Може, ќе си кажете во диспанзер. Евентуално да ви дадат документ да потпишете дека ја одложувате Мрп.
Може, ќе си кажеш сега сакаме ревакцините да ги прими а МРП следно ќе си ја ставиме зошто да потпишуваш нешто нема потреба.
Како да му го тргнам ноќното млеко? Големата беше на доење, ја одвикнав со 3 дена плачки. Бебе сега е 1 година, како на аларм се буди на полноќ за млеко, а не е гладен. Да пробувам исто со 3 дена плачки?
Не е исто. Маж ми ги слушаше плачките, јас во дневна спиев, сега ќе ми наплати за тие три дена . Се шалам, ќе пробаме викендов
Како стануваат поголеми, се поинтересни се ова моево девојче, научила сеа со извикување ме вика мамИИИ а татко и татиШ ја чекам да прозбори да се смеам со неа
16 месеци сме, ноќва прв пат не мочкал ич, сега кога стана го пресоблакав и пелената празна. Вчера испи 300 и нешто мл вода, и 210мл млеко пред спиење, нормално си полнеше пелени преку ден, еве и денес ќе го пратам. Се збунив малку, нормално ли е ова?
И моево знае да стане со празна пелена или денски да е по празна а пие течности па одма срце ме мава ама ваљда има врска потењето
Дали е нормално дете од 1.5год по нозете има 3 4 кафени флекички му излегоа како бемки ама мазни се мали ко моиве слично
@Fenix05 Нормално е, сега ќе почнат да излегуваат. Мојава беше воодушевена викаше лелеее сум родила точки.
Ја мислам му го даде највеќе зошо мрп треба да прима да му го крене имунитетот, а и крвната слика не беше баш сјајна. И верувам на матилнава знам дека знае што прави никогаш до сега не му дала нешто колку само за да му даде нешто. Најчесто излегуваме со "компоти, супи, чаеви, цедени сокови и на воздух да е" до сега 4 пати дали му дала нешто и најчесто биле сирупи витамински некој. Го пиеме веќе 10 дена треба, па да се провериме пак.
Уште малко 3 години. Покажува со прст. Имитира. Кажува кој како се вика. Пример како се вика баба, мама... зборови има многу но тешко сврзува реченица. Повеке од 2 збора не сврзува. Посетуваме логопед. Да напоменам дека има 3 крајник и имаше намален слух. Сега со слухот е ок ама со крајникот не. Најверојатно ќе оди на операција. Се на се нормално е се освен каснење со говор.
Мајки сите кои имате девојчиња какви сандали им облакате за надвор? мојата стално е боса , некад и чорапи ама сака да оди веќе па морам да и земам нешто , имам и патики од кеги за проодување само да не и е топло ... 1 год е инаку