Сите можни совети што ќе упалат да го одбијам од цицање се добредојдени! Скоро 15м е, се буди од 3 до 7 пати во ноќ. Преку ден количински јаде повеќе од поголемиот, не е гладен! Жива ненаспана сум, дојде време за одвикнување. Хелп!
Таму не добиваат цуцла освен за спиење, воглавном знам дека може да го исхендлаат воспитувачките ама може и да биде ептен напорно. Затоа и се мислев дали да се обидеме дома летово додека е на распуст, ама па тогаш сакам да се обидеме да ги тргнеме пелените исто, па да не дојде се наеднаш.
Прекинуваш да даваш и тоа е тоа. Се спремаш психички дека ке плаче ама дека се 3 дена ке помине. Кај мене првата вечер не плачеше, мислам се должеше на тоа дека не цицаше денски, ни пред дремка ни пред ноќно ама ноќе ме правеше партал. Затоа втората жалеше и за првата, ама толку помина. Без големи драми, после 2 недели почна да преспива цела ноќ без будења. Не давав вода, чај сок ништо на будење само му раскажував приказни, пошо така заспива и сега, првата вечер ги раскажав волкот и прасињата 387464 пати јас очекував поголеми плачки ама добро поминавме
Исто како @Carolin. Плачеше 3 ноќи, ама плачење, јако беше, првата и втората многу, 3тата веќе беше полесно... Од тогаш спие цела ноќ, не давам ништо, ни вода ни ништо. На првото дете вода му давав од ко го одбив и ми стануваше за вода после 3 пати ноќе, сега не ништо не давав и си спие цела ноќ.
Јас немам совет некој. Прво го одбив денски. И ноќното спонтано си дојде. Не нудев, не бараше и така.... Ама кога почнав да не нудам бев веќе спремна да слушам вриштење и драми правење. Ама ете имав среќа барем за тоа да поминеме без плачки. Мораш да се решиш и да ги издржиш плачките ( ако ги има ) Три дена секое чудо велат. Мора да има некоја вистина во тоа
Пробај со постепено свесно намалување на цицањето, на пример ако цица по неколку пати пробај да ограничиш на 2 до 3 пати во фиксно време во ноќта а останатото презаспивај со цуцла или гушкање. После и тие постепено исфрли ги. Јас така направив, имавме среќа успеа кај нас.
Истите совети што ти ги дале ги имам и јас. Поголем беше син ми кога го одбив, два месеци пред да наполни 2. Како што ти кажале, стиснуваш заби и издржуваш плачење 3 дена. Тажно е за гледање, ама е за доброто на двајцата. Син ми почна да спие цела вечер од третиот ден откако го одбив. Знае некогаш да побара вода, ама не секоја вечер. Важно е ти да се осеќаш спремна. 100% нема да си никогаш зошто е тешка одлука, ама барем приближно до тоа. Ти посакувам среќа.
Погоре пишувате за одвикнување од цицање. Тоа ја одвикнав на годината, ама за цуцла одвикнување тешка работа. Се трудам да не и ја давам преку ден ама ако ја види негде ела земи и ја. Не ја дава никако. Не знам како да ја одвикнам. Сега па и тројки и растат горе и напорно е..17 м е
Исто и ние имаме проблем со цуцлата , дури ако си ги најде двете наизменично ги цуца Тешко дека ќе се одвикнеме у брзо време , или па мама нема нерви за плачки
Моето само што направи 18м и гледам пак почна да се лигави и да става прсти во уста, мислам дека ќе почнат наскоро горе. Твоето колку е? Само според табелата како што гледам рано е уште, има некоја искуство толку рано да почнале?
5ките обично излегуваат после 3ките, кај секое дете различно, ако се веќе излезени 3ките се спремаат и 5ките. Кај моево 21 месец, сега долу 3ки ваѓа, 5ки нема уште, прв заб извади пред да наполни 9 месеци, па еве сите покасно ги ваѓа спрема првото, кое извади прв заб на 6 месеци, до 2 и пол години ги имаше сите заби. Ама кај второво мислам дека со 3 год ќе оди.. Иначе лигавење, наеднаш знае да се расплачи од болка, мн тешко ги извади горните 3ки.
19 месеци ќе правиме за некој ден, а приметувам овие денови дека почнува да се лигави и затоа прашувам, бидејќи и мене некако ми изгледа рано за петките.
Дали вашите бебиња на 1 година ги вртат дланките и го гледаат нивното движење и пробуваат да ги виткаат прстите, не е нешто што го прави постојано и да е окупирана со тоа, но многу се загрижив
А каде да ја види? Просто и едноставно, скриј ја на недостапно место. Големиот само за спиење ја добиваше и ја криев во плакар горе, без да ме види вечерта ја вадам на кревет, одиме да спиеме и толку. Битно да не ја гледа. Исто навечер заспие, олабави, вадам и нема цела вечер цуцла у уста. Скроз! Се истражува. Нозе, раце, па ќе си чепка пупаче, па машките тегнат куре пошто нели е ко израсток Ќе си го осознае гласот па ќе почне да вика да цика... Опасно е ако ги гледа постојано и на тој начин се дистанцира од околината, ако е во вид на игра не е страшно.
Не не е постојано како да е опседната со тоа. Таа си игра промер со коцки ги реди и ќе направи некое движење и ќе почни да ги гледа или кога ќе стани од спиење додека лежи ќе си ги погледа рачињата и после си продолжува најнормално. Само се загрижив и со вртењево, денеска на пример два пати има така направено по неколку секунди и си продолжува со активноста.
Тебе не ти се десило некад така у досада да си ги вртиш рацете и да си ги гледаш некоја секунда? Мене да, често...и апсолутно не е никаква причина за грижа. И да, знам за што се грижиш Остај детето да си го осознава телото и околината.