Јас купив од Светот на играчките, на инстаграм. Добри се, лепат убаво, само ако сакаш самостојна игра, купи обични, без цевки, стази туку само коцки. Јас тука згрешив, тоа не и е интересно, па донарачав само коцки.
Моево 21 месец е, сака да се вози во трициклот, го засака фала Богу засега тоа, сам да вози нешто нема пројавено желба, туку многу сака да црта, саат, лав и слон "црта" сатот стварно личи на сат, круг црта па внатре стрелки демек и после над сатот е слонот е тоа се чкртаници ама кажува дека слон било љубов кон часовници наследи од брат му Иначе од игри се сам си смислува, еве последниве 2 дена со магнетните коцки, на поклон му се даени од декември па дури сега ги игра. Вака ги реди легнати.
@LiquidLuna @Spidy фала ви на сите. Ќе гледам во најскоро време да ја откачиме, има скоро 2. Пробав неколку пати ама неуспешно, не можев со плачките. Сега мора да најдам сила
Фрли ги сите, ниедна да немаш дома. И како поговорката, секое чудо за 3 дена. Само три дена стисни заби и ќе пројдат плачките. Полесно е со поголемо дете ако можеш со муабет да се разбереш, ама кај помаливе кај што веќе прави проблем цуцлата, ова е наједноставниот начин.
Ве читам за играчки. Што да правам со моето што не сака никаква играчка, не се заигрува никако, дали 5 мин ќе се загледа во некоја играчка во денот. Буквално само се мавта низ соби, досадно ѝ е, а не сака да си игра. Само вика по мене, и да не мрдам нигде надвор од дневна. Плачки одма, вриштење. Исто уште еден проблем во последно време што веќе страшно ме замислува и ме нервира. Ако нешто кажам нема или не може, МОРА да фрле сѐ што има околу неа, а тоа е најчесто тоа што е на маса. Ако успеам да стопирам сѐ што замислила да фрле, страшно трескање и плачење има. Тогаш не сака ни да ја земам ни да ја пипнам. Ме полудува. Скоро 22 месеци е. Некој совет или некој со слично искуство?
Да не звучам ко Хитлер ама плачела, не плачела, ако си решена фрлај. 3 дена плачеше и ја заборави, тоа нека ти биде утеха
Јас немам ни една дома освен таа што ја цуца. Ама психички не сум подготвена да слушам како се дере. А моментално и низ друг стресен период минуваме цела фамилија. Само си велам ајде изгризи ја и таа како останатите и да видиме рает. Оти се зареков нови не купувам и тогаш ќе морам да го истрпам
Сакам да ви соопштам дека моето девојче прооде. Толку е внимателна што не паѓа ич, само стравот ка држело во неа. Пресреќна сум.
Моево дете вози багер, трактор Сакаше многу камион и со мм за нова година му купивме како багер напред корпа има а бе мислам се подмоча кога го виде го гушкаше и го бацуваше и пошо тоа е за деца над 3год не ги докачаше педалите и мм ги извади да го вози како туркало со нозете да се движи, прво седеше свртен наопаку на две гајби пластични у сред дневна секој ден го поправаше. Сеа зема багерот и он земја копал, имаат деца од улица што се дружиме трактор ја мислам цел ден да ги оставиш ке копаат земја ке префрлаат, ке носат. Едвај дома го враќам кога ке излеземе. Да знаете што ме снајде вечерта вторник спрема среда стана во 12ипол и седеше до 3 ноќта. Јас дента кога заспа он земав да исчистам вциња кога ке си дојдеме да е чисто, и се заборавив гледам саатот 2и20, а он заспан од 12 знаев дека ке легне покасно ама дека ке дежураме ноќта заспа 9ипол јас додека средив 11ипол ме фати легнувам ете ти го он станува, ајде мамино спиј, ајде мама ноќ е.. приказни, пеам не бе ништо почна да плаче за чај иде мм му носи не бе он не заспива. Едно време лежеше мирен и ја сум задремала отварам очи пазете сеа, земал перница ја ставил кај мм над гз седнал одозгора и збори багер, каи, земја, копа диме. Станувам "што правиш бе дете" ни едно ни две "диме копа багерот" и така до 3ипол копаа диме и багерот ама затоа сабајлето го станав у 7ипол, главата во скут му паѓаше ама издржа дента И многу сака книгии леле само ми носи мамо читај, еден куп книги имаме дома и кога и да поминеме пред книжара "мамо нова кинга дие сака". Се надевам дека ке сака да чита понатаму.
Нека си седи, не му збори, не му обрнувај внимание и толку. Јас кога станува вака, а ретко е, проверувам да не е уво, да не е прокиснат и да не е жеден и продолжувам со спиење ако е ништо од ова. Најчесто станува кога го боли уво, за друго труп е. Да станам и јас со него нема да презаспие гарант, така да си се правам дека спијам и многу брзо заспива.
Има едни од Кеги, ама малку се по за дотерување. Планирам да земам и еден пар спортски модел, гледав Скечерс, Ипанема и Адидас, треба да одам со него да му ги пробам па да одлучам какви. Важно гледај да се затворени напред кај прстињата.
Се спремам за цуцлата ептен, ама ајде еве продолжен викенд ќе имаме за брзо си мислам да пробаме тогаш. Ама кога ќе оди во градинка и таму види цуцла? Или нека се мислат таму воспитувачките?
И мене ова ми е дилемата. Уште е во јаслена група, 90% се со цуцли. Знам дека ќе им ги зима на другите, ама не знам како воспитувачките ќе се справат со него и дали ќе ми помогнат во процесот. Некако се сомневам. Инаку дефинитивно е време да се тргне цуцлата. Таков беше планот, цицање, па цуцла и на крај пелени.
Мајки давајте памет многу се загрижив. Бебе со десното ноџе ептен навнатре гази стои се испозагрижив цела. Прв ортопедски по проодување ни е на 09ти дури не најдов пред тоа термин не знам како ќе додржам до тогаш. Го приметив малце дека беше ама сега некако премногу е симнато зглобчето до земја мислам Што да правам да го носам ли порано на друго место да земам ли некои специјални чевлички? Носеше на k&k проодувалки сега адидас со cloudfoam меки дома си е по чорапки цело време не знам што се случи зошто вака може ли да се корегира? Мм е дустабанлија ама рекоа рано било да се види тоа? 16+ месеци е прооде на 14
Денес ја носев на педијатар, систематски на 1 година, баш зборувавме за стоењето и одењето, докторката ми рече дека до 3 години се толерира одење на внатре со ножиња, на надвор и повремено одење на прсти. Но нормално најдобро да се советувате со ортопед.
Мојот беше со скроз навнатре, дури зглопчето внатре како да му газеше на земја, скроз свиткано. Бевме, рече скроз ок, нема потреба од ништо. Форсирај босо одење и на прсти.