Ако редовно толку спие и не е кенкав, можеби толку му е доста. Мојот легнува 21ч, станува околу 6, дремката му е околу саат и 15мин најчесто. Слично беше и ќерка ми на оваа возраст. Полни 12 часа ноќе спиеја и двајцата кратко, неколку месеца, како многу мали после тренингот за спиење. Такви се децата, доста им е и помалку од 12 часа. Можеби и твоево е во таа категорија.
Имам ролетни. Детето шета 3ч сабајле, дома трча цел ден со прекин од 2.5ч само кога спие, ме чека 5.30 6 дома да дојдам и излегуваме надвор. Брза вечера бањање и заспан е за 6мин. Не е невозможно со строга рутина. Летово му се продолжи 1ч подоцна спиењето ама и сабајле стануваше 8ч па поради тоа а не за да шета до 23ч на година ипол. Има една дремка просек 2.5ч зависи кога како, ама фиксно тераме на 5.30-6ч будност. Вчера пример стана касно во 16ч јас се изгубив нешто скроз и го легнав во 8 а му доаѓаше дури 9 30, си заспа во 8.30 без проблем и стана во 7.15. Точно на 14мес се пушти ама се држеше сам себе за рамо па за меше и после дигна раце, полека дај му време сосема е ок. Лесни чекорчиња. Никако не успеваш порано? Да пробаш 3 4 дена фиксно рутина за спиење црна темница накај 8.30 ? Моево така рипа муабети 30минути и после вика маме нане и се комира јххах Генерацијо дајте предлози добри лесни патичиња за есен? Морам да земам веќе, тие што ми се ок лесни вака лесно свитливи се со дупчиња па би пропуштале нели надвор вирчиња вода, другиве личат ептен крути? Какви ќе земете ? Од кои сте најзадоволни? Моево има накривено зглобче навнатре па и сакам нешто што ќе дава правилен пат а ортопедов за сега не дава насоки освен да е мека и лесна
Непропусливи ги пишува од здрави стапала. Јас нив ги гледав. Немам земено од нив воопшто. Пролетта немаше број од моделот што го сакав. Реално е кај мене поголема и во вирчиња конкретно ќе носи гумени чизми ама не ми се тие како обувки за постојано, за цела есен.
Zeno ti kako si so rabotno vreme ? Jas sum do 17.00 i dodeka dojdam doma jademe da sredam i me faka 20.00, decava ni se 1 mesec razlika zatoa me interesira kako se organiziras , a za paticinja mu zemav mn ubavi addidaski so mickey taka malce po kruti se esenski , letovo nosese nike ce.
Некогаш една, некогаш две. Почна да шара уште од 10 месеци. Сега почесто има само една. Ама синоќа на свадба бевме, 1 час покасно заспа од вообичаено ама сабајлево си стана ви своето време и денеска две дремки. 13 месеци е
8до4 4.30 сум дома ме чека на врата, не јадам, не мочам раат мора да ме гледа да не избегам од шоља Натнувам облека го спремам и одиме, често ме прашуваат од каде црпам енергија и како до сеа не сум легнала на смртна постела и не не знам Ама кога ќе ме дочека со сандалки во рака и тантрум ако не тргнам одма низ врата нема избор. И затоа прво седнување и јадење ми е во 10
Исто вака тераме, со тоа што почнав и во пекара да седнувам повремено и ѓеврек и јогурт да ни е вечерата. Само да не трчам по дома, па да мислам и што да се вечера. Е кај моево успивањето е значително подоцна ама и после вечера, туш, сликовница, не знам што ќе и текне. Битно прво седнување, па и легнување во 22:00 ми е.
Изгледа Мајка спанка, со дете на кое што му треба помалку сон од неа @Fenix05 Деновиве ќе одам и ќе ти кажам што сум земала. Сакав едни патичиња и едни патика/чизма, сакам и гумени, ќе видам што ќе најдам. А за спиењево се е пробано, јок.
За 2 недели ќе биде 15. Исто, сака да оде, мора да се држе, јас го фаќам за рачиња, ама само прст давам и ептен малку, некогаш и не го држам, сам оде, ама не се пушта без моите раце. Изгледа му се сигурност, вака кога пробувам, се кочи, не трга без да држе нешто. Мене почна паника да ме фаќа дека не праве чао ни браво. Покажувам секој ден, само се смее и толку.
