14 месеци касни со проодување Значи малиот мој рекорди руши во касно проодување Почна да оди за раце фатен на 14 месеци, сѐ до 19 месеци (1 година и 7 месеци) не се осеќаше сигурен и не се решаваше да оди сам. Одеше само со придржување на мебел, или за раце со нас, сам само два чекори и после седнуваше на под Се пушти дури тогаш, на година и 7 месеци. Не знам зошто, немаше некои падови или удари, ама баш ништо страшно не се случи, освен млаки паѓања на газе. Уште од бебе е страшно претпазлив за сѐ, па може затоа. Е од кога прооде..........оди запри го сега Минута не седи мирен, црв е, не знам само од кај му е енергијата
Мајки денес бевме на уролог му го отворија убаво курето на синко..Докторот рече два пати во ден измивање со камилица и еден крем му даде но мене ми е некако многу двапати..Ве молам за совет..Искуство..? И колку време трае плачењето неможе да оди одеднаш се спискува плачејки а не е цицан од вчера па како му се насобра се треба да го одбивам..Бар да си цицаше мислам полесно ке беше..А млеко ми доага сташно ми препишаа апчиња и треба да се стегам но уште не сум почнала..Се чуствувам како лоша мајка како баш сега се му се насобра.
А зошто го отваравте курето така рано? Имаше некоја потреба или така решивте? Нас педијатарот ни рече до три години не се чепка колку може да го отворите толку само да има дупче за мочкање е доволно. Ни пиша блага фимоза на картонот и толку. Кога одевме на прегледи до година успевапе повеќе од нас да го отвори и ни рече не пробувајте ништо на сила да правите. Траума ќе му биде може да го боли а и може неправилно да срасне кожичката па ќе направиме поголема беља. Од тогаш не сум пробала да му го отварам. Има мало дупче и колку пушта на туширање отварам. Ако ви рекол два пати да го одмивате обавезно тоа правете го да не си направите поголема беља. Е сега за одбивањето не знам дали ти е паметно баш сега кога го боли да не му даваш да цица. Не можеш ли да одложиш одбивање за ден/два додека се стабилизира ситуацијата. @Lorins пробувај се друго да е блендирано освен работите што ги јаде неблендирани и постепено зголемувај производи што не се блендирани. Немам многу искуство со задавување ама јас за да не дојде до тоа прво почнав со пасирање на компир, банана, тиквица, тиква и така меки работи друго се блендирав. Па после неколку недели почна освен компир да пасирам и морков и така натаму. на крај ми остана свежо овошје да дадам. Со овошјето сега почнува да зеза па се вративме на ситно рендано овошје, освен банана и за чудо калинка.
@JoyJoy бидејки не му се отвараше ниту малку му се беше залепило па не пратија на уролог и таму му го отворија..А за одбивањето морав поради здравствени проблеми инаку би го доела бар до две год Сепак ти благодарам на одвоеното време
Mами да прашам овде бидејќи е поактивна темава,иако синко е 15+. Веќе две недели го мачи ларингит и дури сега му го открија.Почна како обична настинка,меѓутоа не кашла туку само испушта звуци како лаење на куче при вдишување. Неможеме да го инхалираме,трауматизиран е и не седи мирен а мора. Дотогаш ни препишаа Лордес сируп,за во случај да не е од алергија.Температура има околу 37 и нешто,повеќе не качил.Брисеви од нос и грло после Цефаклор антибиотик се чисти. Има ли некоја слично искуство и дали има простор за загриженост? Многу сум исплашена.
@Annath @joy1 На малово мое вчера му потече горната уста од двете страни, утрово гледам афти и се направиле. Вчера се удри на уста...нз дали е до тоа, или постојано што става се и сешто нечисто во уста или во секој случај е од паднат имунитет... Што да превземам да ги излекувам овие и да спречам појава на други? Ќе ве замолам за одговор. Купив витамини да пија, како демек и за апетит...и да внесува нешто витамини... Не работи викенд матичната. 15 месеци е инаку.
Отокот може да е од ударот, ако бил појак, ама уште вчера ќе отечеше и помодреше. Афтите се болни, земи метиленско плаво од аптека за побрзо да поминат. Може ако се поткаснала од ударот, од тоа да има ранички кои личат на афти. Кажи ми, дали претходните денови се жалеше на болка во горните предни заби и каква е ситуацијата со нив, дали се здрави или не?
