Кога престанавме со доење, на 15 месеци. Не дадов ништо после тоа, само вечера па во кревет. Пие малце вода пред спиење.
Неколку пати се десило да ја фатам малава кај што сака да јаде мрсни бојци ама еве два пати последниов месец успеала да ги изеде. Вчера и денес каката и беше цела со зелена мрсна бојца, првиот пат од памет се извадив кога видов плава кака. Мајка ми вели има деца што јадат вар, лижат ѕид и као им фали некој витамин ама мрсна бојца нема чуено некок да сака ова со витаминиве точно е? Колку е штетно тоа што она има изедено? Не можам да кажам колку количински пошо имаат многу бојци и не знам која фали ама каката и беше буквално ваква зелена
Хахха те прочитав и ми текна на случката од вчера. Ќе боеа со брат му боенка,едно време големиот вика дека малиот јаде мрсна боица. Овој црвена лапнал,ама не му се допаднала,па почнал да плука на тепих. Дури му се згади ми го плазеше јазикот. После некое време гледа дрвена боичка и се смее дека ќе ја лапне,јас му мавнав игнор и ја остави
Хахах добро што не му се бендисале. Јас не знам како не и се залепиле за заби и како голтнала, мада за голтање е змија.
Малото изеде црвена и сина, ништо не му беше, ама јадеше само од едни, со мирис на кокос, од другите не.
Он фактички сакал љиљакова кака. Јаде и моево и мрсни и дрвени, ама до сеа не се десило да има во каката пошто го приметувам на време и го терам да плука.
Моето јаде дрвени.... Изгледа сите деца така. Не и се плаши,ништо не и е. Срцки ко под калап,сите исто прават
Дали вашите деца сакаат да возат точаци/баланс бајкови и слични? Син ми 20м полни, топ физичко дете се пентари секаде, трча… ама да му дадеш некоја направа како да не знае што да прави. Толку би сакала да вози… имаме прејак трицикл ама нешто нема желба…
Вози да. Од многу мал дома вози коњче и кола на 4 тркала. Вози и тротинет, а има ептен желба и за баланс, го чекаме да стигне па да се научи и да трчам по него низ парк. Две години и еден месец има инаку, ама интерес за возење има од ептен мал.
Сега почна да вози точно 2г има, предходно се нервираше ептен и плачки беше како да не се трудеше да го совлада. Имаме ние на Scoot баланс сега со него шиба, кумот за роденден и зеде баланс класичен ама она е ниска и мислам за в година ќе и е тој таман сега овој да го совлада. Така да ќе биде, за некој работи преку ноќ ќе засака или ќе успее да ги направи.
Со што се играат вашите деца на 14 месеци? У последно време ретко фаќа играчка, само фрла работи, гребе и гризе, ме тегле за прст да одиме надвор. Таму трча, се качува по скали, се симнува, куби китки, со земја фрла и се качува на оградата на дворот... Внатре кога влегуваме имаме плачки и ништо не го интересира. Тв многу малку пуштам и знае некогаш да се загледа ама не ми е тоа приоритет. Знае со колички да се игра, има стап со кругчиња ги реди знае ама ги фрла на сите страни. Книги пред спиење читаме и у тоа нај ужива. Има со зборови, приказни. Со топка знае да се заигра и тоа е. Кога не е убаво времето беснее внатре. Редовно се шетаме ама кога дојдеме дома само прави глупости.
15 месеца, со метла. Има од сестра му детски сет, кофа џогер метла лопатче, ама не... со големата метла на тераса си игра, со џогерот за дома. И со пластичниот стол во кујна што ми служи за да дофатам на горните рафтови. Муабетот ми е со играчки не игра, џабе не купувај големата играше со слагалици веќе на оваа возраст, он само ги расфрла, редење не постои за него.
Мајки предлог за стоматолог во Скопје? Се плашам дека почнаа да и се искривуваат забите од цуцлата. Некој искуство дали има со ова?
Само фрли ја цуцлата. Може и спонтано да се корегира проблемот. Протези вообичаено се даваат накај 6 години, ако е многу сериозен проблемот може и порано. Ама аномалии од лоши навики се решаваат прво и основно со отстранување на лошите навики.
Јас не знам дали истрипав дека и се криват забите и ја фрлив цуцлата преку ноќ на 2 години и сега има супер заби. Ете Спајди вика и спонтано можело да се среди, така беше и кај нас. И плус уште некое забче и излезе откако ја фрливме цуцлата и ептен и се наредија прави.
И кај моево почнаа да се криват забите по малку и фрливме цуцла и се исправија. Клучно е да се тргне цуцлата што поскоро.
Никаков интерес. 2год и 7 месеци има уште не сака да вози ништо. 2 баланс точоци има, еден помал девен кој беше со 3 тркала од скоро го направивме со 2 и еден класичен баланс, ни во парк кога ќе види од други деца не ги зима. Јас многу сакам да вози и упорно го прашувам дали да го земеме надвор, тој одма вели не мама не сакам возам. И така ќе чекам да му се роди желба. Ама затоа со топки е профи, со рака веќе му е скроз совладана вештина сега со нога како ја води да се збрка човек. Тоа е ќе си се помирам дека од спорт само топка и евентуално атлетика ќе сака
И моето не сака точаци, ниту нешто слично, чат пат тротинет ќе украде од некое дете во парк ама одма го остава, ама затоа и нашево со топките е профи. Имаме 7 дома, уште толку кај моите, ги реди сите и ги шутира една по една и вика глеј сеа како шутирам. Секаде одиме со топка и тоа му е омилена играчка. Моментално најмногу се внесува во игра си магнетни коцки, може цел саат да игра внесен во градењето. Имаме еден сет и планирам уште еден да купам. Најдобра инвестиција. Само некогаш ги фрла и едно скрши и со мм се убивме од барање да не голтнал некој магнет, ги сликав сите делови да знам колку магнети имаат за секој случај. Тоа ме е единствено страв да го оставам сам да игра со нив.
Исто со топките, пред секое излегување оди и зема една, во кола има 3 а дома една голема корпа полна од најмали до големи, такви што светат, за фудбал за ракомет за кошарка, меки како сунгер. Топка во секаква варијанта, 15-20 има сигурно и пак кога одиме да купиме играчка одбира топка. Уште од бебе му се опсесија прв предмет што успеа да го фати во рака беше топка, веќе и сите знаат и место чоколадо му носат топки Можеш да ми пратиш слика од магнетите? Имаме едни од амазон ама не ги игра ич некако чудни се не стојат цврсто едно со друга кога ќе споиш, па не знам дали за такви мислиш или има и други