Добро која фаза е ова неспиење навечер будење на секој сат и в раце спиење? Раце ми паднаа од секоја вечер држење и кај да е некој ден ќе паднам на работа од не спиењето. Веќе скоро два месеци кај шо е вака.
Можи 4++ месеци така ми правеше мене, од кај 14 месеци до 19, на 19м го одбив и од тогаш спие по цела ноќ, 23м е сега.
21 месец е не цица од година ама од пред некое време цуцлето го фрливме ако е до тоа, навистина не знам од шо му е. И пред тоа стануваше ама еднаш до два пати ќе се напиеше вода и одма презаспиваше. Знам само дека сум преморена во тоа сум 1000 % сигурна се надевам дека кај и да е ќе помини
Тоа ќе да е.. да му најдеш некое меченце за утеха да го гушне кога ќе се разбуди? И да пробаш заспивање со лежење на спална или во креветче..може и тоа да му влијае
Убав совет @Fenix05 моево после одбивањето почна да го бара кучето, слончето, плишани играчки, со нив заспива.
Срцко..издржете фаза е ..знам глупо звучи. Баба му на моево му ги реди на крај на креветчето и му раскажува дека ќе го чуваат заедно ќе нанкаат- филмот ептен и некако со неа се научи така, ама со мене не, мора мама да ја допре инаку одма рипа
Кога тогаш сите се помируваме со тоа, само да се спие мирно Јас му ја вартив страната, стануваше и викаше "земи диме тебе" Сеа пак сме споени со креветчето па некогаш ке се смилува да отиде таму летово да не се потиме сите тројца
Ќеркава моја пред 3 недели, почна да се буди, плачеше, ај викаме нешто заби да не се. 3 ноќи по ред така правеше, сите бевме без сон, а веќе 6 7 месеци си спиеше во креветче по цела ноќ со едно будење, ќе ја гушнев и продолжуваше. И ај ја земав со мене на спална, го избркавме татко и и сеа си спие исто како твоето, 10 11 саати. Од една страна, убаво ми е мн со неа, си се гушкаме, ја бакнувам, само ја гњавам ама од др ми е страв да не падне од спална(мн е висок душекот) наредив перници, комедија сме нз што и стана, од Август сама си спиеше. Ама изгледа мама е незаменлива, па нај убаво се спие со неа
Здраво Девојче ми е 2год.Понеделник ќе одиме за Грција,ама не седи воопшто во седиште,само сака да стои и да гледа Минатото лето беше годинка ама супер поминавме ,седеше спиеше. Прашање ми е дали што да направам,една во аптека ми кажа пола апче dramina ама како да го дадам? Совет како да постапам со toddler во кола додека патуваме и чекаме на граница
Истата мака ја имам со малово никако не сака во седиште, таман ќе има 2 полни год кога ќе одиме ама страв ме фаќа како ќе поминиме по пат.
За одење си велам полесно ќе е, за враќање ќе биди лудото сака на средина да седи кај што е најнебезбедно, пробавме да го залажиме да седи брат му на седиште и демек овај да бара ама не нејќи. Освен уште едно седиште да купиме да 2та да седат. Јас напред др нз поќе, а големиот па со седи на седиште врзан.
Јас имам ќерка од 6 години што повраќа во кола уште од бебе. Возиме исклучиво ноќе кога одиме на одмор. Драмина имам купено уште кога беше 2 години, и сеуште не сум и дала. Кога потпорасна, сама си се мести да спие во кола кај и да одиме зошто нон стоп и е лошо. Другото дете е 17мес, е тој нејќе да седи во столче, до сега сум го носела до Охрид само, за време на дремката на пладне, и кога ќе стане со цртани. Ако треба чести застанувања ќе правиме, или пак ќе одиме ноќе сега во август. Некоја финта нема, најлесно е да спијат, ама никој не те прима во сместај во 6-7 сабајле кога ќе стигнеме. Па мислам дека ќе си ја пробаме среќата да идеме за пладне овојпат.
Здраво Не знам дали тука да прашам. Дете година ипол не збори,извршува команди,разбира све што му се збори,дај раче,чао,надвор,дај раче,друго раче,дојди,оди,топка,да пукне,нано нано(и легнува демек)као буквално све разбира што му зборам и прави се, кога сака нешто ме носи до таму до кај што сака или ми покажува со прсте све прави само не збори. Од септ ќе почне во градинка може ќе прозбори ваљда има време не знам гледам да не се стресирам психички. Инаку често го прави ова уз игра ќе оставам видео подоле во спојлер. И вика АаАаАаа Што би значело? Претежно така и кога е среќен сум го приметила го прави. Искуства? Совет? Спојлер: Движење
Ова се многу базични команди што се очекува да ги разбираат 18 месеци деца, за 2.5 години се очекува и да извршуваат наредби од 2 неповрзани чекори, како на пример затвори ја вратата и дај ми ја чашата. Од кога користи покажување со прсте кога сака нешто? Дали има воопшто некаков збор со значење? Сте провериле ли слух? Каква му е играта? Со што се игра? Дали ве вклучува во игра? Дали бара ваше внимание?
1.5 години е детето не е 2.5г. Бара внимание да. Некогаш играме заедно ама претежно не си игра со колички претежно ги вози или им ги врти тркалата и сака на онаа големата количка за туркање си се вози низ соби. Разбира кога ќе му речам дај ми го шишето ми го дава. Во некои случаеви ме слуша кога му кажувам ама претежнп си тера по негово. Слухот сиг му е добар пошто кога ќе кажам нешто да не прави он се врти и се смее и бега да не му го земам. Мн сака кога играме криенка. Иначе игра со се коли не знам,лажици,тенџериња све што не е играчка претежно хахаха. Сака да се пентари на кревет па да се симиња од наслонот експериментира. Негде од година почна да покажува со прст. Знае да шушне тате кога ќе му речам ајде да го викнеме тате и тивко вика та те та те или ба ба ах ах праи кога ќе види надвор куче, само пример не не вика да речеш ма ма па да ме бара така туку така си кажува кога ќе му текне и некоо други работи си збори си вика си гуга. Прави ало ало со раката као основни работи што треба да ги знае за година ипол ги знае и прави пошто има година ипол Кога играм со негп гледам да е едукативнп нешто сликовници збуци повратам,коцки кула му праам,оние као да ја стаи коцката кај коцките и ќе повтори по мене ама после некое време ке си стане ќе си се заигеа друго. Сака топчиња исто
Офф извини, не знам како сум прочитала 2.5. Од се што напиша, немаш потреба за грижа. Само повеќе зборување, кратки реченици, раскажување се што правите и ќе дојде и говорот. Проблем со слух може да има и на одредени фрекфенции, и да му се чини како да слуша како е под вода. Ако не почне да додава зборчиња во периодот што следи би ви препорачала проверка на орл. Ама другите скилс што ги има укажуваат дека си е таман за возраста и не гледам причина за грижа во врска со развојот.