кога е најсоодветна возраст за да се почне со прекин на млеко навечер? прашувам за дете кое има 1 година и 3 оброци, едно млеко пред спиење, 1-2 ужинки
Мајки дајте памет не знам што му бидна на малово До пред одморов беше супер јадач, домашно му спремаме, ужина доручек вечера јаде супер, ручек едни фаци на повраќање уште не пробал трга глава. Вака си грицка малецки парчиња меко, леб, смоки такви работи ама пример зеленчуци, месо не сум давала цело парче да гриза. Искрено е лаком не ни знае да изџвака убаво 2 3 пати гмечи и голта па паничи. Баба му му го спрема ручекот, парченца се ама екстрмно мали и потечно, јас овде првиот ден покрупно и погусто па викам да не е од тоа. Имаме ептен бариера психичка цела фамилија од давење, јас би пробала де веќе не е мал 20месеци ама знам дека цел ден они со него нема да даваат. Има само 8 заби 1 и 2ки, како да почнам со цели парчиња? Како да сфати дека треба да гриза а не цело парче во уста и голта па се дави и вришти? Се нервирам бебешки каши ми бара а зошо седи гладен по 6ч му давам на крај, што се не пробав еден тон месо риба готвено фрлив неделава
Ќе почниш со помеки парчиња, пример банана, лепче среда со некое потечно јадење пр. супа, но не надробено туку да му макаш залчиња, потоа постепено ќе продолжиш со малце потврда храна и така ќе усоврши. Моето од 9 месеци нејќеше каши да јади и јадеше залчиња а имаше само 4 заби..
Помош мајки ,вчера ќерка ми која има 22 месеци во продавница откако и го земав шорцот кој најверојатно сакаше да и го купам (уште не зборува) ,почна многу да плаче ,да се треска по глава ,мене да ме удира ,да ме шутира и со раце и со нозе тоа траеше некои 5 минути и беше многу страшно. Маж ми мене ме обвини бидејќи сим била многу попустлува со неа сум требала да бидам построга. Јас многу се исплашив од реакцијата на ќерками
Звучи на тантрум. Син ми вчера мислам ќе ме зашљакаше затоа што не му давав да ги кубе цвеќињата Сосема нормално за нивна возраст, можеби била гладна жедна уморна, не дека до шорцот и дошло, толку разбира. Биди смирена, постави граници, пази ја да не се отепа од претање, зборувај и смирено и пренасочи и внимание ако можеш.
Една..сам си скрати 2 3 дена пред да наполни годинка. Дремкава е саатипол, навечер спие 11 саати без будење..знае накај 5-6 да трља очиња, ама шанси нема да заспие..шетаме и 7ипол во кревет
Еве не знам како успевате да ги заспиете децата во 19:30. Мислам да не ме сфатите погрешно, сериозно не можам да разберам како ви успева.
А зошто е толку невозможно? моево ден денес, 20месечно, поубаво спие од 19.30 отколку од 20.30-21ч кога заспива. Пример заспие во 19.00 станува 7.15 Заспие во 21ч станува во 06.35
Lele bravo i mene ne mi e jasno kako zaspiva togas , ima li dnevni dremki? Moeto zaspiva vo 22.00 a stanuva vo 08.00 a dnevna dremka ima edna od 3 h vo period od 13 do 17 koga kako
Извини шо ќе се замешам ама ќерка ми е од тие шо не спијат преку ден од првиот роденден, во ретки случаи знае да преспие, па се чудам каква дремка е тоа 3 саати? И јас да спијам од 1 до 5, нема да сакам да легнам во 8 Пробај да ја скратиш дневната, немам искуство ко шо кажав само лупам идеи
Скрати дневна дремка максимум 2 саати. Моето легнува во 9(летово го фаќало и 9ипол 10) станува во 7 најкасно. Ама како што пиша феникс ако легне у 10 станат е у 6, ако легне порано си спие убави 10-11 саати ноќе. Дневна дремка има од 12ипол до 2ипол најчесто иако сега се обидувам да го успгласам со редот од градинка, па да спие во 12 дремка. И ако не се буди само, буди го ти.
Мамички кога проодевте? 14месеца птед некој ден направивме мора да држи за прст и да оди и тоа се занишува од време на време кога многу брза .. ќе застанеме од една страна јас од едма мм и оди прави во 10-15 чекори ама вака сама да се пушти сеуште не .. ме фаќа малку паника дека сеуште не иде .. сака многу доле да оди ама мора да држи ..
Совет за мојов неспанко. Една дремка, мах 2 часа (од 12-14 часот обично). Легнува во 22часот, се буди 5-6 Откако го одбив вака ми се буди. Најаден е, напиен, игран прошетан. Пробано и порано да го заспијам, шанса нема. Претходно околу 9 заспиваше, до 6 барем спиеше. Сега во 5 мах (некад и порано) е кукурек. Пробувам да го презаспијам, џабееее. Ми фали времето кога спиеше 12 саати