Во тој момент може да им е поинтересно друго нешто затоа тоа послабо го прави, не се секирај ќе почне пак, сега све им е интересно еве мојата за 1 недела ќе прави годинка, сега за сега покажува со прст
Никогаш не сум сум го заспивала со лулање и ваљда затоа не сум имала мака. Мора да издржиш тоа е, пробај со шетање во раце, без лулање, па полека да транзитираш во седење во раце на кревет, фотеља и полека да го легнеш. 2ипол има сега веќе почна да заспива скроз сам на кревет до него да лежи некој само, без да е залепен за мене или на рака да ми лежи. Исто и големиот.
Па да шочна да оди да се пушта.. приметив и чао не сака баш..коха он сака ило пример викам кажи чао и гледа гледа и коа заминеме тогаш прај
Сосема нормално. Башка што може му досадувате со направи ова направи она кога он открил толку возбудлива вештина за движење. Остајте го детето да се радува
Дејзи кај нас заврши 10ти, преживеав ама ај нека не се повтори дали секој ден има дремка? Мене ми е мака, почна да ја одбива после скоков 5 дена не сака, 6ти ден ќе сака, ама прекасно 17ч/18ч и тогаш или ќе дремне пола саат или ич не и давам, зошто ноќе ќе дреме до 23ч таман фативме ред и со скоков и регресијава, се и се поремети. Во 21 и 30 заспиваше. Сеа нешто подобра е, тера без дремка за жал ама до 22 заспива и спие цела ноќ. Еве ја другарка му, 100 на саат е, не застанува, дома слабо сама се заигрува, а надвор трча, сака сама, не дава да ја држиш за рака, ама па не паѓа, дали 3 пати и смешна ми е, одма раце пружа, се брани сама среќа нема модри колена и гребаници. Ќе си паѓаат уште некое време, додека да ојачаат убаво П.С кога легнува навечер? Секоја вечер се буди?
Откако ја одбив, ја заспивам со мене на спална, и пуштам дожд, ќе се поврти лево десно и сама си заспива. Чекам убаво да заспие 10 15мин и ја префрлам во креветче. Види и временски да не му е многу дремката. Пробај смени нешто.
Не му е многу будност? Моево 2ч станува 19ч заспива а е 17+ На спална со месеци заспива со мене темно црна темница легнува на гради и е заспан за 10мин. Чекам да удреме и оди во креветче Генерацијо скокот беше крш ама не изремети спиење многу. Само 10 дена почна да се буди 2 пати ноќе и продолжи цела вечер инаку ќе се застрелав. Од рашаље си станува рано 6 7 така држиме ама супер спие од 19-20h до 6-7 супер е (освен викенди де )
Мојов нема избор пошто до 8 на работа сум, па дур дојдеме и се средиме, 9-10 го фаќа дур го успијам. Стануваше вака минативе 10 дена: најчесто во 5:30 сабајле (ќе се пукав у колено кај и да е), некад 6, а сега еве два дена се буди во 7 и нешто. Спие еднаш денски (до скоро фаќаше некој денови и втора дремка) ама сега една само, и кризира до вечерта дур да дојде време за спиење. Ќе видиме до кога ќе смени. Пошто секој ден различен е. Иначе и свекрва ми вика почна едвајјјј да се успива и за таа една дремка деновиве. Како им одговара така, само ноќе да спијат. Ноќе иначе се буди пошто уште цица, и не знам како да го одбијам, рика зајдува и не заспива, пробав cry it out, викам ќе се смори и ќе заспие, ма јок. Сенф оцет и слично, изеде излижа све.
Така заспиваше шетајќи низ соба и полека на кревет седнета ама сега се тегне и морам да го лулам. Многу е темпераментно моето тодлерче. Исто пуштам дожд звуци ама се дига низ спалната шета а не ни е заградена, висока е. Еднаш само бев упорна заспа така лежејќи, може треба да сум повеќе упорна. Од ко премина на една дремка е буден по 6 6 и пол саати. Еден период функционираше супер сега дали е регресија нз. Насабјле само е буден 4 и пол 5 саати. Мислам и ме осеќа нервозна дека едвај чекам да го легнам и затоа не заспива. Инаку 15 месеци станува минимум 2 пати навечер.. У скок ко беше сега 9ти стануваше по милион пати, плус четворките му се издуени..
