Каде ке препорачате шишање на бебе 1 годинка? Имаше некои прамени позади кои го потеа, го скратив малку, ама тоа пред 2 месеци. Некако помирен седеше на нокширче, и можев полека да скратам да му биде убаво косичето. Сега мнг се врти и ке го претрупам неманда изгледа добро. Секоја препорака е добредојдена.
Сосема е нормално на 16м да го држиш за раче. Моето е 2ипол години па го држам за раче. Како тоа самостојно да оди на година дена дете, како се вози лудо, како летаат, точаци, тротинети, не не, поарно за рака а во парк нека си трчка мада и таму ми е ризично децата лошо возат со точаци. Некни во парк во зеленилото едно дете со голем точак ќе го собереше малово за 15цм, па и силно одозгора ми се сили, ова им било на нив оф роуд рута, коа го подбрав, дојде таткото бетер од мене, го грабна сосе точак се скапа од извинување. Надвор кога одиме по улица и големиот знаев до скоро да го фатам за рака, 9г е, а не па малото.
Сол го направи коленото со крвишта гној падна 7 пати во 2 дена на исто колено од што не оди - трча. 19 месеци е надвор сум под стрес од што само се сопнува - нормално е тек допрва ќе има паѓање гребење удирање.... @Lady Miami ги фалат во ист гејт доле, ист принцип со мали ѕвезди а поевтино. Јас од мали ѕвезди не сум фасцинирана, јес да моето плачеше па може и тоа влијаеше да го фати на две на три ама пресмешно го ишиша
Биди среќна што сака да те држи за рака, мојов трча како мува без глава и надвор и внатре, 13 месеци е, се дере ако го фатам за рака. Има на Корин де Фарм во Зегин шампонче и спрејче за виткана коса, јас за малава го користам од 2 години. Прашај само дали може, помалечка дека е твојава. Инаку виткана коса чешлање само ппсле бањање и природно да се исуши беш фен.
@Aschenputtel Нашиве да не се во 9ти скок случајно? или не знам ни како да ги избројам неделите веќе.. ептен ми се смени малата, вришти по мене ( со син ми немаше таков проблем ) никако да седне... навечер ептен лошо спие
Исто како на @AngelOfArh само кај што сметам дека е безбедно ја оставам да се истрча. Трчање по улици, тротоари, бегање од рака немаме. Од како е проодена е за рака. Неколку пати проба да се пушта и трча и ја вратив дома. А за пазење не пази ич ни во парк, ни никаде ако е сама отпуштена.
Да да го најдов. Мислам дека е ова? А кога го ставаш? Може да сува косичка или само после миење на мокра?
Ова е. Јас после бањање прскам, стои малку, па чешлам. Не знам дали на сува може, не ја чешлам јас кога и е сува, само после бањање. Јас сум со долга виткана коса и така како за мене што правам и за нејзе, чешлање само со бањање
Не ја чешлам и јас после, само после бањање. Него сакав нешто да може да се прска и на сува да поубаво оформување на локните бидејки некогаш и стане ни виткана ни права
Леле не знам, ама исто. 9 скок дава година и 2 месеца, моето е година и еден месец. Значи би требало во август хаха. Ама, не сака да го оставам на подлога, кенка, плаче, ако нема никој во соба, да е сам, ече цела куќа. Во раце нормално иако е 12кг веќе. Спиење не ми кажувај. Јас 13 месеци немам спиено врзани 8 саата. Оваа ноќ се преврте милион пати, а се разбуди 5. И во кревет сака да лазе и да се подига.
Ако на улица оди до мене, не сака раче ама па и не трча брзо кај што не смее ама во парк секако дека ја пуштав уште чим прооде сама, што знам како ќе научи ако го држиш? Моето исто на 13м прооде, летно време тогаш се погоди и цело време бевме надвор. Исто мислење имам и за покасно за тротинет и баланс, не е ок страв да и се набие. Ова од искуство со големата знам, и велев ќе паднеш немој и сега малото е поспретно од неа
А која фаза е да не сака само да оди? Има година и девет месеци и на пример од дома до парк е в раце исклучиво кај мене не сака кај татко му а кога ќе стигниме во паркот оди трча игра и за секаде така не сака цо количка не сака во точаче.
Епа моето незнае на колена да падне. Последно падна на чело. Незнам, гледам деца од 13месеци одат полека пример до соседната маса(во отворен кафич) каде што има разни ситници каде што може да се повреди. Моето трчи буквално но со моја рака . И незнам дали јас сум преплашена мајка и не му давам на детето да ,,дише,, или пак е нормално.
Фаза се глупиркам и сакам мама и тато да ми угодуваат еве дома ја имам, знае да запне надвор само татко и да ја носи, па го гушка па ќе и текне сама да се растрча не сака рака, деца, мене сè што прави ми е нормално. Истражува, сака да е самостојна, па зависна од нас и така во круг
A дома? Трча ли слободно? Моетп паѓаше и користеше раце ама не доволно и на муцка знаеше да си пушти крв, сега веќе научи да паѓа, ретко ама ако падне со рацете се задржува
Го меркав тој и читав баш дека него го користат, па го земав утрово. И да е за поголеми ако, и онака и ставам шампон еднаш на неколку дена. Баш ќе видиме резултат, тенкју ✨