Јас му земав на фила од deichmann ако те носи пат на кај србија овде поблиску. Меки се и преубави ама 30е и тие беа.
Здраво Син ми е 12 месеци. Вчера вечер и во текот на ноќта имаше тт ,качуваше до 38.6. Сега нема тт,но му се појавија црвени по телото. Дали може да е од алкохолот што го мачкав или од тт? Се плашам да не искочат некои сипаници
Росеола е, од температурата е осипот. Ќе помине, нема потреба да мачкаш ништо. Алкохол ако мачкаш за ладење при температура, секогаш разреден. Макар што со алкохол се оди ако е ептен висока и не симнува со антипиретици воопшто.
Ако излезат ќе си помини зошто страв, секако еднаш ќе ги помини. Моето на 2 месеци ги прележа. На 38.6 не се мачка алкохол, тоа на 40 се прави, 38.6 не е висока тт. Тема сандали, моево од брат му ќе ги носи изгледа, рајдер се, правото дете си ги носеше цело лето. Отворени се напред вака нешто е моделот, а имамр и од мат стар затворени.
И мене ова ме интересира, во фаза на проодување сме и не знам какви треба да се сандалките. Пиши баш какви ќе земеш.
Лани син ми проодуваше летото од кеги имаше проодувалки, сандалки ама напред затворени. Цело лето го помина со нив.
Дали без мрп смее да оди на градинка? Сакам да ја запишам, нп барем неколку месеци да ја одложам вакцината. Не сум антиваксер, онака ми е страв.
Овие ги имаше син ми. И со босо ноџе му ги облекував и со чорапи кога беше поладно. Едино овие му биле износени. На крај веќе немаа диносауруси на нив од што пред секое перење со арис де грас ги штркав.
Ќе потпишете потврда кај вакцините за одложување на некое време и со тоа во градинка нема да ви направат проблем. И јас ќе ја одложувам и вака ми кажа и педијатарот и во градинка.
Пролајф во шишенца давај му неколку дена, кога има пролив на ќерка ми и го давам многу добар пробиотик е за еден ден и го снемува проливот.
Смекта. Со пола кесичка на 10 месеца завршив работа откако цела недела беше со пролив и секакви пробиотици. Знам дека не пишува нигде дека може на толку мали деца да се дава, ама еве да ти споделам искуство.
Проливов му е од вајата ја мислам. Он нормална столица си имаше пред тоа ама почнав да давам заради што ке одиме на одмор. Одсабајле сите три пати му пропушти памперсот од течна столица.
Диастоп пробај. На ќерка ми и одговара. Повремено и давам и буларди јуниор ама тоа е како прашок се раствора во вода.
Леле не знам, до кога ќе можам.. Во градинка ми рекоја по истекот на потврдата за одложување мора да доставам нова или да ја прими вакцината. И мене ми е страв да ја ставам, до сега сите ги има примено редовно, ама за оваа се плашам..
Линекс капките, по 6 на ден. Или диолин ќесичка да пробаш два дена ама може ќе ти ја поврати, моево како ја испи така млазови исповрати..
Мој искрен совет да не ја одложуваш. Тргне ли во градинка никогаш нема да ти е 100% здраво детето, бар првата година. Ние 2 пати ја повлекувавме од градинка по 3-4 нрдели да оздрави за вакцинава, потрошивме и одмори и боледувања и на крај пак недооздравена и ја дадоа и си имаше побурна реакција. А не е многу болежливо дете, ама бар по некој мрсул во денот секогаш има. Не да те плашам да не ја прими, само да нагласам дека е битно да е скроз здрав кога ќе биде тоа, а со градинка тоа е многу многу тешко.