И јас некако не очекувам 1 година градинка и магично да направи имунитет... Гледам поголемите дечиња околу мене пак се разболуваат (не секоја недела да) ама многу ме обесхрабрува тоа Можеби кога родителите не префаќаат од деца е полесно, ама скоро се префаќам од неа, и заглавувам и јас со антибиотик, кашлање, омалаксаност и немоќ и после прележано. Сфаќам дека ќе пораснат, ама овој период ми е толку тежок и се осеќам скроз беспомошна.
Кај првото дете точно 1 година беше, последно болен февруари, после тоа дури декември, потоа пак цела година здрав освен сипаници што прележа ноември таа година, после некои полесни лагингити фаќаше ама ништо страшно без антибиотици. Прваче еве завршува веќе, ниту еден ден не отсуствуваше од настава, јануари пак ларингитис помина дома на распуст. Пред месец 3 дена тр имаше од нога ја помина..
Мојот на почетокот нонстоп беше болен и цело време правевме паузи од градинка. Зимото пак месец ипол дома го чував, средина на февруари кога се врати првпат одеше три недели во градинка поврзано, ама после тоа ни наплати со пневмонија со еден куп вируси и бактерии на пнеумослајд. Од тогаш само уште еднаш се разболе до сега. Муабетов ми беше дека како минува времето се помалку се разболува, да не речам еднаш месечно што е пак издржливо за разлика од почетокот секоја недела имаше нешто. Ама јас сепак давам цело време вит Ц и Д, плус киндер имуно и б комплекс.
Нормално дека пак ќе се разболува, ама разболувањата не се исти како на почеток туку се сѐ поретки и најчесто ги поминуваат од нога.
Има ли некоја репресија на 14/15 месеци? Веќе недела и кусур прави бунт за спиење. И тоа трча цел ден, игри, јадење, прошетки. Кога ќе дојде ред за спиење збеснува. Го нишкам се тегне, легнувам до него се смее, ме шутира. У 9ти скок е моментално. Имавме ред убав цел се измести, стануваше 7 па и пред 7 и 8 беше кома. Сега станува 8 и до 9 и пол не можеме да го легнеме. Спие 2 саати преку ден и навечер 10 11 саати. Мислам такан е. Буден пред дремка е 4 и пол 5 саати и навечер до 6 и пол саати ама сега веќе и 7 и над... Мене на регресија ми личи и скок. Мислам не е до колку е буден или колку соие. Заспа сношти лежејќи првпат. Веќе не знаев шо да правам. Се тегне, прави браво, удира шамари, ме турка. Сам у креветче седи ама не заспива. Имавме и супер рутина, прес спиење книги. Сега му здосадија и само трча а гледам да го смирам пред да го легнувам, го бањам, светло пригушено о џабе..
Ооо градинка е лесно да каже со тешко срце ја пуштив на 10 м. Морав на работа, па отказ, 4 работи сменив оти ни една не ми одговараше на тоа темпо, тргни застани... Лесно се прилагоди но додека да стекне имунитет 3 м траеше адаптацијата. 2 градинка 5 дена болна. Така што пушти што побрзо и кога нема многу вируси да може да стекне имунитет. Не се само плачките како што веруваат многумина. Од плачки ништо не видов, ама ние проплакаме додека да ги прележиме сите болести цело семејство сите болни, еден па друг. Па трет, особено ако е прво дете како на нас што ни е, а па ако чекаш премногу ќе почне повеќе да разбира и нема да сака да оди. И такви имаше во групата се откажаа.
Во врска со градинки и болести и кас се мислам дали ќе го пуштам септември. Планираме да го запишеме приватно. Одсекогаш се додека се има можност нормално сум била против да се пуштаат мн мали децата. Иако сите деца нормално не се исти ама водејќи се според внука ми на 3,5 год почна во градинка. Дотогаш веќе стекнат имунитет, за јадење ред,за спиење се ок. Одма се прилагоди без ниту еден да заплаче и тоа што одеше на мак а замислете дотогаш ниту 1 збор не знаеше мак. Се беше во ред ниту еднаш не се искара со др си имаше другарчиња, провлем беше што јад емн е вистински гурман па на некое дете ќе му земеше од јадењето хахахах. За болести 1-2 пати ако се разболуваше год и тоа дома ќе поминеше 2 дена 3 толку. Сметам дека ова исто така се должеше на тоа што таа порасна надвор. Цело време беше во двор освен на ветар и дожд. Ама ладно ама снег таа ди играше надвор. Ама и на тоа што во текот на 7 год само 1 има примено антибиотик. Сметам дека мн често даваме антибиотик и телото станува имуно па и низок имунитет. Не знам, 1 дете ми е сеуште е малечок којзнае како ќе се одвиваат работите ама да не е маж ми јас антибиотик би дала само за голема кашлица ама кој ќе се кара...
