Зависи кога е првата доза пнеумокок. До душа обично МРП сама ја ставаат, па за 1 месец пнеумокок ја закажуваат.
Епа ќе го носам прво пнеумококната да ја прими, мрп понатаму. Се надевам нема да ми прават проблем докторките од вакцините.
8ми ден од мрп цел ден е со 38.7 38.5 38.2 ке го истуширам ке дојде до 38 помалку никако. Сеа пред спиење го видов 3 црвени кругчиња има на грбот нови се сигурно ама дали се од комарец или се нафрлал појма немам, вечерва ке следам. А реков демек лесно ја поминавме...
Мајки само да ве известам дека бевме на ортопед баш како што пишавте некои детето си е супер, нема никаков проблем што оди на прсти така треба. Многу е подобро од лекарска гледна точка подоцна да прооди, првин на прсти за да ја зајакне ногата, а после самото ќе се спушти на цела нога. Никакви вежби, никакви масажи не ми препорача. Да не го форсирам, да го оставам самото да се опушти и повеќе покрај кревет/оградица да го пуштам. Сакам само да ве прашам од кеги овие патичиња како сандалки отворени дали се добри за проодување или да си ги нарачам патичињата целосно затворени што се.
Босо треба да прооди, после ќе облекуваш сандали. Башка за толку мали пожелно е затворени да се напред сандалите, во спротивно ќе се сопнува, ќе му лизгаат и прстите нанапред, ќе паѓа. Според мене, патики е најдобро да почне да носи.
Сандали ако веќе сакаш, ипанема земи. Затворени со лепенка. Кеги оние со патент доле ти се само добра реклама. Ортопед не ги препорачува. Најк тајнум, револушн и стар ранер барај. Иако за проодување, како што кажала Анат, босо е идеално да прооди. Плус кога ке прооди нема да трча маратони, па слободно може да е босо во количка. Лично не сум фан да пикаш дете непроодено или тукушто проодено во патики или сандали во лето, за мода.
Ви благодарам ќе ве послушам за изборот на патики, а и советот да прооди босо. Инаку боса е цело време, ама кога ќе излеземе на кафе некои да носи, да не ни се чудат сите зошто е боса.
Нема на што. Син ми израсна во тие модели, ден денес на 6 години си има такви за секој ден. Нека се чудат. Чудно е возрасен да оди бос, ама бебе во количка, кое може да оди 10-20 метри, нема ништо чудно. На ова време плус и нервози само за детето ако носи чорапи, а не нешто друго. Сандали за наредно лето ке требаат.