Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    951
    Прашање до мајките што ги дојат децата после годинката: како се справувате со коментарите од околината?

    Позадина: Стварно не мислам дека е нечија туѓа работа да ме прашува и да ми кажува дека треба да прекинеме кога не сум побарала совет дали треба или не или не сум се пожалила во муабетот со дотичните личности. Не сум конфликтен човек генерално ама ова така ме тригернува што ми иде да се расправам. Не знам да се справам и да одговорам добро без да се изнервирам.
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    26.305
    Пол:
    Женски
    Мајка на две доени до 2г т.е второво уште цица 25месеци полни. Немам добиено коментар ама побогу шо имаш да објаснуваш и да слушаш коментари за твое тело и твое дете? Моја работа велиш и крај на разговорот
     
    На Erika.greeneyes, Carolin., DaisyDream и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tullip

    Tullip Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2023
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Девојки, ако исперам патики што светат (Skechers) дали ќе престанат да светат?
     
  4. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Пери слободно.
     
    На Tullip му/ѝ се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    6.026
    Доењето е одлука на мајката и бенефитите се докажани научно, но пробај да не си ги земаш при срце коментарите и советите зашто не сите се злонамерни. Мене сестра ми некаде околу 12 месеци ми рече подобро е да ги одбиеш кога се помали зашто после е потешко. И беше ужасно тешко навистина. Последните месеци пред да ги одбијам посакував да ја послушав :D
     
    На WhiteCat33, kozuf, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DaisyDream

    DaisyDream Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.933
    Допаѓања:
    4.985
    Пол:
    Женски
    Се осеќа разлика меѓу добронамерни совети и прашања околу доењето; се осеќаат и некој зајадливи личности, што сакаат да се направат попаметни и не знам што уствари сакаат да постигнат, да се направат над тебе.
    Ама откако го добив син ми, не се замарам со никој, ама баш никој.
    Он ми е важен, да е среќен. Ако не сака да се гушка со комшиката, тетка му или братучедите, не мора. Ќејфови нечии да исполнува не треба. Нека ми е здрав и среќен.
    Така да следно кога ќе прашаат @kozuf , речи им до кога сака/м 8)
     
    На WhiteCat33, Bubish26, Cherry blossom89 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    На колку ги перете патиките? Страв ми е дека че се распаднат.
     
  8. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    За скечерсов стрикно на 30, Конверс бели на 40. Се друго што носиме поретко, на брз програм на 20.
     
    На Tullip му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.
     
  10. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Јас после 40 дена имав коментар "ти си будала што доиш, ајде таму шишето и биди раат, градите ќе ги стегниш со крпи и за некој ден ќе немаш млеко"... Сега е 13 месеци и среќно си цица на сабајле и на вечер... Не можам милниот поглед пред доење да го оставам туку така и ќе цица уште долго.. А за коментарите или се правам дека не слушам или им кажувам дека јас си знам што е најдобро за детето.
     
    На Srekjna13ka, DaisyDream, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.593
    Допаѓања:
    33.688
    Пол:
    Женски
    Јас не доев ама ќе си дадам за право да ти одговорам зашо јас па обратните муабети ги имав
    Ако не си побарала совет или помош за да не се расправаш врти на сарказам. Јас така се вадев/м зашо од непосакувани коментари ќе завршам у затвор кај и да е
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trupko

    Trupko Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки. Сакам да прашам како подметнувате овосје на децата. Мојава има 1ипол и освен банана ништо друго не дака да јаде од овошје. Пробав демек и јас со неа да јадам - ми плука. Пробав сама да држи да јаде - не сака. Пробав шарени форми - ни тоа. Летен период е има убави овошки. Дајте triks and tips.
     
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    После втор роденден реши дека овошјата се бљак, барем повеќето. Кај нас поминува секое мешавина во смути. Го пие без проблем што и да ставам. И измешано со грчки јогурт. Или ептен ситно сечкано или грубо блендирано и со јогурт.

    И оставам редовно во нејзините чинии и сечкано и секако, па како ќе проба така. Обавезно како овошна салата од мешавина со овошјето што го јаде како парчиња и некој нов вкус.
     
  14. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    832
    Која терапија ви ја дале за вирусна пнеумонија докторката вика дека малу и било спуштено на гради нема температура, крвна слика и црп во ред од симптоми само кашлање и носот од време на време од вчера инхалираме со кортаир ама ево денес уште била истата состојба.
     
  15. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Лошо ли е ако заспива у количка дете од 15 месеци? Со татко му заспива у раце, со песни приказни, се шетат низ собата.
    А со мене се тегне и у количка го нишкам со бела бука и шшш звуци.
    Од бебе не заспивал така ама не можам де тегне у раце неќе ни легнат, ни исправен, неќе ни на кревер да се гушка..
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    18.863
    Пол:
    Женски
    Доењето е интимна работа, и одлука само и само на мајката. Дои до кога ви е убаво на двајцата, и уживај.
    За одговор, слободно можеш да си безобразна, затоа што самото прашање е безобразно.

    Јас доев до 3 години.

    Оние што ме знаат, или нежно пробуваа да кажат дека е доста, или не кажуваа ништо, затоа што ме знаат дека сум конфликтна особа.

    Оние па што се дрзнуваа да зборат, а не ме знаат, најчесто добиваа коментар дека ке дојам до 1 одделение. ]:)


    Спреми се, ке помине ова со доењево, па ке бидат пелените на ред. Пред 2 години некаде ке ти кажат дека ние сме ги фрлале на 1 година и ти доцниш. :D
     
    На Erika.greeneyes, lackygirl, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Можно е од никнување на 3ките да крева 39+ температура? Некои доктори ми викаат од тоа е.. Нема никакви симптоми, за проверка на крв ми рекоја да поминат 3 дена за да покаже точно. Пред две недели беше со антибиотик..
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.955
    Допаѓања:
    203.281
    Пол:
    Женски
    Толку висока температура не е од заби. Најверојатно е вирус. Направете крвна слика и ќе видите.
     
    На Sredstvo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    И мене не ми беше логично, утре секако ќе провериме.
     
  20. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Можно е , ама провери си крвна слика ќе видиш.
    Ние сите заби ги извадивме со 40 температура.( 1-2 дена ). Никакви други симптоми , крвна слика супер све . Препишаа на забите