Јас го пуштив на 8 месеци во градинка, морав да се вратам на работа . Сега сме 18 месеци и само еднаш фала богу се има разболено . Успешно ги одминавме сипаниците и вирусите како не знам.
21 месец, станува околу 7, има дремка од 12 до 1 и пол, 2. Навечер заспиваше во 8, па во 9, периодов 10, 10 и пол, некогаш и 11 не фаќа. Дете истрчано, наиграно, не е мн по јадењето ама не е ни гладна. Што е работата дали е период ова?
Не ја оставај повеќе од 1ч и 30мин да спие. Јас ако го оставев еден период 11 не ми бегаше. Сеа пак поизморен е па спие повеќе ама не му влијае на ноќно. Пробај така или пробај буди после 1 час спиење да видиш наврчет како ке биде. Може и учи нешто ново и е повозбудена. Моево пред спиење цели романи раскажува, сам се заспива зборејќи. Внуката беше така, се мачеа и на крај после 2 роденден си е без дремка спие од 10 до 10 и тоа и е тама
Фала мајка. Учи нови зборови, пее нешто на кинески, научи да скока па денес и текна и на кревет да проба. Презабавно. Еве само што заспа со нишкање толкава голема ама мм го инволвирав да ја заспие пошо попуштив со нерви. Завчера имаше само 45 минути дремка, камионот за ѓубре ја разбуди, а заспа во 10:15 вечерта ееееедвај. Иначе е во градинка и таму по 2 саати спиела, не им одговара да ги будат. Со среќа да ми е новиот распоред значи, тек има доста за учење зборови и реченици и ридови и долови
Oх леле не знам што да кажам со градинкиве. А премала е за да нема дремка, ама барем да ти се најдат после 1 час да ја будат. Ем се од голема помош ем од друга страна па никако не се снаоѓаат го тераат нивното. Пробај вади ја надвор нека трча нека вози велосипед и бањање па кревет. Ама за деца што не спијат односно помалце саати им треба за спиење нема што да се прави.
Нема правила, има деца кои недоспани се жив напор, толку се плачливи и тешки, да не можеш да ги сопреш, има деца без сон спијат навечер поубаво. Моите се од првиве. Ако не се одморени цел ден се ќенкави и се нервозни многу, особено малото, го разбудиш ли ти место он сам да си стане, тоа е такво плачење, урлање, викање... Така да подобро да се наспие и да си стане кога му се станува, отколку да го будам и да трпам после цело попладне. Кај нас во градинка не ги оставаат, ги будат, во 2:15 се сите станати зошто им следи ужинка.
Како ги облекувате децата за спиење? Пробав со боди на долги и тенка вреќа ама не му одговара изгледа... Собата има 22 степени а преку ден до 25.. Не сме почнале со клима уште, ама у јужен дел сме преку ден е само на куси ракави и панталони бос. 15 месеци е дете ако има значење..
Трча не застанува, и дома кога ќе дојдеме околу маса плус уште 150 круга Денес и аеробик вежбаше со мене, многу забавна активност заспа пред 10, ваљда до аеробикот е Само трпението да ме држи и паметот за да и го сконтам редот. Сум приметила и кај ќере е така ако ја разбудам јас или нешто нагло. Си се жали после до вечерта. Иначе пробувам понежно, кревам малце ролетна, пуштам некоја музика потивка, отварам врата да е галама малце и полека ако се буди неаме гајле. Порано спиеше со бел шум, тоа ако и го исклучев за 5 минути станува како да и дошол редот сам Али све џабе во мојот случај. Ваљда фаза е, а. Хмм е да јасно, сигурно се врткаат некое време. Ама кога прашувам секогаш ми викаат 2 саати дека спиела. Некогаш во 3 кога ќе ја земам е со линии од шо лежела по рачиња, лице..