Јас го оставам на работна маса, седнат убаво и пазам додека работам да не падне. Е затоа вадам се однапред и он седнат божем ми помага и го фалам цело време дека ми помага за да му биде интересно да не бара да праиме цело време качи се симни се, да праам само тоа.
Ние иаме монтесори скала и мн ни е искористена, ќере како твојата сака во кујна се да гледа и да "помага". Од кај 10 месеци негде стои стабилно и почнавме да ја користиме, е сега до 18 месеци не ми беше веќе потребно да е толку оградена и мислам дека и обично столче ќе ти врши работа, да е стабилно и не многу високо (зависи колку е високо и детето секако). Дека стварно е голема скалава/столче си фаќа доста место. Бренд не се сеќавам кој е ама можам да побарам ако ти треба. Мене па на работна маса ми е страв дека ќе падне, непредвидлива ми е кога ќе сака и намисли нешто одма трга.
Пробав така, ама ептен ми е стресно затоа што е непредвидлива кога сака нешто да земе или пак да се симне... е тоа, и мојата е исто така непредвидлива и сака се да фати во рака, а мала кујна па имам ствари по работната маса...евентуално да пробам само со столче, ама и тоа ќе ми биде мислам стресно како и да ја ставам на самата работна маса. Ќе пробам различни варијанти, веројатно нешто ќе успее
Ги зедовме скалите по првиот роденден и ги користиме многу. Порано и во вц го ставав да се шлапка во вода додека јас се шминка или да миеме заби и лице. Е сега ова за во кујна зависи и ти колку сакаш и имаш трпение да готвите заедно, биди спремна на хаос и да бара постојано. Мојот се навикна веќе и а ме види во кујна сам си ги мести скалите и се качува, ама он од мал готви со мене (читај прави лом), сега веќе е и поспретен со сецкото сецка сам, тој блендира или реди во плекче парчиња. Колку поголеми толку покорисни во кујна стануват За стабилност, стабилни се имат и прегради и 2-3 висини за тоа не мора да се мислиш. На пинолино го имаме ние Едит: кај Ангел сум одговорила грешка. @Sorryuweresaying
@angel4444 @Lady Miami да не сме во скок некој? По саат време го заспивам навечер душата ми излезе, заспива в раце, штом го оставам на кревет одма станува да лази
Бронхит само со инхалации се лечеле? Прв пат ми спушти на гради, малце наводно, го носев на итна, тт качува на 8-10 саата околу 38. Онака на нога цело време, свеж весел, јаде пие, само затнат во нос. Не кашла, нема црвено грло, значи одма бронхит направи.
Јесте да..исто. 8 скок сме. Од 8 до 10 не можевме да се успиеме, у 10 се комираше еве го спие не мрда. Цицаше, вода пиеше, се вртеше по спална, се исправа и скока, писка, цело време се погласно вика дадада татата папапа на крај фати да плаче дека му се спие и заспа прв пат имаме промена со спиењево..ем скок, ем што не сме дома.. ужас
Офф боже, си реков шо му стана наеднаш а скокови одамна не пратам Вие барем лежите мене не ме остава да седнам, морам да шетам по соба и да го нишкам
Тоа никад не сум правела, си имам заклетва дадено ахахахахах Уште тоа ми фали и операција на кичма не ми бега и онака цел ден ми е во раце
Ова од раѓање е обесено на мене скроз спротивно од брат му, колку и да нејќев попуштив Заби имате бе? Кај нас уште ни еден
Не мислам дека само нашиве останаа без заби сите имаат човече, на братучед ми малата извади 2 на 4 месеци И веќе при секое полудување вака, заби си го избришав од список, изгубив надеж
Хахаххахаха исто, гел за непца прв пат на 4 м му мачкав пред некој ден го фрлив да го разбијам малерот
Со лесно мајка, ќе помине. Вака како што кажуваш симптоми ја не ја ни носам на лекар, еве сега ме замисли може и она имала па и без лек да поминало ако е тоа можно
За навечер некогаш знае полупоспан да фаќа креветче да се игра. Ама го нишкам подисправен и кома е. Моево преку ден зеза, одложува дремки, па не сака да спие втора дремка, па навечер затоа нема сила за лудување мнг. Заби имаме 3 горе, 3 доле. двете двојки од левата страна се црвени ама не пробиваат. Од синока малку темп има 37.5. Не знам дал е настинат дал се заби. Ама до сега за заби немал темп. Ич не можам вака нерасположен да го гледам.
На плажа што носите за возраст 14-15 месеци, базенче со топчиња и вода, едни силиконски имам за со песок да игра, но некако немам идеја што друго да и земам.