Здраво, има ли некоја мајка со болно дете, 21 м сме. Откако ја вратив во градинка цел месец не бевме, не знам што фати. Немаше тт, ама многу јаки мрсоли и шлајмови, ја носев на педијатар ми вика добра е и ми даде оперил со некоја антибиотска ампула за нос. Еве ја 4 дена подоцна лом, пролив зелен, не јаде, блага тт околу 37 2, пак ќе ја носам, ама сите се испозаразивме, не знам што е а веќе е доцна за брис. Фала ви на одговорот
Ништо му давам формула и заспива за 3мин Ама гледам ако јадел слабо цел ден вечера давам пообилна нешто што му е омилено за да не се буди. Одбиен ми е од цицање од 11месеци
Вака ги припремам и јуфките, што ми беше главно јадење коа бев трудна предобро е. Оваа е тараната од КАМ. Ја потпекувам (тостирам) или запржувам во малку масло, па додавам вода и ја оставам да врие 4 минути мах, па ја оставам да отстои со капак едно 15 минути. Потоа и рендам кашкавалче (многу малку е потребно, па се сврзува тараната и е многу лесна за јадење не се распаѓа) или така чиста ја давам со патлиџанче. Тараната е врв. Наздравје и на вас и на бебуфки ^^
Како бебе подобро мислам јадеше, сега како е расположена (во градинка викаат дека си јаде) а почнав да и давам и тетрапак млеко веќе месец-два…и пие пред спиење но дозата е намалена формула пиеше 200 мл.
Ние таму славевме, на крај ми текна за подарокот го терав маж ми да иде да го земе, ништо посебно една бројка како камена за боење без боици значи само една бројка во кутија
Која формула, кое млеко, на хип, аптамил? Да пробам нз дали би прифатил. Инаку ви се има ли направено блистер(како бело топче) на брадавицата? Ужасно пече при цицање
Јас имав блистер, печи и боли Јас го стиснав па се молзев и за неколку дена се испразни и го снема, а ми велеа за најчисто со крпа да тријам па да пукни
Аа да стискам брадавица? А само од себе да пукне? И онака дете ме тегне влечи.... немам храброст да го стискам. А ланолин ќе помогне?
Чекав и јас само да помине ама само сеполнеше повеќе, со ланолин не пробав незнам.. молзи се можи ќе пукне така, секако мора да се испразни каналчето.
Јас на мојава почнав доле долги памучни со затворени нозе скроз, а горе е на кратки. Ама спие скроз непокриена, јас ја покривам.. она шутира и заспана Плус кај нас е за некој степен посвежо од другиве делови од Ск
@Aschenputtel Како сте, мојата изгледа е во скок или не знам.. премногу е нервозна, приврзана за мене, за све вришти и плаче ако не е по кејф
Истооо. Нејќе да си игра, го седнувам, одма, се подига, сака да оде, а не може уште сам. Кичмата ме боле цел ден наведната. Или ќе кенка и во сон, мора да му обрнеш внимание, инаку се луте... Наскоро почнува во градинка, ќе видеме како ќе биде
Незнам дали прашањето за овде но јас да прашам .. кажете ми мамички 14месеца прв пат на одмор ќе идеме па што да земам да носам за алергија за недај боже?? Ми рекоа летизен ама читам на нет за над 2год е ..
Јас од прво запче со чико паста од 0+ со банана вкус и сега исто од чико од 1год со јаготка. Секако ставаш една точка од пастата
Аериус. Ние имавме дешавка на одмор лапна смоки од сестра му, се испонафрли цел околу уста, дадов Аериус се смири одма.
Ќе земам баш. Се надевам нема да имаме таква случка бебо е само со нас па вајда нема да земе од страна од друго дете нешто .. јас незнам и како се дозираат .. Иначе уште едно прашање веќе 3дена приметувам имаме доста коса па си зима од косата си тегне од страна и си лапа во уста дали е ова нормално?