоброто - убав, лесен живот... но како ќе знам дали го воспитувам правилно? Орелот слета во близина и одговори: — Воспитувањето дете не е да му обезбедиме удобност. Спротивно. Кога ќе се родат моите малечки, гнездото го правам со меки пердуви и трева. Навистина е топло. Но кога им е време да растат, се отстранувам. Не оставајќи ништо освен трње. Жената на се намурти. - Трње? Зарем ова не е сурово? Орелот ја погледна право во очи. - Непријатноста ги тера да се движат. Трњето ги тера да сакаат повеќе - да летаат, да си го најдат своето место. Удобноста не те учи ништо. - Што ако паднат? — шепна жената. Орелот климна. - Паѓање. Ги фрлам против ветрот. Паѓаат. Јас ќе ги фатам. И пак ги фрлам. Одново и одново - додека не научат да летаат. И потоа? Ги пуштам. Веќе не помагам. Жената со широко отворени очи. - Што ако не се подготвени? - Нема да бидат ако не се обидат. Ако ги чувам засекогаш - тие никогаш нема да научат. Не се работи за тоа да ги оставиме да страдаат. Да ги пуштиме да растат. Дури и кога те боли. Жената ја стави раката на стомакот, зеде длабок здив и се насмевна. - Благодарам, Мајко Орел. Твојата мудрост е дар. Таа е исклучена - подготвена да биде мајка на нејзиното дете: не совршена, туку силна. Мајката го учи да лета. --- Ако сакате вашето дете да лета високо - не му ги скратувајте крилјата со удобност. Нека го почувствува ветрот. Нека патува. Нека се издигне. Вистинската љубов не е да ги криеш од животот. И научете ги како да го живеат тоа. Дури и ако тоа значи да ги гледам како паѓаат... додека тие учат да летаат.
Може ќе звучам многу безобразно, ама оваа лекција е лекција за сите скопски мајки. Зошто за нив? Бидејќи сите ние од провинција не се плашиме за подобро наше и на децата утре да одиме и спроти ветрот, а младиве родени овде ги гледам како се плашат мислиш ако направат мал чекор одма ќе паднат. Многу лошо. Мм е еден од нив, кога бевме и двајцата лоши со работа се плашеше да одиме некаде на подобро, да бараме среќа во странство, кредит му е мисловна именка, да позајми, шанса нема... Строго ако има. И помош од никого не бара, никако, строго сам.
Не го делам баш мислењето за ова среќа во странство.... Зошто само странство е убаво? Не и овде е убаво, само треба вистина да одиш против ветерот. А за кредити и позајмици и мојот не сака и го подржувам во тоа. Зошто тоа е меч со две острици. Сепак веќе тоа не е тема за овде. Маж ми може лупа од јутра до сутра ама има убави примања и живееме супер добро. Не ми паѓа напамет странство. Се бориме овде во ова наше општество и против ветерот заедно. И мислам дека убав пример му даваме на синко, за тоа што е животот. И да направиме од него човек што ќе постигне се со својот труд и без помош.
Па не велам не, убаво живееме сега, ама на времето не беше така. Пред би пробала надвор отколку да се мачам овде со плата од 15000 и дете да немам пелени да му купам. За задолжување сум иста и јас, нема збор, ама за кредити не знам зошто да не, пред би да земам кредит и средам отколку да се мачам со години.
Треба веќе да почнам да пишувам во другата тема. Што е ова луѓе мои? Мама, мама, мама. Има ли сепарациска криза на 2 години? Не можам да влезам да се мочам од него. Вришти ако остане и на секунда со татко му или било кој друг. За спиење само мама, за јадење мама, јас готвам ручек он ми ја гушка ногата. Каква будала сум била што сум се плашела како ќе се снајдам со бебе. Па сеа да родам уште едно немам гајле, бебе ко бебе се залажува со буквално се. Ова тодлерчево нека е живо и здраво ама си бара живци. Не одиме веќе ни во маркет ни во ресторан бидејќи ми е страв. Значи физички ми е страв. Кога ќе започне со тоа НЕЕЕЕЕЕЕ пошо пример салфетката во ресторанот била зелена наместо црвена, што да правам? Луѓе дошле во ресторан да јадат и уживаат, не да го слушаат него кај шо се дере еден сат. Па легнува на под, па фрла предмети, такви драми господе. Господ на помош не знам што друго.
И мене никаде не ми се носи, ист е таков како што опиша... Првото секаде го носевме со нас, бубаче беше спрема ова торнадово
Мхм, сепарациската на 2г уште не завршува. Ми се плаче. Нели? Кога ќе ми текне дека големиот сум се нервирала за нешто... Ми иде бокс да си мавнам.
И ние веќе не го носиме , особено па не се осудувам негде сама Некако уште се држиме за надвор низ парк еден круг . До 1 година беше бубачка , сега тешко нас е ..
