И јас уште в раце го заспивам (21 месец) заспива за 10 мин така, ако го оставам со брат му на спална заспивањето ќе биди 1 сат, а касно легнуваат 10ч, пред недела лежев и јас до нив и 1 сат заспиваше малово, големиот заспа побрзо. А иначе сам по сам да заспиваат не е можно оти без бато малото не оди в спална, плачи дури не дојди бато Летово ми е план да пробаме 2цата в детска па си велам ќе успеам да го вратиме мм в спална
Јас мислев само мојов маж е принудно отселен од спална. За заспивање имаме и за 10 минути и за 1,5 час, така да таа тема ќе ја скокнам.
И малово мое не легнувљ додека дада не легне ама моиве во дневна заспиваат и ги префрламе после. Иначе дада е 5г од лани е демек в детска ама секоја вечер станува и иде кај нас, па ние ја враќаме некогаш и по 2 пати, ако стане мм знае со неа в детска да продолжи, а ја стриктно ја враќам. Е сега за да не го замара него некогаш знае да и рече легни си на спална и да оди он в дневна. Кога ќе видам дека е до мене чурам
@lackygirl да не пишувам во другата тема. Прочитав вакцина сте ставале, која? Јас за мрп треба да го носам ама на 8ми одиме на одмор малце страв ми е искрено. Си викам да одложам, до сеа сме чекале па и две недели што ми мењаваат. Го запишав во градинка детево, сеа ми се плаче а тек тогаш
За дете од пред раѓање бев решена дека одма тргнува во градинка и ни ден не се премислив. Е сега има денови кога си плаче на оставање и ја мислам цел ден како поминала. Денови кога прави глупости таму и такви денови кога е пофалена. За маж во последната година толку ретко сме поминале цела ноќ на ист кревет, што кога ќе се врати во иста соба има ко млада невеста да црвенеам Бар во иста куќа сме секоја вечер.
Верувам дека е така. На моменти само викам како не оди во градинка малку одмор да имам. Јас секогаш зборев дека ке оди во градинка и за негово добро е тоа секако, ама не ми беше верно до сега. Ке му ја мислиме здравје од сптември
Шала на страна, потребна си е градинката од повеќе аспекти. Особено за деца што се сами, немаат брат/сестра. Син ми е веќе 15 дена дома и секој ден сѐ позбеснат е од што нема со кој да се изигра и му е досадно. Понеделник го чекаме како топла вода.
И јас поднесов за градинка. И се молам на бога да го примат. Јас со душа сакам да оди.... И покрај тоа што знам што следи, прилагодување, плачки, разболувања. Ама дома веќе не знам што да му правам, колку збеснува. Секој ден тантруми на најјако од досада ми личат.
Дитепер ревакцина прими, нема примено ММР таа септември здравје, исто уште една доза пнеумокок, на 2 месеци ќе ги ставаме овие, прво пнеумокок па ММР и да завршиме. На 4 месеци почнавме со него вакцинација дека беше со антибиотик на 2 месеци па одма потоа и сипаници... Па есента пак со болести и затоа вака се задолжи. Пу пу пу се стекна малку имунитет, поќе од месец оди в градинка без прекин. Супер бил таму, мирен, најмирен бил јадел, спиел, си оди без проблем. А дома не тепа
Мајки што давате за подобрување на имунитет? Почнавме градинка и не можеме да се оправиме од болести.
Давав се што ќе ми предложеа матичните. И Дефендил и мултивитамини. Молерс и Д3, тоа пие уште редовно. И Бронховаксом пиеше заради пневмонија и бронхити. Кај нас тек после 1 година во градинка, малку од малку е поиздржливо.
Како се дава Бронховаксомот? Од колку години е? Ми го спомна една колешка дека само тој и помогнал па ме интересира.
Ништо не треба, само да помини 1 цела година в градинка, да ги помини сите годишни времиња и сите вируси, после тоа ќе си има имунитет
10 дена се пие, 20 дена пауза и така 3 месеци, фактички 3 циклуси. Наутро на гладно. Го има и како прашок со малку вода се раствора и како капсули. Може и од капсулите само прашокот да се пие. Колку што се сеќавам за 6+ месеци беше со возраст, па нагоре.
Време. Што и да даваш треба да помине време и да ги помине повеќето вируси, баш како што ти кажала @lackygirl
Мајки до кога дававте ад..или до кога планирате....напрајвме година и сме на ад .пробав два дена кравјо ама неќе за жива глава
Од сите болештини поминати со градинкава (хоспитализации, стомачни, бронхити, пневмонии), сфатив дека најдобро е да се остават работите по својот тек. Давајте само вит Д обавезно и во акутна фаза плјс вит Ц. Имуномодулатори и стимулатори не, само полошо прават на имунитетот. И бронховаксом пиеше, и уште едно сингулер мислам, ма џабе е се, дете на пумпица ми заврши со години. На нашиве матични најлесно им е да удрат на дефендил и останати, на антибиотици на секое спуштање, на секоја бактерија во нос минимум локален антибиотик. И не се тешете дека таа една година да помине и магично ќе заодат во градинка без проблем. Моево 5 години оди во градинка, нема што не помина, дури и салмонела сега последно, па можам да кажам дека последнава година е подобра. Често разболување, ама не толку бурно. Нормално да кажам. Некое дете ќе помине со носе растечено неколку дена и малку кашлање, а некое како моето ќе завршува во болница на секое. Козле и Систина сите ја знаат. И срце ме боли затоа што ја обожава градинката, а многу често и по 2 месеци не одеше. Сега си викам за 3 месеци прваче, ваљда ќе е подобро, не остана нешто непоминато.