Одамна сте пишале. Ама ќе се вмешам. Не се плашете. 99 посто ја имат примано овде никој нема нус појави. Мене би ме било страв да го пуштам синко во градинка без ммр искрено. Јас повеќе се плашам од зараза без вакцина, страшни се компликациите. Ама сепак вие ди одлучувате. Да додадам ја прими на 15 месеци моево и ништо не се случи. Се си беше ок.
Мислам дека по грешка си ме цитирала мене дека ова мислење беше за диолин течноста во секој случај моево е 16 месеци и мрп уште не сме примиле, од 13м наваму (тогаш почна со градинка) немаме 3 недели раат без бактерија или нешто да биде малку подобар и ќе го носам ама баш ни се одолговлечи ептен и нас
Eee можно е да е грешка цитирано кај тебе. Се извинувам. Над вашето мислење е тоа што сакав да коментирам @Sredstvo неа сакав да и пишам. Па нека прочита погоре
И мене ми е страв така да ја пуштам, ама стравот ми е уште поголем од вакцината затоа што од последната на дитепер имаше реакција и завршивме на болница (по неколку часа од вакцината имаше како гушење.. Секакви испитувања правевме.. Фала му на Бога се заврши добро, но стравот остана)
Мојава не покажува знаци на кризирање, гајле нема, може да си седи и 11 саати будна. Вчера дремна во количка(за чудо уште ја прифаќа количката, ама е мирна само кога јаде смоки оние Лино и сличните или и се спие, а ако и е досадно бара да шета трча) ама само 40мин и ја будевме, после 18 заспа. Ќе морам да направам промена, 7 8 да ја будам, да видам како ќе реагира, дали ќе дремне порано. За цицањето, да ти кажам како песна ја откажав, и зборев нема мама млеко, ставив фластер, 2 пати побара од навика и толку. Ниту плачење, ниту барање, ништо, како никогаш да не цицала. Пробај зборувај повеќе со вакви приказни, ако не зборат мн, разбираат што им збориме, биди упорна, ќе се откаже.
Мене по ова што го опишуваш ми изгледа дека не му се спие тоа време. Мораш нешто да смениш, е сеа дали со дремка, дали ноќно заспивање, не знам, пробај се. А за темпераментна и мојата е, ама некако и го фаќам редот за спиење.
Ова моево малце рогато е и инат голем... Разбира кога ќе кажам нешто дека нема, и он со рачињата покажува дека нема. Ама за цицање тоа не му важи, се треска, ме влече, се фрла наназад итн. Ќе зборувам повеќе и ќе лепнам фластери па да пробам. Иначе еве денес кај мајка ми, дремнал еден час сабајле од 11-12h, и сега пак заспа во 16h, веќе еден час спие. Вечер или журка до полноќ, или ќе заспие кај 10 и ќе рипне во 5 сабајле. Дека недела нели, и не сум на работа утре Пробај смени и, ама мислам сами си диктираат распоред. Ако и се спие ок нека спие, ако не пак ок, штом е весела. Еве и јас сум спанка, 8 часа некад ми се малце, а маж ми и со 5 часа сон е свеж и вежба и е активен до даска.
Јасно. Од дтп ревакцината и моето крена температура. Од ниедна предходно немаше реакција, чак и ммр а од дтп да. Инаку со деце е така. Уште многу стравови ќе кркаме. Ама не може и во стаклено ѕвоно да ги чуваме така. Нека поминат жештиниве и ставете ја моја препорака а ваша одлука нормално.
До недела дена ќе и стојат, ништо не е страшно, јас имав исто ќере кога имаше чим нема во уста добри сте
Малиов кога почнавме со молерс си го пиеше без проблем и после одеднаш почна да го плука. Денес пробав друг вкус, џабе не сака. Е сега не ми се фрлаат 1000 денари у вода па да ве прашам дали може сирупот да се измеша со нешто пример во сокот да му се стави или мора така да се пие?