Боди по кратки и кратки доле, покриен со летно ќебе од вчера. Многу е склет јас летно време само по боди го легнував, исто и летово здравје ако е толку топло
Дали пуштате клима? Нагло затопли без клима е 25степени во спална, ја пече сонце до кај 12-1. Јас ја пуштам кога стануваме гасам кога спиеме, и за дремка ама сепак го гледам топло му е после саат се отскрива и испотен станува, а спие по боди само и со чаршавче покриен.
Уште не. Во стан сме ама добра изолација има зградата и уште не е жешко внатре за да се пушти клима. Не го покривај и нема да се поти.
Кај нас е веќе прежешко и синоќа спиеше на боди по порерамки плус пижами на кратки и нагоре и надоле плус покриен со тенка прекривка.
Мене ми е страв да не му се голи половините оти прета цела вечер. А у вреќата иако е тенка му е жешко.
Боди по долги и долги пижами доле , секогаш го покривам со нешто тенко ама многу е склетџија и се отскрива и зимо и лето.
Што вирус има сега? Темп ноќе дига 38.7 цел ден супер е ама ни јаде ни пие ни спие а е детенце што си е меракличе за ручкање сега ништо бре на се прави нененее со глава и рака
Исцели пижамки земи, кратки доле, кратки горе. Мене стварно ми е веќе топло и кога е 27 степени плус вака ја оставам. А некако бргу ни се стопли дома, башка што е склетџика мојава.
Боди на кратки и пижамки доле. Јас така навечер го облакам. Жешко му р и ова моево склетџија не виден е.
Гледам сите се ултра скапи така што кеги к&к или спорт вижн адидас до 1700 1800 ден Вајкики х&м де факто ги поминав сите се претврд ѓон за мода терање. Да видиш мат стар имаа поевтинки ама јас овие што ги фатив 1400 беа. Синсеј на веб ама во продавници ептен слабо
Немам користено за ќерка ама блиски цело лето лани користеа Ипанема, со затворени прсти моделите. Да провериш дали би одговарале такви.
Фала ви женски, разочарана сум и јас ептен од ваикики, х&м итн преубави се ама тврд ѓон. На ипанема ги гледав прееска баш и веројатно ќе му земам од таму, ама ќе проверам и мат стар, во к&к бев исто прееска 2400 кога ми рекоа си искочив
Дома уште не ми е толку топло за да пуштам клима, дури и навечер по долги спие ќерка ми, откриена. Инаку склетџика е и веќе цела недела оди во градинка по шорцеви и маичка, а и попладне кога сме излезени. Клима пуштам и во кола, а пуштам и дома откако е родена. Нормално да не дува директно во неа и не правам големи температурни шокови. Дува на ладно ама на 26-27 степени. Колку да го освежи воздухот. Во спална не пуштам клима, се разладуваме со отворена врата од дневна.
Без чорапи. Јас никогаш му немам облечено чорапи за спиење. До кај 7-8 месеци спиеше со оние целосните шпкозни со стапалца фати жешкото и од тогаш лани цело лето на боди по кратки спиеше.