Точно , јас така ја одложував и сега цело време нешто поднастинат и не можам да најдам момент за да ја прими.
Од дете што јаде све и количински многу , оваа недела освен овошје и млеко ништо друго не сака да јаде. Многу се лигави ваљда 3ките го мачат .. Освен гелчево за заби на фризидерм нешто друго да препорачате ?
Какви сандали користите сега за во лето? Да не испоти ногата,да не се лизга? Што треба да пазам? Цена не е битна.
Нешто ладно да јаде како ужинка? Пример банана насечкана на кругчиња па во замрзнувач. Или модли за сладолед ако имаш да си направиш малечки или во коцки за лед, во лажичка. Не многу количински ама колку да се олади, помага кај нас после да јаде малку повеќе кога вади заби.
Мајки ми треба препорака за педијатар, моментално сум во Мк сакам и тука да ја однесам, но не знам каде. Кој педијатар го препорачувате во Скопје?
У модлите за сладолед шо ставате? Пробав со банана и јогурт ама не сакаше .. Четворки изглегуват на синко, секоја вечер у 4 станува и тешко заспива... Може и регресија е, не знам веќе.. Инаку осанит ставам и гел фрезидерм. Мокра крпа у замрзнувач и глодалки..
Банана, мед и млеко. Иначе најубав кремаст сладолед правам од замрзнато овошје, банана обавезно на тркалца сечена ја мрзнам, блендирам во блендер и ставам малку млеко и мед за да добијам кремаст, се става по малку млеко за да не дојди течен и јас го јадам.
Банана на кругчиња замрзната, грчки јогурт, мед, путер од лешнк малку и што ќе се најде овошје по фрижидер пред скапување некогаш ако имам и урма/сува слива. изблендирано во нутрибулет
Мајки со коксаки Јас ја носев малата на 3 места: матичната Систина и плус кожен бевме Препораките се изопринозин , рупафин, вит Ц и течности Е сега оба исфрли по 5,6 на рачето , нозе и гениталии На усте нема. Дали да очекувам нови , од саботатат и почна температурата имаше до понеделникот.
Нема да излегуваат нови. Овие ќе почнат полека да се повлекуваат и да избледуваат. Може да помине недела две додека да ги снема скроз.
Јас не ја мачкам ништо така ми рекоа на трите места кај што ја носев ама шубе ми е така што ја оставив
Генерацијо, ѕрцките и ги извади на баба му, ќе откачи женава со него, паѓа се шантра, и не се дава никако да заспие, и глупости прај од умор Со мене троа поарно заспива, ама пример во неделата стана по 15 минути спиење, свеж цел, и ме вика да одиме во дневна да си играме Крш и безредие ни е спиењето, тоа е таа фамозна регресија. Некад и ноќе се буди и си играме возиме коли во 2 наутро А надвор не запира само трча, се пентари по угорници, скали, 100 пати падна, колената се пепел, денес и уста раскрвари, се плесна на бетон. Не сака во точаче, количката нејќе да ја смисли одамна. Кога ќе помине фазава на трчање и затепување при трчање? За другарка прашувам
Како ги заспивате на 15 месеци без лулање? Се тегне, буквално на сила го заспивам.. Пробав да легнам до него и со мече ама само ми бега од креветот и се качува насекаде.. Пробав со песни со приказни, сам го оставав, ништо не помага.. Само трча у креветчето од една на друга страна а поминале веќе 6 7 саати од кога станал од дремка. Веќе цел месец е така... Регресија ли е или не му се спие? Пробав и порано и покасно не знам веќе.. Цел ден трча, се качува, у двор и шетаме, се играме..Мора да е изморен.. Стабува кај 7 дремка кај 12 до 1 и пол 2 и 8 8 и пол го заспивам. На една дремка е веќе со месеци. Не оди на градинка уште.
Кога почнаа вашите деца да покажуваат со прсте..13 месеци сме...пред гпдината почна да покажува со цечо раче де со прстето и викаше те и сега нешто слабо ...иначе другите гестпви мимики праве...