Па создаваш ред, се знае кога се јаде, пие, спие. Таман работа без ред па тек тогаш се нервозите. Ние не можеме да функционираме без ред, две деца имам и двете исто сум ги учела и еве големото 9г истиот ред е само без дремка а малото 2ипол и истиот ред како брат му што го имаше на 2ипол го има. Оди во градинка и мора така, иначе ќе му биде тешко во градинка. А и јас треба да си ги завршам моите обврски, да одморам, да зготвам, да олабавам и ако немаме ред тоа нема никад да биде.
Мајки, сакам да ја пуштам во јасли, нешто за имунитет давате и што? Знам дека не чека период на настинки, вируси, бактерии, па затоа што е најдобро да давам?
Нема врска со градинка, имаш дете што спие, затоа не ти треба многу ред. Моите ако не се со ред и рутина, не се знае кога ќе легнат навечер. Ако имаат дремки како што треба, тогаш девет во кревет и спиеле цела ноќ, дури и додека сеуште сум доела. Ако ми заспијат 5мин во кола на пример, обавезно 11 ќе ги фати навечер додека легнат, па сабајле ќе станат во 6, па ненаспани цел следен ден им е катастрофа. А познавам деца што можат цел ден да си дремат и пак ноќе спијат. Супер за тие родители, ама 95% од децата неопходна им е рутината секој ден.
Мајки сакам од септември да го пратам градинка, по неколку саати. Но уште цица, дали додека го пратам на градинка ќе биде полесно одбивањето или да го одбијам па пратам. Септември ќе биде точно година ипол. Цело време е на цице дење ноќе, и имам желба да го одбијам. Но се плашам како ќе биде, се чуствувам дека ќе му земам нешто вредно. Од шише не пие млеко ни па поинаку. А од ноември ќе барам работа. Сакам дотогаш да го одбијам скрос.
Во принцип доењето и градинката не би требало да имаат врска. Е сега пред да тргне ќерка (на 9 месеци) кога бев да се видам со раководителката и да договориме детали, прв муабет и беше ако доиш одма да ја одбиваш, децата да доење што се тешко се навикнуваат на градинка. Ќерка не цицаше ама врска нема муабетов. Демек тие биле професионалци и си знаеле кои деца цицаат. Инаку твој избор. За одвикнување немам искуство, може другите членки ќе ти кажат поубаво, дали постапно или наеднаш или како било.
Нема врска доење со градинка или почеток на работа, со 2те деца почнав на работа на 9 месеци, си ги доев на сабајле пред да одам на работа ако беа станати, после си цицаа ко ќе се вратев...едниот го доев до 14 месеци потоа воопшто не пиеше никакво млеко и така си порасна еве 6 и пол години е. Другово го доев до 19 месеци, си цицаше кога ме гледаше, тој па пие млеко по 200мл денот, сака да пие, в градинка го научија на млеко.
Мајки дали е нормално детенце 19месеци кога ќе заспие после во сон уште некое време мрда со дланки стапала? Како на сец да му мрднува па ќе ги стегне опушти, прстиња мрда 3 4 сек и престанува па за 1 2 мин пак, а гледам дека спие и мирно дише. Дали е од што трча цели денови па мускули или да барам некое стручно мислење ?
Моиве така прават, им играат буквално мускулите добри 10тина мин откако ќе заспијат. После си спијат мирно. Буквално така препознавам дека заспале. Не ми текнало да мислам дека е нешто за загрижување.
Големата тргна на 9 месеци,а цицаше...за две недели се адаптираше, ја одбив на 22 месеци. Близнаците тргна на 12 месеци исто цицаа,за две недели се адаптираа, се уште цицаат. Така да нема врска доење и градинка. Одлуката е твоја кога ќе го одбиеш, а не на воспитачката. Со лесно и имајте убав почеток.
Истото го прави, после се опушта и си спие мирно. Ама како што вика солеј не го гледам како нешто загрижувачки. Туку, да ве прашам со мајка @DaisyDream батковциве дали седнуваат на газ? Имате клуб маса на сред дневна? Фаќаат по тв? Маса за јадење кога имате нешто поставено? Нас клуб масата ни е пред тв затоа што уште би го фаќала а како што е огромен има да го бутне да ја утепа и малава госпоѓица не застанува! Си ставил да јадеш, фаќа, бутка, пипа, исто знае уште нешто во уста да најде и да стави. Ја викаш на име си се смее и не доаѓа, а и името во 3 букви скратено си го кажува од станување, прва пауза ми е кога дремнува, до легнување очи имам отворени и не трепкам како поминувате вие?