Го земав спрејчето теа јас..леле па и со елса,осеќам дека ќе има прскање и кога треба и кога не треба, а и убаво мириса.
Колку е твоето? Дома го пуштам само пред мои очи. Пример не во другава соба. Се е плочки, комоди дрвени и има паднато на плочка. Многу плачеше. Значи и дома не оди туку трчи а имаме доста прагови. Сега цела дневна е со теписи, но кујна и ходник е плочка. И само нешто сака да потфати, фати. Иако се е затворено со заштитници
Сега е 2г и 2 месеци ама ти праам муабет кога беше колку твоето. Ќошовите кај нас сеуште се заштитени на комоди пример и масичките мали ги имав тргнато скроз. Ние имаме балкон ептен голем и со плочки бетон е, јас сама ја оставав прагот да го поминува за да го научи. Шо знам, големата ќерка уште се сопиња по пат од тоа пусто пази пази, малово качува скали и слегува сама. Во ред е предпазливост ама опушти се повеќе, они се многу поспособни него ние што мислиме
Се надевам дека сте добри, од наше искуство стомачните за ден два поминуваат. Нека пие електолити да не дехидрира, ќе помине. За претпазливост со деца: по тротоар, улица, само за рака, ако не сака во раце ја земам или во количка, и да плаче ја оставам да плаче, па се надевам ќе се научи кај што е фрекфентно со коли дека не може сама. И вака ќе не изгазеле неброен број пати на пешачки, ама друг муабет. А пред зграда, во паркови ја оставам сама да си проба и истражи откако прооде. Си паѓа, и поминува. Во секој момент е со некоја гребаница или џумка, ама не го гледам тоа како некој проблем. Што знам може грешам и јас. Ама се повнимателна е и се поспретна. Од негде 18м сама се качуваше по скалите на локалните лулашки. Кога е гужва, или некои пострмни скали, искршени огради и сл. нормално не ја оставам што сака да прави. Ама генерално има слобода, се додека е безбедно. Според мене и според се што имам читано тоа е потребно за да се развива и моториката и когнитивно.
Обична сол јодирана, таква каква што ќе јаде цел живот. Солта е потребна во животот, не лажиче, ама некое зрно сол потребно е да внесе.
Мајки 13 месеца сме. Два дена сме со температура, црвенко грло има, крвната слика и црп се добри. Давам далерон сируп на 4 4 5 саати пак качува па чепче еферелган. Чорапки со оцет вински, и масирам со алкохол разреден со вода. Не знам шо друго да правам ептен е омалаксано детето. Витамин ц капки во сокче колкѕ толку пак се напива инаку и цица нон стоп. Шо може друго за спуштање температура и подобрување?
Бруфен сируп за температура тие најдобар за грло и општо за симнување на температура на ќерка ми само од него и се спушта температура. Ако даваш само бруфен се дава на 8 часа ако даваш наизменично 6 часа треба да поминат од кога ќе дадеш бруфен а 4 часа од парацетамол.
Точно, бидејќи бруфенот има антиинфламаторно дејство и помага во борбата со воспалението. Потврдувам и од моето искуство сега.
Грлото е жариштето, чим сте 13м веќе пробај про беби анги капки со прополис, за жал за температура освен сирупи во ротација и вака алкохол/оцет нема друго
Имало појава на вошки во јасли , со каков спреј да ја испрскам малата како превентива пред секое одење и враќање од градинка? значи ми треба итно , и која има искуство нека пише. Како иде, бидејќи немам искуство дали се седи дома се додека не се третира целосно?
Имаш во Зегин, али земи обично масло од чајно дрво, 70 ден, по една капка позади уво и на ивицата од косата, размачкај, нема вошка да припари. На мм братучетка е фризерка, девојчето како и тргна у градинка она ја мачка со обичен парфем, ќе шприцне, ќе размачка и тоа е тоа, ама после рече маслово го зимала од ДМ и со него шљакала, никад вошки не фатило дете.
Каде поточно позади уво и каде на ивицата од косата, мислиш на крајот од косата така? нема да е мрсна после тоа? ај пиши ми лп ако можеш
Сируп за алергија откако е отворен до кога може да се користи? Мислам на Рупафин , сега за на одмор кој е подобар или Летизен или Рупафин? се друго ќе земам секако , ентерофурил ми кажа педијатар да си имам во мене за не дај боже
Педијатар ни кажа на нас дека тие сирупи траат (јас за Аериус прашував), го отворив во мај и сега за на одмор ќе го земам истиот не купувам нов. Овие за температура после секоја епизода менувај. Ентерофурил за што е?