Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    12.089
    Пол:
    Женски
    Тарана како им приготвувате? На класичиот начин или со некој марифет :D?
    Им направив за прв пат на моите сега, не сакаа да ручкат(facepalm)
    Дали дека прв пат или не сум ја погодила еве не знам
    Па да видам како ја правете вие.
    Имам од таа од КАМ.
     
  2. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    9.832
    Пол:
    Женски
    Не, никако не седнува. Најдолго 2мин му е. Се буди во 7 до 8 вечер е на нога, само 2 3ч дремката и тоа е тоа. Клуб маси ни стојат во ќош, се е тргнато, сега си фаќа зема од шанк сам само чекаме нешто на глава да си повлече.
    Прибор на маса не смее да има зема тропа фаќа во тањирите и само трча. Не знае да оди ова дете, цел ден дома а и надвор трча како мува без глава
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    20.509
    Пол:
    Женски
    Имаш од лакалут 0-2години паста.
     
  4. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Да и мојата така прави и тогаш знам дека е заспана,највероватно сите тоа го правиме само не знаеме.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.173
    Допаѓања:
    15.176
    Пол:
    Женски
    Устата се мие уште пред да никнат заби. Има силиконски четки како напрсток за четкање на непцата.
    Паста воопшто не мора ако правилно се четкаат заби, ова важи и за возрасни ако немаат некој специфичен проблем како парадентоза на пример. Ако сакаш да користиш паста кај бебе, можеш, само додека не научи да плука мора да е без флуор.
     
    На HeLenna и Carolin. им се допаѓа ова.
  6. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.886
    Пол:
    Женски
    Ее значи исти биле :D а ќе оди во градинка, што одлучивте?
     
  7. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    3.869
    Пол:
    Женски
    Веќе кога е муабетот за градинка, да прашам за адаптацијата. Има некој терк според воспитачките или според тебе кога ке почне детето по цел ден да седи.
    Моето тргнува исто од 1ви септ а имам една недела одмор таа недела као за адаптација, не знам што да очекувам а и не сакам тие воспитувачките од јасли да ме зезаат.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.128
    Допаѓања:
    8.600
    Пол:
    Женски
    Неповикана ќе се јавам. Ако најдат лабаво и пола година може да е адаптацијата.
    Да тераат по 30 минути, па по час, па по не знам колку и така до бескрај.

    Инаку за максимум 2 недели дете може да се привикне.
     
    На Lady Miami, lackygirl, Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    10.913
    Пол:
    Женски
    Таа од Кам е катастрофа, ко мастика станува.
    Иначе вода зовриваш и ставаш тараната и толку. Моиве лапаат од 9 месеци тарана. Пробај со грчки јоурт и брокула, топ комбо е.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    12.089
    Пол:
    Женски
    Така ја правев и јас
    Прво само тарана,не сакаа, па ајде со грчки јок ,вртат глава лево десно и двете :D:D
    Ќе пробам со др.комбинации.
    Фала ти.
    Ти од која даваш или домашна?
     
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    10.913
    Пол:
    Женски
    Еј појма немам што марка е од Рептил ја земам и е баш зрнца тарана. Таа од Кам еднаш ја земав, никаква беше како дробена целата и не се вари убаво, не ми ја сакаа.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaisyDream

    DaisyDream Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    4.990
    Пол:
    Женски
    Нормално е, и некој вoзрасни "подмрднуваат" раце нозе при премин од плиток во длабок сон, во REM фаза. Нивниот нервен систем не е сеуште скроз развиен и затоа повеќе мрдаат.

    Истоооо. Не седнува жено, директ во трета брзина е, цело маало го знае како тоа малото што трча, Спиди Гонзалес еден дедо го вика. Како бесно куче од синџир пуштено е надвор :D Скали угорници и удолници обожава. Дома бетер, се пентари качи се симни се од кауч, штекерите се затворени и пак иде кај нив и вика "неее" и пак демек брца, пика тоа прстињата (facepalm) Се да пипне види сака. До скоро ќе го потскарав и ме слушаше, сега ако нешто не му е по ќеиф, ќе клекне доле со лута фаца и не мрда. Пример сака да се шета по паркинг и улици :?: Па пробав клекнувам доле, на негово ниво, и објаснувам полека смирено, јер нели модерна мама, по фенг шуи :D И џабе. Сега го оставам така и го игнорирам и ќе си покенка и ќе види не види, лут, ќе стане и ќе тргне по мене.
    Зимава по темнициве што ќе се прави, летово арно беше надвор. Се сопнува пошто трча и не гледа, и во темница бетер, еве сега што се намали денот, место 2 пати, по 7 пати паѓа :rofl:
     
