Од 9 месеци скоро до сега до пред месец така ми правеше, 23 месеци е, буквално борба за пелена менување, тој пишти јас стегам да го облечам сега па нејќам пелена ми вели и ја трга ама не сум јас спремна за да пробувам да го одвикнувам. За заби миење исто борба и не го мијам редовно, оти немам нерви за да се расправам, сношти пак со сила со пиштење го миев. Со ова дете се е така, ништо не сака додека па првото си стоеше за се, заби, пелена, во седиште си седеше в кола, абе бубаче беше спрема ова ѓаволче
16 месеци и исто е и кај нас... Па кога ќе се ушлака цел со гомна па не можам ни да го избришаж убаво ни да го измијам и почнувам да викам. Ние дома кога сме и двајцата се натегаме кој да му смени пелена, јас последна менував ај сеа ти си на ред. Барем се поштедувам така од неколку нервни сломови
Ние со тоа се мачиме од 10месеци сега е 18м ако ме веруваш преку ден стоечки го пресоблакам навечер самп за спиење лежам до него му пуштам цртани а мм го пресоблака нема спас ми се чини! Од септ поаѓа во градинка со лесно на тие таму може ќе го навикнат
Јас секој ден мислам социјално ќе ни дојде на врата кога менуваме пелена .. Што понатаму Па уште на цел глас плаче и вика Немој мамооо Пред некој ден јас маж ми и мајка ми му менуваме пелена како мајмуни некој го занимаваме
Еј супер е и на големата и земав истиот проблем го имам со нејзе, многу подобро се мијат него со обична. Да му земеш.
Не поминува мајка, пробувам секако да и објаснам и да и подвикнам и со убаво, седнува, откопчува ромпер и си ги трга лепенките од пелената. Мојава не плаче ама се смее као види што направив јас така сакам деновиве имам обврски и не бев до аптека ама ќе и земам како гаќички тие, да пробам дали ќе има некоја промена. И она сака гола
Мамс, ја да ви кажам, жива среќна сум детево што си ја врати дремката после 10ти скок. Малку време за мене, кафе раат, нешто да завршам низ дома, малку тел релакс и одмор од неа кога ќе ми текне дека викав ќе си имам девојче, којзнае колку ќе е мирна важи Е сеа делот што ми фали е една масажа, посебно на грб зошто е маза девојката, бара по раце, а и некогаш ја презаспивам ја шетам низ стан(ок, тука и јас сум малку крива) сакам да си ја гушкам, еднаш е ваква мала Феминава ко дневник, па еден ден да читам и да се смеам
Синко мој, 13 месеци, успеал да го поткрши горниот кец. Појма немам како, не плачеше, не ни знам кога, го приметив прееска. Мислев црно нешто има кога гледам поткршено. Минимално е, како точка, вака не го боли. Дали треба на забар да го носам?
Carioca super washable, имам купено од просветно дело ама би требало да има по сите книжари. Giotto има исто washable пишува, ама другите се по-washable
Со какви четки ги миете забите? 13 месеци е , мн сака четки да зима ама не знам со што да и ги измијам заборавив со син ми како ги миев
Имаш мали во дм земав јас како прстен е држачот баш се малецки, кога не сака мијам со силиконски напрсток
Мајки како да го научам да јаде чорба, манџи? Од сам почеток е нудено домашно готвено но штом виде лажица бега. Пробано е во скут со песнички и на негово столче и сам и никако нејќе. Пробано и сите заедно. Обожава ориз да јаде, и се нешто што е посуво. Скоро ќе биде 17месеци. Дали како што расти ќе биде полесно ова со јадење или можеби потешко
И јас сум загрижена за ова, мојот изгледа со црвен пипер не сака манџа. Заприметив прво гледа во чинијата каква боја е. Загрижена сум и јас нека не утешат другите дека ќе се науче. Ми е страв да бе згрешив јас некаде.
Мајки мм е со стомачен вирус, изолиран у друга соба јас сум така и така ме врти стомакот ама се држам, на бебо му давам пробиотик од вчера што можам друго да му дадам да избегнеме ова чудо? Се исцеди мм ко лимун е жолт од повраќање, прееска викнав една сестра инфузија да му стави, јас влагам за да му оставам јадење апчиња или да го ѕирнам само од врата
Како ги научивте да паѓат вашите деца? Моево се пушти од 13иполмесеца. Кога сме дома си оди само, но надвор штом се отвори врата, трчи. Ги гледам веќе децава на негова возраст па и помали одат речиси сами. А јас го држам за раче. Дајте ми совети, дали претерувам, дали е нормално дете на 16месеци да е за рака до мене цело време(надвор)?
Ова е косичето на беба, 2 дена без шампон, само водичка. Само така и држат локнички инаку и се бушави т.е. како сува е. Јас имам скроз права коса, па секој совет за одржување виткана коса и какво шампонче да и купам е добредојден. ✨