Мајки дајте ум. Две години и еден месец. Агресивен, непредвидлив. Тепа бебиња и деца, т.е. ги греби или удара со што и да му е во раката. Апсолутно не повикан, неиспровоциран, тој се пушта да греби како мачка. Се случува некогаш и со двете баби... Воспитувачката два пати веќе ми јавува дека направил беља на некое детенце. И мајката првиот пат ми има реагирано, ми пиша жената, се отепав извинувајќи. Жива се јадам не знам кај грешивме и како да исправиме. Моментално во фамилија ни е најмал, скроз лигавено дете е, а од мене ич. Пробав со убаво, пробав со карање, со строгост, со казнување, со разговарање... Денес на прашањето "зошто удараш деца?", одговор добив "оти пачат". Велам "убаво ли е тоа?", вели "да". Не знам накаде да фатам... "Знаеш дека ги боли? Треба ли да боли?" - "да" Едит. За никаде мош ќе звучам ама никаде не ми се носи, едноставно страв ми е да го измешам со деца. Многу непријатни ситуации ми има направено...
Пробај да приметиш во кои ситуации се однесува така и што му е тригер, пример дали во моментот е уморен, гладен или фрустриран од нешто. Пробај да бидеш смирена и строга и ако го начекаш како се спрема да удри некој да му ја фатиш раката и да му кажеш дека другите не се удараат. Исто можеш да пробаш со “казна”. Пример ако удри некое дете во парк/игротека интервенирај одма и носи го дома, ама секогаш реагирај одма за да ја сфати конекцијата дека таквото однесување има последици што нема да му се допаднат. Кога се однесува добро пофали го, нагласи дека така треба. И најважно од сѐ, не се осеќај лошо и виновно. Фаза е, не си потфрлила како мајка. Братучед на син ми што е 10 месеци постар од него, од скоро почна вака како што опишуваш да мава деца, меѓу кои и моето. Мене ми паѓа криво во моментот како и на секоја мајка, ама знам дека му е некоја фаза и толерирам. Интересното е што кај него е “од чиста мира”. Пример си играат со син ми и од еднаш ќе му текне и ќе го тресне една. Во нивната комуникација син ми иако помал, секогаш бил доминантен. По живо дете е, гњави од милост, стиска, се качува врз него, дур овој стои како теле. И после во најнеочекувана ситуација прави една злобна фацка со собрани очи и ќе го плесне. Исто плескал и некое девојче на другарка на мајка му, а во градинка се немаат пожалено.
Јас се надевав дека ке помине мојов ист е од некаде после велигден, само МАМА МАМА МАМА МАМА МАМА исто како што опишуваш, јас одам вода да се напија тој "мамааа дојди" и само се мкне по мене и мене по него. Дури спуштив wonder weeks а ја имам избришано викам да не има некој скок, 21 месец е вака малку ме полуде деновиве го оставам на свекрва ми и бегам од дома да се излуфтирам.
Многу добар совет не седнување на кревет да си жива и здрава на под си седнав не и текна хаха Благо не давам се уште, меѓу другото пошо сум нов дијабетичар, и самата се мачам да не јадам а и нејзе ми е страв да и давам. Ама да го имам како опција ако згусти, ваљда пре би тоа него нагло све да и прекинам. Пробував али не сум била доволно спремна изгледа, се опремив со нови скриени играчки и пали веќе некомку дена, фала мајка. @Bubish26 ме разнежни баш, среќен роденден на малата А кога не си ти тука е бубаче? Ќере е во таква фаза, многу тешко е бре да се жали само кога е мама тука и да кенка, иначе е перфектно среќно дете. Ни треба луфтирање и тоа како
Имавме период со едниот ваков, помина сега со другиот имаме и се надевам дека брзо ќе помине. Не е е без причина, има некој тригер, дали е за играчка дали е за внимание тоа е малце потешко да оцениш зашто не може да им влеземе во главчињата. Имам слики какви печати имаше малиот од гризење, жално за гледање беше. Се секирав дека нема емпатија и дека ќе биде проблем со други дечиња ама ете помина, сега ако несакајќи повреди детенце во игра плаче од жал и он. Ќе помине мајка, само зборење зборење и кога ќе се случи нешто такво тргни го од таму, ако треба и дома одете одма да сфати дека такво однесување има последици.
Да да, си ја слуша баба му ко прваче. Јаден, спиен на време се со ред. Пред 2 дена на фризер бев да се шатирам, од 10 до 2 ги оставив јас идам дома он спие кома од 12 и кафе испив и си стана во 2ипол. Барем за тоа не ги мислам.
Аууу тоа Мама во уши ми зуи. Станам одма мама мама. За се нешто мама мама. До вц на врата стои и мама мама уџем пусти. И само во раце ми е. Така да изгледа кај сите е вака периодов. Се надевам брзо ќе помини оти грб немам
Сестро, еве скоро две и пол, мислам повеќе залепена е за мене сега од било кога претходно. Мама дојди седи, и така да си седиме едно до друго. Тропање на врата во Вц. За успивање, сега мама гали, сега мама гушни, сега ама кажи Маче, маче. Само што ќе почнам нешто низ куќа да работам одма е мамамааааа. Па нова лекција ни е чекање на ред, ќе видиме до каде ќе истераме со лекцијата.