    На Fenix05, Carolin. и le.soleil им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.173
    Допаѓања:
    15.176
    Пол:
    Женски
    Ќерката остана со спиење за една недела. Пола саат, 45мин, саат, два саата, до спиење, и цел ден. Освен ако нешто не рика нон стоп додека е таму до тој степен да повраќа или да качува температура, значи физички да има проблем, не гледам зошто да се влечка тој процес.
    Синот сега ќе почне почеток на септември, ако успее да не се разболи, мислам дека и побрзо ќе остане цел ден зошто е многу подружељубив како дете од сестра му, ама и помал е, па ќе видиме. Јас сега не одам на работа, па пак немам намера да го адаптирам со недели. Мојата логика е дека ако долго време оди по кратко, некој саат, баш ќе се навикне на тоа и пак ќе бидат плачки кога ќе треба да остане подолго или со спиење. Плус на тоа додади неизбежно разболување кога по минимум три дена ќе биде дома, а може и недела-две. Така да јас на секое идење ќе инсистирам што подолго да седи. Не мора 2 саата првиот ден, ама да не биде цела недела по 20мин.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    12.089
    Пол:
    Женски
    Терк некој посебен нема,зависи од детето, а највеќе од воспитачките.
    Треба да се трудат што побрзо да се адаптира детенцето.
    Обично првите денови се по 1 саат плус,минус,наредните денови се зголемува престојот обично до пред спиење, за две недели обично се адаптираат ајде нека биде и месец.
    Пак ќе кажам зависи колку се трудат воспитачките таму,ако наидат на меко,ќе влечкаат и со месеци адаптација.
     
    На WhiteCat33, Lady Miami и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  15. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Моето од 6 месеци има запче, тогаш ми кажаа без паста само со напрсток. Сега веќе има 10тина заби па сакам да почнам со паста.
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.886
    Пол:
    Женски
    Абе полесно е вака кога ќе прочиташ дека не сум сама :D твоево бар те слушало некој период, мојата ич не ме слуша. Пробано 99 начина, не бива (facepalm) и ќе и објаснувам, и полека, и на долго и широко, па после ќе викнам, јок бре, мува не ја лази, само по нејзино да биде. Надвор е посебна приказна, сите одат напред, таа назад, да не пропуштила нешто да види од каде што сме поминале :rofl: Ја прашав и Феникс, ај и тебе, го запиша во градинка?
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    9.832
    Пол:
    Женски
    Сакав на пролет ама ќе одложам :D
    Некако срце не ми дава сега кога со баба му супер се уклопени, она построга ама слуша малово умен е, читаат играат го едуцира. Па ќе оставам ваљда за следен септември..

    А дали вашиве надвор диктираат каде ќе шетате? :D

    Тргаш во парк лево, не, се укопува во место и покажува десно, те влече,нема менување рута ако наумил и одиш каде решил.

    За слушање слуша делумно кога му одговара, кога не си збори нешто на свој јазик
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DaisyDream

    DaisyDream Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    4.990
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 @Cherry blossom89
    Кај ќе каже он таму одиме, покажува со прстето и очеш нечеш ќе одиш. Иначе клекнува доле и демонстративно не мрда од место додека не тргнам. Воглавном по паркинзи улици ме тера да одам, многу сака коли да гледа. Ми покажува кај да седнам, кај да одам, кога да станам ...Шефови од пелени 8-|
    За градинка и јас планирам следен септември здравје (fingers)
     
    На Fenix05 и Spidy им се допаѓа ова.
  19. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки !

    скоро 18 месеци сме и во последно време почна да се буди навечер по 2 пати, бара да пие млеко. Пред тоа се будеше по еднаш, накај 4:30-5 сабајле и беше прифатливо:$, но сега сосема друго. Какво е вашето искуство со спиење на оваа возраст? Има ли надеж дека ќе се вратиме на старо?! :D
     
  20. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    9.832
    Пол:
    Женски
    Да не е гладна дента ? Појачај калории види, моето ова го прави од глад, ако дента јадел слабо се буди накај 3
     
    На Ouranio.toxo му/ѝ се допаѓа ова.