Мајки ве молам за одговор. Син ми 14 месеци си заспа нормално и после од прилика 2-2 и пол часа се разбуди со неутешно плачење. Едвај го смиривме после 20тина минути со песничка на јутуб што вообичаено и не гледа јутуб, многу, многу ретко. Заспа некаде после 1 час и повторно после од прилика 2 часа пак истото, се разбуди со неутешно плачење и се смири на истиот начин и заспа набрзо за 15 минути. Да напоменам, заби има 11 и ниту еден не му сетив кога му излезе. Кога ќе стане со плачење делува свесено. Исто така нема ни температура. Што мислите, ептен се загрижив.
Моето само што наполна годинка, дојдов за истово да прашам. Кога треба веќе да почнат да прават чао, браво, такви работи? Едно време правеше браво и си прекина. И исто пример, кога треба да почнат да знаат да покажат кон некој? Мама, тато? Моето само кон некоја играчка што сака да ја земи покажува со прст, и на кај вратата само
Моето исто не покажува. Кога прашам каде е тато, дедо, мачето, знае, се врти и гледа, ама не покажува. И тоа пробав. Кога го носев на 4м на невролог во Систина, кажа докторката дека е мрзлив. Не знам, може покасно малце ги достигнува работите. Еве, почна да лазе на 11 ипол, војнички, некаде пред 13м и нормално лазење на сите 4. Ама, побавно му оде така и кога сака да стигне до некаде пак војнички, така се движе побрзо. Се исправи некаде пред 14 и веќе добри 2 недели се движи по креветот, сака да оде, засега со потпора, обично за прсти го држам, сам не се пушта. Од непознати плаче, се сраме. Почна да кажува и други слогови како кех, тет, тиш, некои такви комбинации чудни хаха, не е само баба, мама. Ама, ете ова не сака никако. Може малце е растревожен, 2 недела му е на градинка, плаче секој ден, таму се ново, редот му се измести од дома со јадење и спиење. Деца сака кога гледа, им се смее, се радува. Ќе почекам уште некое време. Татко му вика многу сум се замарала, ама ајде не се замарај кога секаде на нет ова го пишува дека треба да е достигнато докај 1г.
Здраво мајки, мојата има 22 месеци и ме интересира дали сте се соочиле со вакво нешто. Папучите од градинка не сака да ги смени, мали и се тие не можам да најдам таков модел поголем број и не сака никакви други, ни ништо. Ни патики, имам два пара такви ист број едните за во градинка едните за шетање, ништо друго не сака на нозе. Исто имаме одбивност кон фустани, никако фустан не сака плаче се дере се тегне додека не го соблечам нема мир. Таква е веќе подолго време може 5, 5 месеци. На две свадби отидовме со папучи и по нормална облека секој ден што ја носи. Ако имала некоја таков проблем како сте го решиле ако сакате да споделите
Со одењето и ние сме исѕо а осети дека не ја држам се укочува и не мрда .. за другото прави чао, бакнеж праќа, мама, тате, дедо, баба, чичи, Ана, дете, да, не, мау, ауу (за кучето), како прави мајмунот, прасето, индијанецот ќе прашам покажува. Мислам дека за овие работи со зборење е кај секој различно некој помалку некој повеќе. Само за одењево ми е чудно 14мес веќе да и е страв кога нр осеќа дека се држи ..
А други гестови има ли? Покажува ли со прсте /цела рака кога сака нешто да му дадеш или да му покажеш? Ти дава ли играчки ако му пружиш рака? Ти крева ли играчки да ти ги покаже или да ти ги даде без причина? Дали пружа рачиња да го земеш? Дали се пружа по нешто да дофати што му е на дофат? Дали врти глава за не или да клима за да? Овие се далеку побитни од браво или чао.
Ова е повеќе психолошки мојата на година застана на нозе и одеше со раче фатено, а дури на 15 прооден сама. Си ја продававме чуда правевме да се пушти не и не. Еден ден дојде од градинка ја пуштив внатре да стои да ја затворам вратат она сама почна да оди и не застана. До вечерта правеше "балтазар" низ дневна. Не се нервирајте ако одат за прсте ќе проодат, само им треба време. Верувајте они тоа го сакаат повеќе од вас, само на тоа се фокусирани, но веројатно не се чувствуваат подготвени да се пуштат. Повеќе ве држат како поддршка, одошто навистина им треба помош.