Штом се прибереме дома руча значи околу 3 ипол 4 зависи дали имам ручек или тогаш спремам , у 7 ,7 ипол вечера у 8 ипол млеко и у кревет
До 16 30 е во градинка. Го земам, јаде бисквити во кола, па јаде ручек дома, па јаде пак бисквити/смоки надвор па накај 7 вечера јаде. Во принцип јаде по цел ден.
Здраво мајки, ме интересира како се со зборчиња вашите 22 месечни дечиња . Особено машките. Дали сакаат да повторуваат по вас ? Конкретно за зборови ме интересира, мимики и гестови имитира. Како стимулирате говор ? И препорака за добар ОРЛ доктор.
Син ми 23 има ке прави 2 години за 2 недели има он зборчиња многу повторува по нас некој нови сврзува по два збора само сега за сега се не разбира буквално ка голем човек врши наредби
Еии кој раат било ова, базенче на тераса, облечена во купаќи, играчиња и си игра кога не може да шетаме, ќе се лади во базен
Цел месец сме вака, верувај не ми се мрда од дома. Милина. И јас си се фрцкам по цел ден на купачи по дома
Мојот има 22 месеци, збори состава и 4-5 збора, можеме да го разбереме што сака да каже. Повторува се што правиме, ама мислам дека тоа се должи што јас му зборев се и он сега си збори. На пр сабајле стануава и "диме стана сега иде мочка" "обакаме алита" "ајде диме ига сега" "диме седне анилка, јаде лепче" Кажува ми се јаде, сакам вода, сакам тоа и тоа, не сакам тоа.
22 месеци е и се зборува, цели реченици кажува по 4, 5 зборчиња, нормално не ги вели Р, Л, Ж ама се разбира што зборува. На прашање одговара. Стимулирање со зборување, кај мене со брат му најмногу зборува, в градинка не зборувал многу, ко му одговорил се чуделе дека зборува
Дали им давате некакви сирупи, витамини за имунитет? До скоро и давав само Д3 и омега, но педијатарот ми рече да ги прекинам летово.. Цело време е болна, де вирус, де бактерија, минатата недела беше со температура сега пак.. Почна и да не ми јади, од најголем јадач наеднаш не сака ништо да јади.. Иако педијатарот ме советува дека најдобро е сама да гради имунитет без додатоци ова не се издржува.. Доколку давате некои сирупчиња за имунитет, ве молам препорачајте ми од кои сте задоволни..
Мене матичната имуноБ ми даде, убав е сирупот за кревање на имунитет јас сум задоволна. Другарка има користено и капсули со прополис за детенцето рече дека она е презадоволна цела зима не се разболел малиот во градинка и плус му отвориле апетит.
Не ништо, нема потреба од хемија, јас ништо не давам, ич ништо, ни Д3. На големиот исто не му давав ништо за имунитет, едно време само витамински сируп од бекутан му давав. Значи првата година се помина в градинка, после тоа само 1 годишно беше болен. Нормално е тоа, така се стекнува имунитет. Малово еве го 2 3 месеци оди в градинка без прекин, тежок почеток имаше октомври, ама еве го машала веќе си стекнува имунитет.
Моето сеуште не оди во градинка...што ме чека значи тогаш.. Не знам од каде сите овие настинки, вируси.. Од јануари до сега не знам колку пати е настината, фала му на бога само еднаш со антибиотик и тоа само 3 дена друго се со чај, супа, цицање..
В градинка е исто, едноставно мора да се помини се. Не давај ништо стварно нема потреба. Другарка даваше Дефендил нејзиното поќе од моето беше болно и на крај пак исто по 1 година си стекнаа имунитет.
Јас не знам од каде и текнуваат овие работи...почна очите да ги криви..ја караме немој немој, си сфаќа на шала, се смее и пак прави..и сеа како да и објаснам дека не треба така?
Дека и велите НЕ интересно и е, почнете со игнор, ако ги криви очите ти не покажувај реакција, како ништо да не си видела, ќе видиш одма ќе прекини. За се така, понатаму ќе прават такви "глупости" и колку повеќе му даваш внимание повеќе ќе го прават, само игнорирајте.
Само игнор Моево почна да се фрла на гарнитура странично зошто мм му реагирал и штом го види дека доаѓа одма се качува и рипа. Срце ми запира кај ќошот тврдо е ребро врат ќе скрши, прво свикав од страв он се смее. Следно веќе само игнор, зимам играчка негова и и зборам си играм демек,се надевам ќе му пројде за ден два
Пробавме така, почна да делува. Демек нешто си збориме, виде не виде се тргна на страна, не правеше намерно. И јас тоа викам, дај боже да заборави.