Готвам јас во кујна, еве ја со сликовница - Мамаааааа, читај.... - Х, готвам сега, жешко е овде ќе се изгориш, оди тато ќе ти чита, и тој ги знае книгите - Нееееее, мамааааа читаааа И така за 500 ситуации
Јас му викам Мачки те не јале, дојди ваму да те изедам Пошто најубаво на свет вика Мама, мама, мамииии...
Не знаев каде па тука. За повраќање при возење освен Наусолвит, друго има нешто? 3 години во Јуни. Лижалчиња не лиже.. Да напоменам..
Јас што се изнаслушав за кај нас во град од градинките, искрено ми се повраќа и ми се иде дете никогаш моја нога да не пушти таму. Жими се некои приказни што слушав, револт се наполнив. Да не даваш вода на дете, да не моча. Да фанеш да не им даваш на нив на 40 степени, нездрави. Па и на едно на пријатели му се карале и го ставиле во ќош дека се помочало па детето следен ден стискање цел ден и каков проблем направи со бубрзите нејќете да знаете, се тужат со градинката сега, ама џабе. Абе се е од лудо полудо, па после ќе ми речат подобро им е на децата во градинка со деца. Епа ај поголеми знаат да кажат колку им е добро, ама оние од година што да кажат сироти.
На гости сме Мк, од 5 возрасни луѓе дома она не ми дава чаша вода да си наполнам, вц никако. Пишти вришти мама како божем ќе ја изеде некој. Може 3 пати да остави некој да ја гушне, а ги сака ама џабе. И наместо дада да се жали што со малово сум повеќе, малово вришти моја мама и не два да ме пипне некој. Внуката еднаш ја кренав и хистерија. Мм ми ја донесе на сред нокти правење, депилација неможам да закажам оти ќе ми се начукаат внатре и двајцата.
Traveline. На малото дадов четврт и топ пројдовме иначе и двајцата повраќаат. На големиот дадов цело.
Мајки многу проблем овој период со храната. Многу бира, скоро ништо не сака да јаде. Од Велигден како се разболе тогаш бараше само млеко (АД) му давав кога ќе посака зошто ништо не јадеше и ми беше страв да не западне уште толку. Сега како да му остана таа навика. Кога е гладен оди стои кај млекото и бара, неќна го оставив 15мин да плака за млеко, па потоа изеде 2 кифли со грчки јогурт. Но, општо и во градинка ми се пожалија дека не сака да јаде како порано. Еднаш ќе изеде некое јадење јас среќна му го спремам пак за некој ден, тој тогаш не го ни погледнува. Ни ориз ни компири, живее на банана јаболки, смутиња од ДМ, краставица и по некоја кифла Стварно сум загрижена дајте утеха
Препорака за патичиња и сандали за многу дебели нозе? Реално стапалото му е за 20ка, јас му облакам 21-22 со до пола залепени лепенки зошто ми е дебело ноџето. На 20ка патиче не ни држи лепенката на колку малку е залепена. Нема премногу широко стапало, туку нагоре му е дебело. Земав крокс за летово, ама што да земам поцврсто за трчање, а да не е 2 броја поголемо за да му ја собере ногата?
Сандалки некои на лепенка. И форсирај да стои на прсти да се вежба ноџето. Голем проблем е и за понатака, еве детенце кај синко во школо носи ради тоа 2 броја поголеми патики и не може на физичко да вежба зошто се сопнува од патиките а не може со точни никако сирот...
Гледав некои сандали со лепенка и напред над прстите, ама за година ипол дете логично ми е да е нешто затворено напред на прстите. Паѓа нонстоп зошто не знае полека да оди, се е со трчањр, ќе се раскрвари мислам ако е отворена сандала. Мислев дали има некоја марка/модел за така дебели нозе. На прсти стои ако се пружа по нешто високо, ама не оди на прсти сеуште. Сега е година и 3мес, прооден е веќе скоро 5 месеца.
Имаш сандали со напред како патика широко. Ипанема, ние сега земавме од Спорт Вижн едни, многу се слатки како затворени прстињата а пак дишат.
Веќе ти спомнале за ипанема, јас планирам да му земам, лани ги купивме за море и топ се. Ама ги гледав и овие и многу ми се убави. Широки ми стојат и за тие што имаат висок рис. Еве слика
Мами од нигде никаде црвен странично кај интимата , пиеше антибиотик деновиве ама не му е првпат,ништо нема сменето...а првпат вака изиритирана му е кожата на препони и дури ко на јај****та... Др вели крем со цинк мачкам ама чудо од 2 3 пати нема ... Чаре?
Моето има поширока нога на мм, ама адидас мислам секој модел му одговара и на најк оние што се со ластик патиките и последно му пробував со лепенка од најк ама пак со адидасот покомотен ми изгледаше. Јас по мм се ориентирам да знам он од кој патики е задоволен па му пробувам. Исто ги гледав на адидас сандалките Ценева што ги има постирано. Лани со тие на кеги поминавме, ама годинава ке бидат ваљда овие. Едит: на рибок исто има убави летни патики и пошироки се моделите.
Кога го тргнавте млекото пред спиење? Приметувам последниве неколку недели кога се најадува убаво навечер количински, не го допива млекото пред спиење, некогаш ни до пола. 15м сме па се мислам скроз да го одвикнам сега најубаво.
Ако покасно вечера, млеко воопшто не му ни нудам. Исто 15 месеца е. Ама нема да му го кратам уште долго. Се додека се мијат заби после млекото, не е никаков проблем да го пие со години. Големата е 6 год и уште знае некогаш да побара млеко пред спиење.
@Spidy исти проблем со 2цата имам Спајди дури беше помал Гого до кај 3 4 год само овај модел на адидас го купував, после можев и други, немаше проблем после 4 год... А од сандали на 2 и пол години оваи ги износи едно лето цело, после др лета воопшто не сакаше сандали да носи.. Сега и малово истото Еве го Гого