Вчера и беше потечено и црвенко. Денес рани, кои барем мислам дека се афти, така ми изгледаат, од надворешна страна се и од двете страни. Горе има 2 запчиња, кецовите. Се трудиме да ги мијаме со четче иако ретко остава јас да и ги затријам, но не сум забележала да имаат кариес нешто...барем колку што остава да видам. Не зборува, но не покажувала знаци како да ја боли нешто. Сега ме замисли и уплаши малку, што има врска со горните запчиња...
После ова што кажа отокот е од ударот, а афтите се раничките, се гризнала. Инаку те прашав за забите дали се здрави, оти кај деца може да отечат и расипани заби, затоа. Кај вас не е тоа случај, давај ладно да јаде и пие, за побрзо да спадне отокот. И метиленско плаво за дезинфекција обавезно. Ако нема тоа, тогаш бетадине за орална употреба.
Да ги здружиме со мадам моја. Нешто пред година ипол од страв ја однесов на ортопед пошто не сакаше да оди. За се беше спора од моторен развој. Докторката ми рече комбинација од мрзлива и претпазлива. И сама се пушти после недела, две. Никогаш не паднала при проодување ете може чекала да биде сосема спремна
Мајки знае ли некоја што е ова? И беше како мало брунче близу до вратот, обично такви и излегуваат околу устата доктор ми рече дека се лигави од тоа биле, и со тек на време, за 1-2 месеци ги снемува. Исто и ова го има веке месец дена и денес приметив дека и е црвено.Ја немам видено да го чепка, можно е од блузичето што ја допира.
Мајки, нормално ли е стрептокока пневмонија во нос да не се третира? Во јули кога заврши малиот со пневмонија во болница а ја имаше и тогаш бактеријата ми рекоа дека со ништо не се третира, дека ги третираат само бактериите во грло. Сега пак ја има и освен што кашла, кашлаше многу ама сега му е смирена доста кашлицата, нема ништо друго. Докторката не му дава антибиотик, ми вика нема потреба. Јас искрено се плашам од бактеријава ама неможам сама да земам антибиотик да му давам а реално никој од докториве нема да ми даде зошто нема ништо вака дополнително.
@ivi1987 што ги имам слушано мк педијатри на тв сите велат не се третира ако нема проблеми детето. Стрептококата била во нормалната флора на носот. Јас живеам во странство тука брис не ни зимаат. На децата во градинките сите се со зелени или жолти мрсули и докторите викаат се е тоа нормално сами ќе си стекнеле имунитет Прашај друг педијатар за второ мислење А како ја излечивте кашлицата ние од септември се мачиме со сува кашлица особено навечер? Жалам што не ти помогнав конкретно
И ние ја имаме и ја добивме после бронхит.Но нас педијатарот ни препиша капки антибиотик кој кај нас во македонија ги немало само во грција т.е ги правеле кај нас во аптекиве од капсули.Но јас неможев да најдам луѓе за брзо да ми донесат и купив од аптека. 10 дена стававме капки 10 дена пауза и во среда ќе одиме на контролен брис. Побарај второ мислење.
Неможам убаво да го видам.. но синко имаше слично на лицето и исто многу време му стоеше и отидовме на кожен лекар и испадна некоја вирусна брадавичка, молуска мислам се викаше... и само со кинење или горење требало да се тргне и му ја скинаа на кожно, па мачкавме бетадин некое време... Дали од старт вака беше или прво изгледаше само како бемка која има кожа боја? Кај нас така беше како без боја подуенко, па после стана баш такво како на сликата. Пиши на нет молуска и спореди... но убрзај на кожно зашто ако е вирусно може да се рашири.. докторката ми рече на време сум отишла тогаш и среќа едно само што имаше
Кожа боја си беше, мислев дека е обично брунче, а денес го скина се гребеше и крв и потече. Ке видам до утре како ке е, изгледа ке мора на лекар.
Majkicki help, posto sum 7 mesec trydna, cel.den I cela vecer povrakavav I nemam.sila za.nisto. deteto.mi e 20meseci, vo.sabotata povrakase ednas, pa imase proliv ednas , go istusirav I mu.olesni. pocna nos da mu tece I kako da ima grlo.Vo nedelata vidov dek.mu izlegla ednata trojka I ok. Denes pak cel den zatnat, vesel si bese, siigrasse ama eve pak proliv I povrakanje. Sto moze da e, kako da mu pomognam
Побарав и во болница Козле, и таму истиот одговор, дека не даваат антибиотик за бактерии во нос, само во грло ако има и ако ете во нос таа што е направи проблем како температура, секрет што се слева во грло и.т.н. Исто и за антибиотик во нос се многу против, не даваат, мада мене матичната многу пати за малото ми дала а немало никаков ефект. Незнам што да кажам и што да правам.